Фотографија од она што би можело да биде следниот iPhone на Apple се појави на интернет, со што на нетрпеливите фанови на iPhone им даде идеја како ќе изгледа нивниот омилен smart телефон.

Јапонскиот интернет сајт iLab.cc успеа со спојување на индивидуалните парчиња од iPhone 5 да го состави новиот телефон на Apple.

Како и што се зборуваше на интернет, новата генерација на iPhone ќе има помал конектор за полнење, поголем екран и предната камера ќе биде централно поставена, додека задната страна на телефонот ќе биде составена од метал.

Сликите се совпаѓаат со други извештаи за тоа како ќе изгледа новиот iPhone на Apple.

Како што се доближуваме до предвидениот датум за излегувањето така се повеќе ќе има фотографии од новиот изглед на iPhone.