Андријана Јаневска и Драган Гиновски-Гино

Секој ден учиме по нешто ново од Димитар

Андријана Јаневска е позната како сестрана музичарка, која работи во повеќе жанрови - класика, поп, црковно пеење... Но, не и во рокенрол. Драган Гиновски-Гино, пак, е гитарист на култниот рок бенд, Архангел, и без сомнение еден од најдобрите за тој инструмент во Македонија. Пред неколку години ги спои љубовта еден кон друг, па стапија во брак и од пред месец и половина имаат нов член во семејството - синот Димитар...

Како ви поминуваат првите недели од родителството? Дали човек може претходно да се подготви или секој учи од своето искуство?

АНДРИЈАНА: Пред да се породам читав многу за новороденчиња и мислев дека сум подготвена, но откако Димитар дојде на свет, нештата станаа поинакви. Очигледно дека некои работи не се учат од книга и секој ден има по некоја новост.

Како изгледаше вашата прва средба со бебето?

ГИНО: Трогателен беше моментот кога првпат го видов, а тоа беше два часа по раѓањето кога дојдов на посета кај жена ми. Го понесов и дигиталниот фото-апарат и почнав да снимам клип кружејќи наоколу. Неочекувано, сестрата одеднаш се појави со Димитар замотан како фишек. Бизарно е тоа што првпат лицето му го видов на дисплејот од апаратот.

АНДРИЈАНА : Секоја мајка во текот на бременоста си замислува како ќе изгледа нејзиното бебе, па ниту јас не бев исклучок. Во тој контекст, првата средба со бебето непосредно по раѓањето за мене беше миг кој ниту најдобриот писател не може да го опише. Иако имав многу лесно и брзо природно породување, не бев во состојба да сфатам што ми се случува. Тоа е момент кој само мајката има благослов да го почувствува, моментот кога детето го ставаат на твоите гради...

Во неделата, на 2 октомври имавте црковна церемонија со Димитар. Дали се работеше за крштевка или за нешто друго?

ГИНО: Не, рано е за крштевка. Инаку, имам веќе искуство со крштевање, и тоа од неодамна, како кум на мојот пријател и колега Мите Димовски. Ова во неделата беше иницијален христијански обред по повод навршување четириесет дена од раѓањето. Ја избравме нашата црква Св. Тројца во Бардовци, која е навистина прекрасен храм. Ритуалот го изврши епархискиот свештеник од Св. Ѓорги од Ѓорче Петров.

Кој го избра името Димитар и размислувавте ли и за други варијанти?

АНДРИЈАНА : Откако го дознавме полот на бебето (околу петтиот месец од бременоста), почнавме да размислуваме околу името. Морам да признаам дека имав некакво претчувство оти бебето ќе биде машко и дека ќе се вика Димитар. Сепак, името го носи по неговиот дедо (татко му на Гино), а најважно е дека и на двајцата ни се допаѓа. Имаше и неколку други варијанти, но на крајот Димитар победи :).

ГИНО: Мои предлози беа Дамјан и Кирил, но посилната страна одлучи поинаку. Добро е и вака, некако му прилега името или пак јас почнав да се навикнувам. Малку е чудно кога синот го има истото име и презиме на вашиот родител. Некој рекол - името е суштина.

Дали синот веќе почнува со нешто да ве воодушевува и со што најмногу ве засмева?

АНДРИЈАНА :
Се‘ уште е многу мал за да може да прави било што друго освен да цица и да спие J Забележавме дека е сензитивен на звуци и тоа ни е првичен знак дека има интенција да биде музичар , како мама и тато. Па и онака додека беше во мешето на мама се изнаслуша опери и балети, а во февруари беше и на концертот на Архангел.

Андријана, која песна му ја пееш на Димитар за да заспие побрзо?

АНДРИЈАНА : Истата песна која моите родители ми ја пееле додека сум била бебе , „Еден зелен ден“. Дури сега забележувам дека недостасуваат приспивни песни на македонски јазик, па нека не ве чуди доколку во наредниов период ве изненадам со нов проект „Детски приспивни песни“.

ГИНО: А јас веќе му снимив и песна за тормозење, се вика „Бамбара-бумбара“.

Андријана, дали успеваш по бременоста да ја вратиш старата линија?

АНДРИЈАНА :
Во бременоста се здебелив само десет килограми, а со самото породување речиси ја вратив старата тежина. Бидејќи Димитар го дојам, морам повеќе да јадам, но веќе поминаа шест седмици од породувањето и деновиве ќе започнам со физички вежби за зацврстување на мускулатурата.

Почна ли веќе да размислуваш за професионалните обврски?

АНДРИЈАНА :
Во текот на целата бременост бев професионално активна: успеав да искомпонирам десетина песни, да напишам соодветни текстови, аранжмани. Имав доволно време, а инспирација како никогаш порано. Доколку финансиите ми дозволат, песните ќе ги спакувам во албум кој ќе биде вистинско музичко освежување.

Вие сте музичка двојка. Дали и вашето запознавање имаше врска со музиката, односно како изгледаше првата средба?

АНДРИЈАНА :
Може да се каже дека имаше индиректна врска со музиката , бидејќи нашата прва средба беше во Македонската Опера и Балет , каде што работам. Гино ме освои со неговата уникатна смисла за хумор.

Сигурно и претходно знаевте еден за друг, но дали и се познававте лично?

ГИНО: Па да, може да се каже дека јас ја познавав, но ништо повеќе од тоа. Едноставно, не ме фермаше. Не знам што и‘ стана одеднаш, па почна да пројавува нескриени симпатии кон мене. Чудни суштества се жените, нели?

АНДРИЈАНА : Интересно е тоа што имаме толку заеднички пријатели, сме излегувале со години на истите места, а никогаш не сме се сретнале! Но ете, вака требало да биде. Па и не излезе така лошо :).

Какви импресии носите од венчавката?

АНДРИЈАНА : Нашата свадба беше многу весела, пред се‘ благодарение на музичарите кои беа врвот на целата церемонија. По свадбата, со најдобрите пријатели си ја продолживме веселбата во нашиот дом. Јас воопшто не чувствував умор, иако не седнав од играње.

Памтите ли некоја анегдота од свадбата?

АНДРИЈАНА :
И мав неизмерна желба свадбата да биде во дворот на ресторанот „ Имес “ , но метеоролозите предвидуваа дожд. Со менаџерот на ресторанот десет пати го променивме планот за тоа дали свадбата да биде надвор или внатре. До 16 часот моравме да се одлучиме, па водени од паролата „Храбрите ги следи среќата“, решивме да биде надвор, како што сакавме. И покрај најавите за дожд, сепак не‘ одмина. Заврна сосема на крајот десетина минути, колку да ги уважи метеоролозите :).

Андријана, би поминала ли уште еднаш или повеќе пати низ целиот овој процес на бременост, породување, доење, грижа за така мало суштество?

АНДРИЈАНА : Иако породилните болки се навистина огромни, се‘ заборавив во истиот миг кога го гушнав детето. И второ, не за џабе имаме толку соби во куќата - треба во нив да растат уште дечиња :).



Миодраг Мишолиќ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во кино да гледа комедија. Сите се смејат а он плаче. Зошто?
Зато што си ги наседнал мадињата, а го мрзи да потстане!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...