LoveMK, Вејчеслав Поповски, пејач

Холивуд му се поклони на гордиот Македонец

Освен што е одличен пејач, Вејчеслав Поповски успешно може да работи и како амбасадор на Македонија. Преголемата љубов кон родната земја секогаш и секаде со задоволство ја покажува. Доказ за тоа е Светскиот шампионат во изведувачка уметност кој се одржа во Холивуд, каде тој освои пет медали.



Што прво им кажуваш за Македонија кога настапуваш во странство?

Многу ми е мило што ми го поставивте ова прашање, бидејќи многу сакам да Ви кажам за моето патување ова лето во САД, заедно со моето семејство и за тоа како таму ја претставивме Македонија и што им кажавме за нашата земја. Патувањето во Лос Анџелес, Холивуд беше многу успешно за мене. За прв пат имав можност да ја претставам нашата земја на Светскиот шампионат во изведувачка уметност на која земаат учество 53 земји од светот и од таму да се вратам со пет медали и со титула светски шампион во три категории во стилот соло пеење. За овој настап се подготвував многу долго. За претставувањето на дефилето на земјите учеснички одлучивме да се претставиме заедно во македонска национална облека. Сите земји учеснички броеја големи тимови, а бидејќи јас бев единствен учесник на дефилето од Македонија, со моето семејство се претставивме како македонско традиционално семејство. Нашето претставување предизвика големо внимание и уште на самиот почеток на олимпијадата станавме препознатливи. На сите претставувања во текот на сите денови бевме облечени во брендирани маици со напис „I Love Macedonia” што придонесе секаде да не забележуваат. За едно нешто бев посебно горд. А, тоа е дека сите го запаметија и со задоволство го изговараа моето име и името на мојата земја, така и ме викаа Еј, Macedonian. Сигурен сум дека успеав достојно да се претставам и знам дека тие 12 дена во Холивуд бев најгорд Македонец, бидејќи сите доаѓаа да ми честитаат и да се запознаат со мене. И верувајте, бев посебно горд кога им кажував дека „Јас сум од Македонија”. Иако сме мала земја, сите и одадоа почит. На гала вечерта, горд ме направи водителот што може да се види на видео материјалот.

Кое е твое омилено место во Скопје и Македонија?

Со оглед на фактот што до мојата седумгодишна возраст, јас со моето семејство живеев во Пехчево, градот има посебно место во моето срце. Тоа е мало гратче, но богато со многу убавини, чист воздух и прекрасни предели за планинарење и прошетки во природа. Најсреќен сум кога со целото мое семејство одиме на скара на Равна река, на прекрасните ливади покрај жуборот на реката. Тоа е вистински рај за мене. Во Скопје се преселивме кога бев прво одделение и оттогаш почнав да ги запознавам убавините на нашиот главен град, кој денеска има изглед на големите светски метрополи. Со гордост се шетам на плоштадот Македонија и се восхитувам на фонтаната и уживам во звуците на прекрасната музика. Морам да признам дека посебно уживам во прошетката со пајтонот заедно со брат ми. Прошетката по плоштадот навечер има посебна магија, новите згради од другата страна на реката блескаат во прекрасен сјај, а чувството станува уште посилно кога сето тоа го гледаш од мостот на уметноста. Tие канделабри и тие фонтани...се е толку магично, се е прекрасно. Секаде во мојата земја има убавини, за кои може да се пишува како стихови од песна. Но, кога ќе се сетам на Охрид, тогаш мислам дека се подзамислувам и би рекол дека токму таму сè е поезија, се е уметничка слика која посакувам да ја насликам, архитектурата, црквите, галебите, езерото...насекаде само убавина. Кога слушав дека Охрид го нарекуваат Ерусалим на Балканот не знаев баш многу што тоа значи се до моментот кога минатата година бев во Ерусалим. Таму, на Меѓународниот фестивал во Еилат освоив Гран При. Веднаш по пристигнувањето во Ерусалим сфатив колку древни и значајни места се тоа. Македонија е света земја, 365 цркви во Охрид, па тоа е нашиот Ерусалим тука почнува културата, писменоста и свесноста дека овој наш народ носи свет дух во себе.



Бурек или ќебапчиња?

Со задоволство би рекол бурек што во последно време стана и мој специјалитет. Јас сум голем гурман и уживам во добро зготвена храна. Во кујната сум добар мајстор и секогаш сакам да научам нешто ново. Од мајстор Кире во бурегџилницата Круна ја научив тајната и сега подготвувам прекрасен бурек. Храната е исто така гордост на оваа земја, секаде каде што одам една мисла посебно ме враќа дома, а тоа е вкусот на нашата прекрасна храна. Ние сме среќен народ. Не знам зошто, но секогаш си помислувам, секаде има месо, сирење, компири и се друго, но никаде ништо не е толку вкусно како кај нас дома. Јадењата во нашата земја имаат посебен вкус, поточно најубав вкус.

Кој тип на македонска музика и песни ти се омилени?

Израснав со музика, зашто во моето семејство отсекогаш се слуша секаков вид на музика. Слушам сè, но пред се сакам добра песна која можам да ја запеам и што останува во мојата меморија. На аудицијата за Златно славејче 2010 година јас ја пеев „Бор садила мома Евгенија” и сите се чудеа зошто не сум избрал некоја детска песна. Јас многу ја сакам народната музика. Од книгите на дедо ми научив многу народни песни меѓу омилените ми се: „Руселе моме убаво”, „Елено ќерко”, „Кога падна на Пирина”, „Излегол Делчев војвода”, „Ој Вардаре” и многу други. Имам две свои омилени детски песни: „Скопје е мојот град” од Златно славејче 2010 и „Свет ист за сите” од фестивалот Ѕвездички 2012 година.

Од досегашните настапи низ Македонија, кој засекогаш ќе го паметиш?

Многу пати се потсетувам на 20-годишнината од самостојноста на нашата земја. Тоа беше настан за паметење, нешто на кое со гордост се навраќам. Јас бев најгорд што имав можност да го славам тој голем ден рамо до рамо со најголемите наши музички ѕвезди со прекрасната песна „Македонија”. Едно големо БРАВО за композиторот Кире Костов и авторот на текстот Миодраг Врчаковски за прекрасната песна. Досега имам многу настапи, но уште еден имаше посебно значење за мене. Тоа е настапот во Македонската опера и балет заедно со нашите најголеми оперски имиња. Одговорноста ми беше преголема, а концентрацијата на максимум. Имав прекрасна изведба на претешката композиција „Аве Мариа” од Франц Шуберт во придружба на пијано. Морам да признам дека бев многу горд на себе, хаха.

И.Н



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...