LoveMK, Мики Црнокрак

Со Македонките е лесно, тежок им е само карактерот!

Мики Црнокрак, сопственик на модното студио Црнокрак, е синоним за успех на приватен и професионален план. Неговиот свет се темели на: жени, мода и убавина. Движечка сила која постојано му дава енергија е љубовта кон најблиските, колегите, родната земја...

Во кој период од годината, Македонија ти е најубава и каде сакаш тогаш да бидеш?

Во зима, кога ќе падне снег и кога ќе ги забелее планините. Дали во Маврово или на Попова Шапка, Кожув или Пелистер,...Крушево или Голак, Галичица или Јакупица...Сеедно каде, само да сум над 1500 метри надморска височина и се да е бело под нозе, или под скиите. Чист воздух, па уште ако е ведро и со многу сонце...

Какви се Македонките и со која од нив би сакал да поминеш викенд низ Македонија и каде би ја однел?

Генерално, Македонките се убави, згодни, паметни, харизматични, шармантни, но исклучително тешки карактерно! Викенд? Секако, би сакал да го поминам со Светлана Црнокрак и тоа на било кое од местата кои претходно ги набројав.



Има ли мода во Македонија?

Би рекол дека има, но има потенцијал за многу повеќе. Знаете, јас со манекенство се занимавам речиси триесет години и можам да кажам дека се е поразлично од оние времиња кога јас бев манекен. Македонскиот народ е убав народ, има навистина убави девојки и момци кои се привлечни и дотерани. Но, криво ми е што има многу малку ревии кај нас. Се надевам дека ситуацијата ќе се смени. Квалитетни манекенки кај нас отсекогаш имало и има. Најквалитетните веќе имаат светски кариери.

Вино или ракија?

Дефинитивно повеќе вино отколку ракија. Настојувам секој ден да испијам по една чаша квалитетно црвено вино, зашто виното е храна. Ракија пијам само во добро друштво, на убава трпеза и тоа само за наздравување.



Со оглед дека во македонскиот јазик ги има во изобилство, во кои ситуации употребуваш пцовки?

Па, сигурно дека не постои човек кој барем еднаш во животот онака „сочно” не опцул! Така и јас, хаха. Но, сепак кога употребувам пцовка, најмногу тоа го правам онака, во себе, никој да не слушне.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...