ИНТЕРВЈУ СО ДУКЕ БОЈАЏИЕВ

Колку Сонуваш, колку Веруваш и колку Љубиш?

Кога душата ќе се спои со универзумот, а срцето до крај ќе се исполни со љубов, се постигнува едно ниво на свеста, при кое секоја креирана уметност станува ремек дело. Уметност која срцето веднаш ќе ја препознае.

Токму ова е филозофијата на творење на Дуке Бојаџиев, кој деновиве културно ќе ја издигнува македонската публика со два прекрасни концерти во Битола ( на 7-ми август) и Охрид (на 9-ти август).



Бојаџиев е македонски композитор, продуцент и пијанист, кој од 2001-та година успешно живее и работи во Њујорк. Низ неговата интернационална кариера, тој има работено со добитници на Оскар како Џонатан Деми и Данис Танович, како и со македонскиот режисер Столе Попов на неговото последно филмско остварување. Неговата музика е користена за светски кампањи на брендови како Пежо, Ланком и Лореал, разни светски компилации како Буда Бар и Маракеш Експрес.

Неговиот актуелен проект „Сон. Верба. Љубов.“ може да се опише како вкусен спој на филмска, класична и изворна музика, а во него силно се чувствува поднебјето на авторот, односно духот на македонскиот фолклор и традиција.



ИДИВИДИ имаше чест да поразговара со овој голем уметник!

Твоите два концерти ги одржуваш на прекрасни историски места – Хераклеа во Битола и Античкиот театар во Охрид, каде имаш настапувано и претходно. Колку изборот на ваква локација придонесува за твојата инспирација и перформанс, како и за успешноста на целиот концерт?

Концерти на места со таква историја и патина ми даваат посебна инспирација, како на мене така и на публиката. Енергијата е друга на тие места. Мислам дека мојата музика бара таков амбиент за уште покомплетно да се доживее.

Какви се твоите очекувања за концертите и дали имаш трема кога треба да настапуваш пред домашната публика?

Трема немам, но возбуда да, голема, и тоа секогаш кога свирам пред домашна публика. Свирам со прекрасна постава на музичари, со повеќето веќе работам со години. Искрено, едвај чекам.



Кажи ни нешто повеќе за прокетот „Сон. Верба. Љубов.“, во рамките на кој се и концертите кои месецов ги одржуваш во нашата земја. И зошто токму овие три збора – сон, верба и љубов?

Концептот „Сон.Верба.Љубов.“ почнав да го развивам пред неколку години додека истиот не ја достигна својата кулминација со концерите кај нас во февруари годинава. Комбинација е од повеќе сфвери на моето творештво и има една убава целина која те носи на едно длабоко внатрешно патување. Се почнува со Сон, за чија реализација треба многу Верба и Љубов. Убавината на животот за мене се состои од тие три нешта, колку Сонуваш, колку Веруваш и колку Љубиш. Неопходни се за среќен и исполнет живот.

Што ти е поголем предизвик – да создаваш филмска музика или музика за твоите албуми?

Кога се работи филмска музика, филмот е инспирација, додека на албумските работи инспирација е животот, а нема поголем филм од животот сам по себе. Понекогаш се случува да се испреплетат разни ситуации од мојот живот со сцените и дејствијата на филмовите на кои работам. Токму тогаш е најинтересно.

Песната Танго до балчак е неверојатна и беше одлично прифатена од македонската публика. Од каде ја црпеше инспирацијата да ја создадеш?

Од филмот, кога го изгледав прв пат толку се возбудив и инспирирав, што песната и сите теми од филмот ги напишав во следните неколку дена.

Кој ти бил највозбудливиот музички предизвик кој до сега си го имал?

Концертот во Карнеги Хол, кој го одржав во 2011-та година, ми беше прв голем самостоен концерт со ансамбл и целата музика беше премиерно изведена. Многу долго работев на подготовката на целиот материјал. Истиот концерт направи голема пресвртница во мојата концертна кариера.



Кои се предностите за еден уметник во САД, кои недостасуваат во Македонија?

Кај нас порано недостасуваше професионална етика, но тоа се менува во многу позитивна насока последниве години. Работам со одлични Македонски музичари и професионалци кои функционираат и работат по светски стандарди.

Колку е голем притисокот да се настапува на голем концерт, како на пример во Карнеги Хол во Њујорк?

Многу е возбудлива самата сцена и нејзината историја. Целиот свет има еден посебен респект кон Карнеги Хол створен низ долгите години на негово постоење и функционирање, како и од сите легендарни имиња што поминале низ него. Чуствувам голема одговорност за сите мои настапи, но тука мора да се поклонам пред влезот во објектот.


Концерт на Дуке Бојаџиев во Карнеги Хол

Имаш ли некои ритуали кои ти помагаат да се опуштиш пред настап?

Влегувам во друга зона на свеста, се фокусирам на моментот и воедно тотално се опуштам, станувам едно со оркестарот и публиката. Првите поголеми концерти на кои свирев пред 15 години во Бостон чуствував трема, но потоа искуството си го направи своето.

Дуке Бојаџиев е врвен и светски признат музичар, име со кое се гордееме. Но, каков е Дуке во приватниот живот и која е твојата животна филозофија од која се раководиш?

Мојата филозофија не е различна од мојата музика. Албумот „Љубовта е Патот“ и концертите „Сон.Верба.Љубов.“ произлегоа од моето секојдневие и живот. Низ мојата музика и самиот јас еволуирам, учам и созревам.



Кој ти е најголемиот успех кој до сега го имаш постигнато во животот, како во кариерата така и на лично поле?

Најголемиот успех е фактот што го работам она што најмногу ме исполнува. Најголемата радост е син ми Тео кој секој ден ме релаксира и ми го полни срцето со радост и убавини.

Колку твојот карактер се рефлексира врз музиката која ја создаваш и кои твои карактеристики ги пренесуваш низ нотите и текстовите?

Комплетно, музиката и текстовите ги пишувам искрено и тие го рефлектираат не само мојот карактер туку и мојата душевна и емотивна состојба. На некој начин го замрзнувам моментот на длабока емоција во форма на музика.



Твојата музика е многу специфична и богата со разни елементи, па дали ова значи дека воопшто уживаш во алтернативната уметност?

Уживам во секоја форма на уметност. Дијапазонот на музички стилови со кои сум работел низ кариерава е голем, а посебно во Њујорк веќе 14 години сум под влијанија на уметност од целиот свет. Тоа природно се рефлектира и во мојата професија.

Што најмногу те исполнува? Од каде црпиш инспирација за да го негуваш твојот успех?

Изворот на инспирација е универзален. Тоа е она ниво на свеста каде душата се спојува со универзумот, срцето се исполнува со љубов до крај и станувате дел од еден надмоќен духовен систем, кој низ историјата го нарекуваме со различни имиња бидејки не можеме да си ја објасниме таа необјаснива мистична моќ. Секоја уметност креирана во таа состојба на свеста, вашето срце ќе ја препознае.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...