22-ГОДИШНИК СО ПАСИЈА ЗА ГОТВЕЊЕ

Со рецептите на Давор до оригинални јадења за сечиј вкус

Време е за ручек, а вие сè уште сте во дилема што да им зготвите на своите сакани?

Facebook страната Dave’s Kitchen е едно од оние места каде што лесно ќе пронајдете инспирација за готвење благодарение на големиот избор на рецепти.

Вкусни, практични и приготвени со многу љубов, јадењата на Давор Панчевски нè маѓепсаа како со изглед така и со вкус. Откако ја испробавме неговата солена ѕвездена погача, со сигурност можеме да потврдиме дека овој 22-годишник навистина знае да готви.

Рецептите на Давор од неодамна добија и видео верзија, а од разговорот со него дознавме дека наскоро ќе изненади со нов концепт и уште поинтересно сценарио.

Имаш 22 години, а веќе сериозно си навлезен во светот на храната. Кој е главниот „виновник“ за твојата љубов кон готвењето?

-Целото семејството. Готвењето кај нас дома претставува вистинско уживање и секој знае да замеша прсти во кујната. Сите сме љубители на вкусното залче, а како најголем виновник ќе ја издвојам мојата мајка, бидејќи секогаш кога ќе ја вкусам храната која таа ќе ја приготви, ме тера да влезам во кујната и инспиративно да започнам со подготовка на нови рецепти.

FB страната, Dave’s Kitchen има повеќе од 8000 лајкови. Од каде ги црпиш идеите за рецептите што секојдневно ги постираш и како луѓето реагираат на она што им го нудиш?

-Бројката од 8000 лајкови секојдневно се зголемува, што за мене тоа претставува дополнителен мотив за да продолжам да го правам она кое ми претставува големо задоволство – да осмислувам нови рецепти и да ги споделувам со семејството, пријателите и нормално со сите тие прекрасни луѓе кои ме следат на мојата FB страна. Идеите за рецептите се од секојдневните случувања во мојот живот, истражувања на интернет, ТВ емисии, разговор со поискусни во готвењето и нормално самиот експериментирам.

Луѓето поставуваат прашања, споделуваат нивни дела на страницата и ми праќаат преубави пораки.

Некои готвачи го следат рецептот, додека други повеќе сакаат да импровизираат. Во која група спаѓаш ти?

-Се пронаоѓам во двете групи бидејќи постојат рецепти кои мора да се следат за да се задржи автентичниот класичен вкус, но има и моменти кога влегувам во кујната и почнувам да правам нешто сосема ново, всушност со тоа што во моментот ќе го најдам во ладилникот. Да бидам искрен понекогаш и самиот се изненадувам како со едноставни состојки може да се добие одличен вкус.

Забележав дека приготвуваш како благи така и солени рецепти. Каква храна најмногу сакаш да готвиш? Претпоставувам дека имаш омилено јадење?

-Морам да признаам дека ги сакам месените и благите работи повеќе. Секогаш внимавам на декорацијата и сметам дека со слатките повеќе може да се импровизира во тој поглед, но нема да излажам и ако кажам дека и готвењето на солените работи ми претставува задоволство. Омилени ми се благите што содржат многу чоколада.

Што кога рецептот нема „да се погоди“?

-Да , се случува и тоа. Сметам дека секој рецепт си бара внимание и одредена количина на љубов. Па во моменти кога паметот нема да ми е во рецептот што го приготвувам знам да направам некоја утка. Ако не е толку страшно може да се изеде, а ако навистина нема да се погоди понекогаш завршува и во кантата за ѓубре, иако многу ретко.

Дали македонската традиционална кујна според тебе е потценета или преценета?

-Потценета, бидејќи треба да се посвети повеќе внимание на тоа. Јас лично и моето семејство дома често приготвуваме традиционални јадења.

Многу луѓе велат дека едноставно не умеат да готват и подготвувањето на храна е комплицирана задача. Што би им порачал со оглед на тоа дека ти си чиста спротивност?

-За мене не постојат луѓе што не умеат да готват, јас ги делам на луѓе кои сакаат и кои не сакаат да готват. Готвењето воопшто не е комплицирана работа. Денеска има многу списанија и ТВ емисии на кои може добро да се види постапката за приготвување на одреден рецепт, па според тоа сметам дека доколку се вложи посветеност и љубов рецептот може да излезе и подобар.

Судејќи по тоа колку се популарни твоите рецепти би се обидел ли да ја покажеш пасијата за готвење во некое ТВ шоу? Впрочем и Џејми Оливер го изгради својот милионски бизнис откако се појави на ТВ екраните.

- Доколку ми се појави таква прилика секако дека би ги споделувал моите рецепти и на малите ТВ екрани. Преку ТВ емисиите може лесно и визуелно да се покаже уметноста на готвењето, па еден ден зошто да не?

Кои се твоите планови за иднината?

- Во иднина пред сè сакам да го завршам она што го студирам, Економски факултет – маркетинг. Да продолжам да споделувам рецепти со исто темпо на мојата фејсбук страна Dave’s Kitchen. Можеби ресторан, па доколку се појави можност и ТВ емисии.

Н. Вуковиќ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...