Совети од дерматолог прим. д-р Спасовски

Фотозаштитата најважна во летниот период против рак

Летото веќе пристигна, па во моментов тоа е главна тема на разговор. Се бараат дестинации, друштво...и што ли уште не. И додека го планираме одморот, не треба да зборавиме да се заштитиме најдобро што можеме од сончевите зраци. Со оглед на тоа дека озонската обвивка е сè потенка, а УВ радиоактивните зраци се појаки, заштитата од сонце треба постојано да ни биде на ум, а не само преку летниот период.

Токму тоа ни го советува и дерматологот од поликлиниката Неуромедика, прим. д-р Мирослав Спасовски. Тој е искусен лекар кој професионално се занимава со дерматологијата веќе 36 години. Негова примарна цел се сексуално преносливите болести за кои се усовршувал на универзитетот Хопкинс во Балтимор, Америка. Но, сè почести појави со кои се среќава во нашето општество се алергиските заболувања, кои не само што го зафаќаат надворешниот слој и слузницата на кожата, туку и внатрешните органи. Токму овие заболувања се причина за појава на инфекции и канцерогени појави.

Со кои проблеми почесто се соочуваат пациентите во летниот период?

Предоминантни се алергиите предизвикани од ултравиолетовите зраци и појавата на полипрагмазија, односно земање повеќе лекови одеднаш. Комплексите од лековите во комбинација со УВ зраците даваат уште покомплексни воспалителни процеси на кожата.

Со оглед на тоа дека сончевите зраци се сè поштетни, кој е вашиот совет за нега на кожа?



Пред сè, мора да се негува телото со фотозаштита, затоа што со менување на екосистемот на земјата, атмосферата ја губи озонската обвивка и како што исчезнува, радијацијата е сè појака и го оштетува нашиот надворешен заштитен слој и ги менува молекулите на клетките. Покрај алергиските се јавуваат и канцерогени појави кои се предоминантни во оние делови во светот каде што озонската дупка е најтенка, односно во Океанија, Австралија, Нов Зеланд и Скандинавија.

Фотозаштитата треба најмногу да се применува на експонираната кожа и кај оние кои имаат чувствителна, односно светол тип на кожа. Задолжително треба да се носат шешири, очила, бела облека која ја рефлектира светлината и да се користат фактори со заштита од УВ радијација кои овозможуваат поголема хидратација на телото.

Зошто е толку важно да се употребуваат кремови со заштитен фактор низ целата година, а не само преку лето?

Заштитниот фактор е важен и низ цела година. Во сезона кога сончевите зраци не се толку јаки, може да се употребува фактор 20, а во текот на летниот период треба да се употребува фактор 50. Пробојот на озонската обвивка овозможува радијација во текот на цела година, а особено во лето кога има екстремно висока УВ радијација.

Секој фактор не одговара на секој тип на кожа. Има повеќе брендови, од кои луѓето може да избираат. Секоја индивидуа треба самата да си го најде својот фактор и крем кој најдобро и одговара.

Колку долго факторот обезбедува заштита на кожата?



Би требало да се нанесува крем на секои 2 до 3 часа, а ако сме на плажа изложени на сонце, треба да се нанесува по секое излегување од вода, затоа што факторот се измива од водата. Таа супстанца е био-разградлива, и не овозможува перманентна заштита на кожата, па затоа потребно е почесто нанесување.

Кој период е најдобар за сончање, а кој најштетен?

Најдобар е оној период меѓу 8 до 11 часот претпладне и по 17 часот попладне. Терминот меѓу 11 и 17 е најлош за сончање, бидејќи има најголема радијација на сонцето, која е особено штетна врз геномот на клетките. Штом се менуваат клетките се појавуваат митози и други митации, кои се основа на карцином. Радијацијата е помала под сенка, но во близина на вода е опасно бидејќи се создава рефлексија од сонцето во водата и на тој начин се сончаме индиректно.

Дали исхраната помага за побрзо потемнување на тенот?



Дефинитивно помага, а особено е добро да се консумираат овошја и зеленчук кои содржат витамин А, а тоа е портокаловото овошје и зеленчук. Портокаловиот пигмент има заштитна функција како антиоксиданс и учествува во синтезата на пигментот, односно штити од радијација.

Дали кремовите за предизвикување на потемен тен се штетни за кожата?

Тоа провоцирачко потемнување не се препорачува. Сепак природното излегување на сонце со некој ред и хигиена е најдобро. Хемиското потемнување продуцира пигменти од клетките со некоја хемиска дразба и на тој начин организмот се изложува неприродно на стрес. Сепак, не само што природното сонце предизвикува темен пигмент, меланин, туку делува и позитивно на психата, делува антимикробно, делува врз синтеза на витамин Д во кожата, што е еден од најголемите феномени за зацврстување на коските.

Дали постојаната употреба на крем со заштитен фактор, го намалува ризикот од рак на кожа?



Апсолутно. Постојат делови од Земјината топка во кои децата воопшто не одат на училиште ако немаат нанесено крем со заштитен фактор, како превенција од радијација и појава на рак, уште во раните години. Сепак, тој озонски дефект не е толку изразен кај нас, но треба да се подготвуваме за тоа и редовно да употребуваме заштитен фактор.

Кои се први и најчести симптоми кои се појавуваат при рак на кожа?

Па, симптомите доаѓаат со тоа што ќе се појават некакви ранички по кожата кои се необични, кои почнуваат да не заздравуваат како обично, туку се шират и го менуваат изгледот. Особено се опасни оние пигментни промени на кожата. Пигментните менуси или младежи почнуваат да ја менуваат формата во аморфна, нерегуларна форма во вид на амеби, па пигментацијата не е рамномерна, доаѓа до појава на крвавење и издигнување на површината на кожата. Сето тоа води до едно мислење дека се работи за некоја деструкција на кожата. Ракот е деструкција, затоа што преобилното радиоактивно зрачење доведува до мутација на клетките. Тие се менуваат во изменети клетки со деструктивен карактер. Ракот како симбол на нешто што јаде или гризе се пренесува на овој феномен што ни прикажува дека проблемот се продлабочува и оди кон еден суспектен наод дека може се работи за канцер на кожата.



Сè повеќе треба да се развива свеста за фотопротекција, која треба повеќе да се промовира низ сите видови на медиуми. Да се менува свеста дека со развојот на урбанизацијата и модернизацијата на општеството некои работи се влошени, пред сè атмосферата со СО2 и со СО особено озонската дупка, која на некои делови речиси и ја нема. Како што се продлабочува овој проблем, така сè повеќе растат алергиските и канцерогените појави, од кои мора да се заштитиме на време.

И. Витановска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...