Македонците се навистина филмомани

Фановите на „седмата уметност“ оваа недела во кино-салите Cineplexx имаа можност да го погледнат 24-от филм од франшизата Bond, насловен Spectre. Веќе следниот месец филмоманите ќе го очекуваат и Star Wars- The Force Awakens, најновиот блокбастер од Star Wars вселенската опера, (овој пат режиран од Џеј Џеј Абрамс). Но повеќе за него, за идните планови и идните филмови од нашиот разговор со препознатливото лице на на Cineplexx, маркетинг менаџерот, Кети Кочкова Јовашевиќ.



Овој месец како два најактуелни и долго очекувани премиери се Spectre и Hunger games- Mockingjay Part 2. Spectre веќе имаше одлична премиера во В. Британија. Вие организиравте и пред-премиера за фановите кои сакаат да го погледнат претходно. Hunger Games од друга страна ќе го има своето „финале“ на самата франшиза. Кои активности и изненадувања ги подгототвувате и кои се вашите очекувања за прифатеноста на филмовите од публиката?

Навистина интензивен период ни следува. Одлични наслови и интересни филмски премиери. На наше големо задволство и Македонија се вброи меѓу земјите кои претпремиерно го прикажаа 24-то продолжение на филмот за агентот Бонд, насловен Спектра, на два дена пред проекциите во САД. Одлично поминаа настаните за овој филм. Интересот е навистина голем и очекуваме доста Македонци да го погледнат филмот во следниве денови, очекуваме полни сали. Следно што ни доаѓа е филмот Игрите на гладните, односно последното продолжение. Во моментов се подготвуваме и за него. Секако и овој филм привлекува големо внимание најмногу поради фактот дека сите со нетрпение очекуваат да видат дали Катнис ќе успее во борбата против Капитол.

Следниот месец е и премиерата на еден од најочекуваните филмови годинава Star Wars-The Force Awakens. Вие организирате и две полноќни проекции за премиерата. Каква беше побарувачката за Star Wars од фановите за овие проекции и на помалку од два месеци пред самиот настан кои новитети можете да најавите поврзани со Star Wars?

Полноќната премиера е закажана за 16 декември и во моментов се распродадени 4 сали. Интересот беше огромен и во рок од 48 часа поголемиот дел од салите беше распродаден. Во моментов се пуштени билетите и за следните денови. Подготвуваме интересен настан за фановите, верувам дека пријатно ќе ги изненадиме. Ни останува уште еден месец до премиерата. Со нетрпение го очекуваме филмот кој е најавен за еден од најголемите хитови оваа година.



На вашиот репортоар се и балетски претстави (од Болшој театарот на пример), опери (од Мет операта) и концерти (Ед Ширан). Надвор од доменот на филмската уметност. Дали публиката успеа да ги прифати овие настани во Cineplexx (колку се тие барани) и кои се наредните настани од опера, балет и музика во наредниот период?

Нашата алтернативна програма во кино е добро прифатена. Сепак се работи за лимитиран број на луѓе кои ги посетуваат овие настани, не можеме да очекуваме голема масовност, особено кога зборуваме за сезоната на опера и балет. Но, со сигурност можат да кажам дека секоја година се повеќе се зголемува интересот за оваа програма. Од друга страна ги имаме концертите, ексклузивните проекции кои поминуваат одлично. Навистина се добро прифатени од публиката и во повеќето случаи распродадени. Во следниов период ни следуваат уште неколку претстави од сезоната на директни преноси од Бољшој и Метрополитен Њујорк, а во однос на концерти во моментов немаме најава.

 

Минатиот месец ја прикажавте „Македонски филмски класици“-петдневната филмска програма (со 5 филмски наслови), а за овој месец го најавивте „Три дена во септември“, најновиот филм на Даријан Пејовски. Каква е побарувачката на македонските филмови (стари и нови) во Cineplexx? Се разбира не може да се натпреваруваат со тие од холивудската продукција, но дали сте задоволни од тоа колку публиката ги гледа домашните филмови?

Секако дека не можеме да ги споредуваме со холивудските остварувања и големите блокбастери, но постои интерес за нив. Нашата публика е гладна за македонски филмови. Тие се наша гордост и секогаш добро прифатени од публиката. Верувам дека и за филмовите кои следуваат ќе имаме полни сали.

А што е со филмовите од независна продукција? Минатата година (приближно во овој период) го имавте ФИЛМОМАНИЈА, ревијата на филмови кои беа дел од европските филмски фестивали и кои не се мејнстрим (како тие од Marvel на пример). Дали ќе можеме наскоро да ја очекуваме ФИЛМОМАНИЈА ревијата и оваа година или пак на почетокот на следната?

Во моментов немаме најава за Филмоманија. Тоа беше ревија на филмови кои беа прикажани во Cineplexx кината во регионот истовремено. Секако дека дел од фестивалските филмови ќе си го најдат своето место на редовниот репертоар, но не би можеле со сигурност да најавиме фестивалска недела.



Кои се критериумите кои ги имате пред одбирање на филмовите. Дали тоа е примарно финансиската придобивка или во прашање се и други фактори?

На прво место е секогаш интересот за филмовите. Се водиме по тоа што се бара на пазарот, што е актуелно.

Можат да кажам дека се создаде кино навика, филмот стана дел од секојдневието за Македонците. На големо задоволство станавме нација која е добро запознаена со филмот од секој аспект. Љубителите на филмот постојано следат што се случува во филмската индустрија, кои се новитетите, сите пикантерии околу филмот и неговата продукција. Со еден збор можам да кажам дека Македонците се филмомани.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...