LoveMK, Душко Арсовски

Работата е отидена до таму, што мојата желба е повеќе утопија

Душко Арсовски во моментов е уредник-водител на дневникот на МТВ. Во новинарството е од 1998: Најпрво во радио Скопје, Скај Нет, МТВ, Алфа, Светскиот сервис на Би-Би-Си и сега во МТВ. По професија е дипломиран новинар, магистрант на студиите „Меѓународни односи–разрешување конфликти“ од Темпус програмата. Приватно е сопруг, татко, коосновач на НВО „Диверзити медиа” и вечен заљубеник во родната Македонија.



Која е предноста, а кој е недостатокот да си новинар кај нас?

Предноста е што имаме можност да патуваме, така и да откриваме и учиме нови работи, недостапни за мнозинството граѓани. Недостатокот е што во професионалната работа сме затворени и не гледаме подалеку од „нашата паланка”, па така наученото останува неупотребено. И уште нешто! Имаме отворена можност да им дадеме публицитет на проблемите кои го засегаат барем и еден човек и со нив да ги соочиме одговорните институции. Недостатокот е што најчесто остануваме неми и од најразлични мотиви, можноста останува неискористена.

Што најмногу ти недостасува од Македонија кога патуваш надвор?

Водата од чешма и домашната ракија.



Слушаш ли македонска музика и кои од нашите музичари би ги одвоил?

Двата албуми со етно призвук на Каролина се одлични. Тамара за една година имаше неколку добри песни. Јас сум од оние што се обидуваат да следат сè ново што излегува на музичката сцена кај нас. Сепак, можеби ќе звучам старомодно или не знам како, но за мене, единствен репер за вредност во музиката се нашите евергрини. Дури и модерните верзии, кои беа под критика, се добри затоа што го продолжуваат животот на песните кои се слушале некогаш и добро е да ги запознаат новите генерации. Музиката е апсолутно дел од битисувањето на еден народ.

Омилен македонски збор?

Мезал’к (кумановски специјалитет)

Каде најчесто, во кој дел од градот или место си навечер, а каде преку ден кога имаш слободно време?

Во малкуте слободни денови сакам да дишам воздух. Со моите две женски одиме на Водно, а потоа на пијалак во кафуле кое има двор со тревник. Летните вечери терам шема во центарот на Скопје. Вечерите зиме најчесто сум дома, пред телевизор.



Во каква Македонија сакаш да живееш по пет години?

За пет години би сакал да живеам во Македонија во која на работното место ќе се одвои работата од приватните релации и ќе почнеме отворено да си кажуваме што си мислиме едни за други. Не само да не постојат како појава, туку и со закон да се забранат зборовите непотизам и партиска припадност. Членството во партија (ако некој сака, а не да е изнудено) да биде строго интимна работа. Сакам да живеам во Македонија во која ако му дозволиш на пешак да ја помине улицата, нема да мора да ти се поклонува како знак на благодарност. Да се свестиме, оти како сме тргнале од сметот што го расфрламе насекаде не ќе може да влеземе во сопствениот двор. Работата е отидена до таму, што мојата желба е повеќе утопија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...