LoveMK, NEXT TIME

LoveMK ♥ За публиката пееме со посебна љубов

Next Time се едни од најангажираните македонски извадувачи. Нивното име преведено на македонски јазик значи следен пат. Секој следен пат за Мартин и Стефан Филиповски означува нов почеток кој носи нови предизвици на приватен и професионален план. Периодот кој следува ќе им биде исполнет со многу активности со цел посеопфатно претставување на новиот албум “На крајот од денот”. Претходно, ИДИВИДИ во рубриката LoveMK ви ја претставува љубовта на браќата близнаци за родната земја.

Во кој град публиката најдобро ги знае вашите песни?

Next Time: Без оглед на фактот каде настапуваме во Македонија, публиката ги знае нашите песни Повеќето ги пеат заедно со нас, а останатите се срамат, хаха. Не сакаме да споменеме ниту еден град посебно, зашто сите ни се драги и со посебна љубов пееме во секој од нив.

Која ви е омилена македонска народна песна?

Next Time: Омилени ни се две, „Ја излези Ѓурѓо“, и „Со маки сум се родила“. Првата ја сакаме затоа што таа е единствената песна на која што се сеќаваме од детството, која сме ја пееле кога одевме во селото Жван, Демир-хисарско. Нашата баба се викаше Ѓурѓа. Другата е премногу емотивна и некако најмногу го чувствуваме македонското, нашиот бит во неа.

Со оглед на фактот дека живите настапи се ваша силна страна, може ли да одвоите некој кој ви оставил посебен впечаток?

Next Time: Без оглед дали сме настапувале на концерт или на промоција, секаде сме поминувале убаво. Во оваа прилика ќе ги издвоиме настапите во Радовиш, Битола, Демир Хисар, Кичево, Велес, Ресен. А, зошто е тоа така? Со еден зобр, заради ПУБЛИКАТА! Промоцијата на нашиот втор албум на 20 Септември кога всушност е и нашиот роденден беше настан кој секогаш ќе го паметиме. И не само ние, туку верувам и сите гости.

Во кое годишно време Македонија ви е најубава?

Next Time: Сметаме дека е најубава помеѓу пролет и лето.

Дали знаете да готвите и кое ви е омилено јадење од нашата кујна?

Next Time: Знаеме да готвиме нешто, но ветуваме дека ќе научиме да готвиме многу повеќе. Македонската кујна изобилува со секаков вид на храна и затоа најверојатно е една од најубавите. Исто како и ние музичарите, нашата кујна не презентира во светот.

И. Николовски



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две камчиња залутани во Сахара се чудат:
- Види митинг човече!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на здравјето. Во 1948...
1348.- Во Прага е основан Универзитет, прв во...
1614.- Умре шпанскиот сликар и вајар од грчко...
1770.- Роден е англискиот писател Вилијам...