МАНС ЗЕЛМЕРЛОУ, ПОБЕДНИК НА ИЗБОРОТ ЗА ПЕСНА НА ЕВРОВИЗИЈА 2015

Насмевката е заслужна за мојот сексапил

Со Манс Зелмерлоу разговараше Илија Николовски

На 19, 21 и 23-ти Мај, Виена беше домаќин на 60-тото јубилејно издание на изборот за Песна на Евровизија. Познато е дека победата и припадна на Шведска, која ја претставуваше 29-годишниот Манс Зелмерлоу со песната „Heroes”(Херои).

Момчето со постојана насмевка на лицето веќе е дел од евровизиската историја: во второто полуфинале беше прв со рекордни 217 поени (14 земји му доделија максимални 12 поени), во финалето освои 365 поени што е трет највисок збир во историјата на Евровизија и ја донесе шестата победа на Шведска со што после Ирска скандинавската земја е втора на листата на победници.

Екипата на ИДИВИДИ која беше во Виена имаше можност да разговара со Манс веднаш по победата, околу 3 часот по полноќ на 24-ти Мај.

Кои се Вашите први импресии по победата?

„Ова е неверојатно! Навистина! Ова се случува еднаш во животот и сакам што подолго да трае!”

Очекувавте ли победа?

Очекував дека ќе бидам под голем притисок, зашто огромен број луѓе всушност имаа големи очекувања од мене. Тоа се случи упте при мојот прв настап на Melodi Festivalen, шведскиот избор за Песна на Евровизија. Знаев дека песната и настапот ќе предизвикаат реакции. Во Шведска, но и во земјите низ светот веднаш добив силна поддршка и тоа за мене беше знак дека се движам во вистинка насока.

Впрочем и обложувалниците пред Евровизија ве сметаа за прв фаворит за победа, иако во прес центарот во Виена новинарите ве рангираа како втор фаворит, веднаш зад италијанското трио Il Volo.

Да, да сосема сте во право. Сето тоа го знаев и бев свесен за одговорноста која ја носам и која беше предизвик за мене да ги оправдам сите тие верувања и надежи во мене.

Ако се вратиме на гласањето, сепак Русинката Полина Гагарина ви ги матеше сметките во текот на првите две третини од гласањето. Како се чувствувавте во тие моменти?

Длабоко во себе верував во позитивен исход. Точно е дека Полина беше на врвот долго време. Искрено, малку и за мене тоа беше неочекувано со оглед на фактот што очекував дека Италија ќе биде лидер. Меѓутоа, како моментот на пресврт се случи и на крај убедливо дојдов до победата. И честитам и на Полина која имаше прекрасен настап и на момците од Италија кои заслужено беа трети. Морам да забележам дека годинава Евровизија не помина со изненадувања, зашто квалитетните песни дојдоа до израз. Единствено ме разочара лошиот пласман на Едурне од Шпанија која според моите очекувања најмалку требаше да се пласира во ТОП 10.

Годинава Евровизија ја следеа рекордни 200 милиони гледачи низ светот, за 2 милиона повеќе од лани. Намерно или случајно се пријавивте?

Ме фасцинира интересот за Евровизија кој годинава кулминираше со пренос во живо на Манго ТВ од Кина. Неслучајно оваа манифестација во иднина ќе предизвикува се поголем интерес, зашто е единствена по многу нешта. Се пријавив намерно и не погрешив, иако зад мене имам два настапа на шведскиот избор во 2007 и 2009 година.

Што после Евровизија?

По спектакуларниот пречек во мојот роден град Лунд и прославата со мојата фамилија и најблиските пријатели, за мене нема одмор. Во Стокхолм започна турнејата на која го промовирам мојот нов, шести по ред студиски албум „Perfectly Damaged”(Перфектно уништен). Албумот веќе е прв на топ листата во Шведска, а победничката песна „Heroes” веќе имаше ТОП 20 пласман во Германија и на највлијателната светска топ листа British TOP 40.

Како во една реченица би се претставиле приватно?

Јас сум отворен, насмеан човек кој сака да ги расположува луѓето. Во слободно време играм фудбал, тенис, голф и се дружам со пријателите и обожавателите.

Немате девојка?

Во моментов не сум во врска, иако посакувам да најдам девојка.

Медиуми ве опишуваат како сексапилен пејач кој со својата насмевка ги шармира жиријата и публиката и со леснотија дојде до победата

Хаха. Ова добро звучи, но е далеку од вистината. До победата дојдов со голем труд и вложување. Со секоја проба во Штадхале јас подобро се запознавав и се претставував пред публиката. На тој начин секоја следна проба беше чекор поблиску до мојата цел. Ја остварив и мислам дека најдоброто беше токму на 23-ти Мај во финалето кога се околу мене гореше од емоции и од овации.

Сепак мислите дека сексапилот не Ви донесе барем една 12-ка?

Да, да. Се разбира дека ми донесе дузина, хаха. Всушност, за мојот сексапил заслужна е мојата насмевка. Воспитан сум секогаш да бидам срдечен и отворен. Многу луѓе гледам и ме гледаат само еднаш во животот. Ако по нешто сакам да ме паметат, тоа сакам да биде по мојата насмевка. Верувам дека кога тоа ќе го постигнам, понатаму тие ќе се заинтересираат да дознаат многу повеќе за мојата работа, за мојата музика и за моите пораки кои ги пренесувам преку песните.

Идни планови?

Во моментов сум концентриран на турнејата и промоцијата на новиот албум. Долгорочно, можно е повторно да се вратам да работам како водител на телевизија. И да, доколку ме поканат со задоволство ќе ја прифатам поканата да бидам водител на следниот избор за Песна на Евровизија кој најверојатно(одлуката не е донесена) ќе се одржи во Стокхолм.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...