LoveMK, Емилија Миладинова Аврамчева

Погледнете кон пелистерките очи и доживејте душевен мир!

Емилија Миладинова Аврамчева е вистински промотор на Македонија. Како претседател на НВО „Добредојде Macedonia Welcome Centre" (dmwc.org.mk), организира многу активности со цел претставување на вредностите на нашата земја пред што поголем број добронамерници.

Претставете ја НВО „Добредојде Macedonia Welcome Centre"!

Наша основна цел е промоција на Македонија, нејзината култура, историја, традиција кај странците кои живеат и престојуваат тука, вработени во Дипломатско-конзуларни претставништва, меѓународни организации, невладин сектор и бизнис заедницата. За време на нашето четиригодишно постоење станавме препознатливи како центар-културно ќоше каде се одвива интеракција на културите. На разни начини ја промовираме нашата култура: изложби од наши реномирани уметници, литературни читања, прошетки со цел запознавање на културно историски обележја, дегустација на македонски вина, промоција на македонски производи, издавање списание на англиски јазик кое се дистрибуира директно до сите претставници од меѓународната заедница итн. Истовремено, сакаме што повеќе да слушнеме и научиме за странските култури истории и традиции. По тој повод еднаш месечно, како наш домаќин каниме претставници од меѓународната заедница; амбасади, почесни конзулати, странски културни центри во Македонија. На тоа наше утринско кафе тие имаат можност да се претстават и да ја промовираат својата земја.

Кои активности во моментов се актуелни?

Четврта година по ред се вклучуваме во одбележување на меѓународниот ден на детето, 1-ви јуни. По тој повод организираме DMWC (добротворен меѓународен базар) кој ќе се одржи на 7-ми јуни, сабота во ГТЦ (приземје) со почеток во 11 часот. Ова е традиционална манифестација каде нашата НВО во соработка со амбасадите, бизнис заедницата и невладиниот сектор се вклучува во добротворна мисија. Собраните средства ќе бидат наменети за деца со посебни потреби при основното училиште „Златен Сремец”. Базарот свечено ќе го отвори Душанка Дивјак Томиќ, амбасадор на Република Србија во Македонија, која воедно е и негов почесен претседател и Коце Трајановски, градоначалник на Град Скопје. Граѓаните ќе имаат можност да видат детски изведби од меѓнародни и локални училишта, да купат сувенири и производи од штандовите на повеќе амбасади, да се дружат и да учествуваат во лотарија.

Во овој контекст би ја спомнала и продажната изложба на реномирани македонски уметници, отворена од 29-ти мај до 10-ти јуни во галеријата на НЛБ Тутунска банка. Средствата од изложбата организирана во соработка со галеријата Грал ќе бидат наменети за поддршка на децата со посебни погреби, како составен дел од нашата добротворна мисија



Како на странците им ја претставувате Македонија?

За волја на вистината, многу повеќе сакам да слушнам што тие мислат за Македонија! Со нашите многубројни активности се трудиме да им ја доближиме Македонија, да дознаат што повеќе за неа, за културата, да ги поттикнеме позитивните чувства кон македонската држава, да воспоставиме долгорочни пријателства. На тој начин, тие странци по враќањето дома можат да бидат големи пријатели и промотори на Македонија. Љубовта кон мојата родна земја им ја искажувам со три збора: Ја сакам Македонија.

Кој или што Ве прави да се чувствувате горда Македонка и спротивно на тоа, од што се срамите?

Горда сум на сите цркви и манастири кои сведочат за нашата историја и минато, на џамиите кои се остатоци од нашето отоманско културно наследство. Горда сум на нашата традиција, на сите планини, река езера и на сите оние личности од областа на музиката, ликовната уметност, литературата и културата воопшто кои оставаат белег по кој Македонија денес е препознатлива. Се срамам од говорот на омраза, од оние кои си земаат за право да одат дотаму, при што го згрозуваат правото на другиот. И да, се срамам од отпадоците фрлени насекаде.



Постои ли некое место во државава на кое секогаш сакате повторно и повторно да се вратите?

На прво место би го издвоила Пелистер, и добриот домаќин Пеце во Вила Дихово.

Тоа е место со посебна природна убавина, вистинска воздушно сончева бања. Откако ќе го освоите Пелистер со надморска височина над 2000 м. и ќе ги видите езерата, Пелистерските очи, ве обзема душевен мир. А кога ќе прошетате низ патеката на првата светска војна, знаете дека се наоѓате на место каде се пишувала историјата, каде многу луѓе од околните села умреле во страдања и војни кои никогаш и не биле нивни.


И. Николовски



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...