Бранко Радовановиќ, член на Советот за радиодифузија

„А1“ и „А2“ беа квалитетни и уверливи, жалам што згаснаа

Бранко Радовановиќ им е добро познат на сите кои во изминатите децении ја следеле информативната програма на „МТВ“. Со години беше еден од главните политички новинари во куќата. Моментно е член на Советот за радиодифузија, кој пак е во последниве денови актуелен поради седницата на која беше укината телевизијата „А2“, со гласање во однос 11:4. Радовановиќ беше на малцинската страна...

Вие сте еден од четворицата членови на СРД кои гласаа против одземањето на лиценцата на „А2“. Зошто?

Пред се’ затоа што целиот живот сум новинар и сметав дека не треба мои колеги да останат без работа, а гледачите без одреден вид програма. Јас инсистирав на професионалниот и на етичкиот момент, но за жал, ми се спротивстави законската регулатива. Треба да се почитува и еден друг елемент, кој често е запоставен, а тоа се пазарните односи. Ако има еднакви услови за пазарно дејствување на комерцијалните телевизии, тогаш квалитетното ќе опстане, а неквалитетното ќе отпадне. За жал, од етерот отпаднаа телевизиите „А1“ и „А2“, за кои мислам дека беа мошне квалитетни и уверливи во освојувањето на гледачите, а со тоа и во формирањето на јавното мислење. Без плурален однос кон состојбите и без расправи околу тоа што е добро, а што е лошо - нема напредок. Без борба на мислења што е демократско, а што е недемократско - нема демократија. Значи, јас не ја оспорувам правната основа на решението на СРД, но укажувам дека можеби не е избран моментот и медиумскиот субјект за толку стриктна примена на законот.

Има ли некакво значење процедурална разлика меѓу затворањето на „А1“ пред една година, и сегашното згаснување на „А2“? Тогаш одлуката ја донесе Агенцијата за електронски комуникации.

Мене воопшто не ме интересира разликата. Важно ми е само дека епилогот е ист. А, тој ми пречи, и не го кријам тоа, иако според демократските принципи должен сум да ја почитувам целосно одлуката на мнозинството во Советот, без оглед како јас сум гласал. И ќе ја почитувам, но ќе го кажувам своето мислење.

Бидејќи во образложението стои дека фреквенцијата се одзема заради „непочитување на програмскиот формат“, беше побарано да се провери колку тој формат го почитуваат другите ТВ-куќи и СРД најави дека ќе ја направи таа проверка. Треба да веруваме дека ќе биде исто толку доследен во почитувањето на процентите емитувана содржина?

Видете, институцијата каде што сум член работи многу сериозно, вклучувајќи го и ова прашање. Веќе имаме расправано за една од националните телевизии, а веројатно наскоро истото ќе се случи со уште една или две. Ние сме должни да ги избалансираме односите меѓу сите национални радиодифузери. Не станува збор само за принцип, ниту само за правната страна, туку и за високопрофесионална ориентираност, односно посветеност на Советот кон негување најпрофесионални мерила и стандарди.

Колку имаше дневна политика во укинувањето на „А2“?

За политика не сакам да разговарам заради тоа што сум политиколог, и знам каде би не’ одвело тоа. Наша тема треба да биде демократијата.

А, зар таа не е загрозена со последната одлука на Советот?

Како регулатор, ние ги заштитуваме демократските принципи. Дали и каде сме погрешиле ќе каже јавноста. Многу е важно сега да работиме на новиот закон за радиодифузија, тој да биде квалитетен, за што треба да се погрижиме сите, од новинарската фела, преку СРД до Собранието на Македонија.

Проширувањето на Советот со нови членови, многумина го протолкуваа како упад на политиката во ова регулаторно тело и оти сега однапред се знае какви решенија тој ќе донесува. Понатаму, го поставуваат прашањето, зошто некои од старите членови се’ уште седат таму и не поднесат оставка, кога евидентно, ќе бидат надгласани. Размислувате ли Вие за оставка?

