Google со специјална мапа како да ја преживеете зомби апокалипсата!

Хорор филмовите одамна не научија дека сите ние кои ќе се обидеме да ја преживееме зомби апокалипсата и да ги уништат живите мртовци ќе имаме потреба од најразлични медикаменти и медицински прибор, оружја и храна. Ова се главните работи кои ќе ни бидат потребни за да избегнеме да бидеме храна на армијата зомби.


Корисен водич: Зомби мапата на Њујорк, меѓу другото ги посочува продавниците за оружје и супер-маркетите. 

Сега, преживеаните луѓе конечно нема да мора да креваат паника за време на зомби инвазијата, затоа што е создадена  посебна мапа на светот на која се обележани клучните локации за преживување.


Мапата на живите мртовци исто така ги прикажува и најпогодните патишта и автопати за бегање.


Деталната мапа на Лондон ви покажува каде се наоѓаат сите продавници кои ви се потребни за преживување.


Повеќето локации од мапата за преживување на зомби инвазијата не се веднаш видливи, се прикажуваат дури откако корисникот ќе зумира малку повеќе на одредена локација.


Подгответе се: Сите кои ќе сакаат да се борат против живите мртовци ќе мора да знаат каде веднаш може да најдат оружје и други неопходни работи.

Новата „Zombie Survival Map“ ги прикажува сите бензински станици, маркети, па дури и продавници за оружје во сите поголеми градови во светот. Ова ќе биде и тоа како потребно кога живите мртовци ќе го преземат планетава.

Мапата оди до такви детали, што ви посочува каде се продавниците за алкохолни пијалаци, трговските центри, воените бази и полициските станици. На оваа мапа се обележани гробиштата (кои според филмовите се главно упориште на живите мртовци) и камповите на кои е пожелно да побегнете во случај на ваква инвазија, заедно со болниците, аеродромите, радио предавателите, пазарите и пристаништата.


Креаторите на мапата не ја отфрлаат можноста за глобална зомби апокалипса, поради што обезбедите детални информации за сите поголеми градови во Европа, како на пример Париз.


Жителите на Рим немаат многу опции за преживување, имајќи предвид дека на креаторите на мапата ги обележале само трговските центри и продавниците за алкохол.


За разлика од жителите на Рим, Скопјани имаат нешто повеќе опции, обележани се супер маркетите, клиниките и амбулантите, бензинските пумпи, воените касарни и бараки, како и местата за кампување во случај на зомби апокалипса.


Секоја локација има краток опис кој ќе им биде од голема полза на корисниците, на пример супер маркет – место каде можете да најдете храна и други потребни работи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...