Некои од најталентираните креатори и дизајнери од целиот свет постојано откриваат концепти на нашата технологија, за кои можеме само да сонуваме дека некогаш ќе се материјализираат.

Многупати сме виделе нешто кое што само било дел од некој научнофантастичен филм, за да по неколку години истото тоа да имаме шанса да го држиме во своите раце.
Ова видео веројатно ќе ве остави во прашалници. Тоа го покажува исклучително тенкиот iPhone, кој има неверојатни опции кои до сега ги нема никој телефон во светот.

Погледнете го видеото и самите видете за што станува збор. Ова е само концепт за iPhone 5, но не мора да значи дека вака ќе изгледа крајниот продукт кој што најверојатно треба да пристигне оваа есен.