Не. Јас останувам токму за да има различност во мислењата. Би било апсурдно да се однесувам како Максим Горки во една негова мисла, кога вели „роден сум да не се согласувам“, иако речиси целиот живот сум се наоѓал во бунтовничка позиција. Овде се работи за создавање плурален амбиент, а според него, колку и да се во малцинство независните членови, тој продолжува да пулсира. Се’ уште нема толку силни манифестации на притисок од политиката, за да се решам за повлекување. Доколку почувствувам нешто такво сигурно нема да останам со врзани раце или врзан јазик. За таков вид неправда треба да се говори и да се дејствува, а новинарите го можат и едното и другото.

Кога зборуваме за политиката, чии методи не секогаш се поклопуваат со прокламираните ставови, се појави шпекулација дека „новинар МНОГУ БЛИЗОК НА ОПОЗИЦИЈАТА две недели одел кај поедини членови на СРД и ургирал за ’А2’ - ДА БИДЕ ЗАТВОРЕНА“. Имате Вие некаква информација за тоа?

Тие што ме познаваат, а во професијата сум толку долго што веќе речиси сите ме познаваат, не би ни осмелиле да дојдат кај мене со таква или било каква друга непринципиелна сугестија. Голема авантура е некој да ми побара таков вид интервенција. Истото важи и да имав слушнато за колеги од СРД. Да дојдеше до моите уши дека се случувало лобирање за какво што прашувате, тоа јавноста ќе го дознаеше од мене, не од некој друг.

Каква ќе биде медиумската сцена во следните неколку години?

Тоа е тешко да се каже денеска. Ние може да ја анализираме ситуацијата и да донесуваме одредени заклучоци, но само времето и настаните ќе покажат што ќе се случи. Анализата е првиот елемент, но клучна е синтезата, а таа доаѓа откако ќе случат работите. Анализата се проверува низ развојот на настаните, односно во практиката. Затоа, јас не можам денес да изнесувам некои од тие синтетички моменти, бидејќи многу од нештата сега може да се толкуваат различно.

Како ќе го изведат исполнувањето на законот телевизиите чии сопственици или членови од семејството се на политички функции? Тоа треба да се регулира до септември.

Советот побара увид во таа документација и некои ТВ и радио куќи веќе ја доставија. Ние им дадовме време на сите да го регулираат тој дел од нивниот статус.

Прашањето е, како ќе се обезбедите од изигрување на законот? Нема да е првпат регистрирање на нечие друго име и формално задоволување на процедурата, а всушност, спротивно работење од она што таа го наложува?

За тоа не би можел да зборувам уште отсега. Ќе мора да почекаме и да видиме што ќе се случува во пракса. Но, она што го знам е дека ништо не може да се сокрие. Доколку соодветниот орган сака да дојде до вистинската состојба, ќе дознае. Се’ е проверливо. Оние чија општествена и сопственичка позиција се коси со законот, ќе мора да најдат модус како да го регулираат тоа.

Што ќе биде со „МТВ“? Ќе стане ли некогаш вистински јавен сервис?

Како човек кој најголемиот дел од работниот век го поминал таму, јас сум сентиментално врзан за „Македонската телевизија“ и навистина се надевам дека тоа ќе се случи. Сакам да верувам.

Обезбедено е стабилно финасирање на таа куќа, со ефикасната наплата на радиодифузната такса. Забележувате поради тоа промени во понудената програма?

Да, забележувам. „МТВ“ почна да нуди содржини, кои може да се окарактеризираат како квалитетни. Друго е прашањето колку ги има и дали се тие доволни за обврската и одговорноста што според својата позиција ги има тој медиум. Мене ме загрижува и што кај публиката се загуби навиката за гледање на „МТВ“. Народот треба одново да се навикнува на „Македонската телевизија“. А, што се однесува до нејзиното финансирање, мислам дека не е во ред. Се’ додека политиката дава или обезбедува пари за „МТВ“, ќе има силно влијание врз нејзината уредувачка политика. Ако сакаме објективен и квалитетен јавен сервис, мора да се најде начин за финасирање, кој нема да поминува низ коридорите на власта. На пример, нешто како акцизите. Засега не е регулирано така, но може да се донесе специјален закон, кој ќе овозможи дел од давачките за акцизни стоки да одат за „Македонската телевизија“. Тогаш средствата директно ќе стигнуваат на нејзината сметка, па раководството не ќе мора да бара пари од владата или од некој друг државен орган за да подели плата на вработените и да обезбеди нормално функционирање на програмата.

Миодраг Мишолиќ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...