НЕ ВЕРУВАМ ДЕКА НЕШТО СЛУЧАЈНО СЕ СЛУЧУВА ВО НАШИТЕ ЖИВОТИ

Ако можеш, зошто не го извлечеш најдоброто од себе?

На Снежана Богдановска Сани, не и е потребно посебно претставување. Македонската јавност ја памети како една од првите професионални манекенки, подоцна и како водителка на модната емисија „Помеѓу човекот и сонот“. Поводот за нашето интервју е „Модното дружење со Сани“ кое неодамна го организираше во „Децата од нашата улица“ во Скопје. Повеќе за новитетите, но и идните планови во нашето интервју подолу.



Неодамна Вие го организиравте „Модното дружење со Сани“. На едно место ги собравте вашите соработници, пријатели, колеги... На самиот настан повторно ја презентиравте и вашата книга „Моите стории мој живот“. Кажете ни за природата на самиот настан и за впечатоците по него?

Тоа беше само дел од серијалот на настани кои беа иницирани по повод излегувањето на книгата. „Моден викенд-Скопје” беше место каде што се собираат луѓето од фелата и пригодно место за една таква пред-промоција. Главната промоција и сега оваа постпромоција во „Децата од нашата улица“ беа пак во функција на лансирање на книгата, бидејќи мислам дека имаше потреба од тоа . Датумот на кој беше официјалната промоција, беше пречка за некои мои драги луѓе да дојдат и да присуствуваат токму тогаш. Па, се чувствував должна повторно да ги испочитувам со поинтимна средба. Затоа и впечатоците беа сосема поинакви од целото тоа дружење. Токму затоа и го нареков дружење. Кругот на луѓе кои што дојдоа ми се драги, ја немаше таа трема и возбуда која се чувствуваше на официјалниот настан.

„Моите стории мој живот“ е насловот на вашата книга, тоа е првата книга за мода во Македонија?.... Што можат читателите да пронајдат во неа?

Да, факт е дека е прва книга за мода во Македонија, но содржината веќе е објавена (како колумни) во магазинот Life кој излегуваше пред 10-на години. И интересно е што целата таа идеја за книгата е од пред неколку години, но ете требаше книгата да се случи токму на десетгодишнината од првиот број на списанието. Чуствував дека се тоа безвременски текстови кои се вредни да останат запаметени, зошто додека излегуваше магазинот, знаете некој прочитал некој не, немаше широка читачка публика, а и не можеше сите да дојдат до текстовите. Воедно чувствував дека тоа што веќе 20 години сум го зборувала, отишло во етер и ништо не останало и дека треба некаде да се документира. Всушност тоа е дихотомија од две книги. Едниот дел се колумните за мода, а другиот дел е она што беше мое ново разоткривање во новинарството, интервјуата. Иако постојано правев интервјуа кои тематски беа насочени во тоа што сум профилирана - модата, тоа некако излезе како тест да се обидам и во интервјуата кои се „пошироки“ и поизискувачки. Мислев дека можам да се искажам и на тој начин, со поинаков пристап, а мислев дека е важно и да оставам некаков артефакт бидејќи Life магазинот ми ги даде тие две можности. До моментот додека не ги подредив текстовите, не ни можев да замислам дека книгата ќе добие таква димензија и таков формат. Излезе дека тоа е некаква есеистичка книга за модата, а и самите текстови добија некаква логична поврзаност. Дека не се само хронолошки текстови или пак само компилација. Книгата доби своја смисла, своја форма и своја оправданост. Уште повеќе што издавачот „Табернакул” на мое пријатно изненадување ме почести со навистина раритетно елегантно и ретко луксузно форматирано издание. Примерок за вашите внуци –велам јас.



Вие сте моментално дел од Модел ТВ, првиот македонски ТВ канал специјализиран за мода. Како настана оваа соработка?

Јас не верувам дека нешто случајно се случува во нашите животи. По излегувањето од Телма и по барањето на простор каде што би можела да се изразам, се појави Модел ТВ, местото каде што мислам дека би требало да бидам. Интенција за нешто ново и ако се навратам наназад изгледа дека се надоврзува на сите мои досегашни пионерски чекори. Бев дел на првиот сет на професионални модели на Македонија, ја водев првата модна агенција, првите школи за менекени, се појавив како првата профилирана модна новинарка. Претходно имаше луѓе кои пишуваа за мода, но не и строго насочени кон неа. Првиот ајде да го наречам моден критичар, иако прашање е колку можеме да зборуваме за критичари од било каков вид во Македонија...Некои сакаат да ме нарекуваат, јас не можам себе си да се наречам така. Сега еве и првата книга, па и веројатно и следователно првата модна телевизија.

Македонската публика Ве познава по авторската емисија за мода „Помеѓу човекот и сонот“ која долго време се емитуваше на ТВ Телма. Дали наскоро ќе можеме да Ве очекуваме повторно на малите екрани со нов авторски проект?

Сигурно со еден од неколкуте подготвени сценарија. Како што знаеме условите сега диктираат дека голем дел од телевизиите не се заинтересирани за ваков вид на содржини. Фокусот е на сосема друга страна, но јас не се откажувам. Мислам дека сè уште имам што да кажам во модата и дека на публиката и е потребно тоа. Проектот е изготвен, но се бара поширока публика. Поминаа 18 години од раѓањето на „Помеѓу човекот и сонот“, стана полнолетна и требаше да си продолжи свој „возрасен живот“, многу симболично што веројатно укажува на нешто...



Како ја оценувате моменталната состојба на модата во Македонија сега, толку време по згаснувањето на „Помеѓу човекот и сонот“.

Еве ќе навршат и 20 години откако будно и ревносно ја следам модата и случувањата околу неа и тоа сè судбински се поклопи со зачетоците на модната сцена во Македонија. Kако што дојде и осамостојувањето, така некако природно и спонтано се појавија и првите дизајнерски имиња што ја изроди и потребата на останатите сегменти како моден новинар на пример. И како сведок на тоа раѓање и текот на овие 20-тина години нели би требало да речам дека сцената еволуирала, дека сега зборуваме за брендови кои до тогаш не ни ги знаевме. Се сеќавам во првите емисии кога кажував некои термини, требаше да појаснувам што тие значат. Па ако модата е најдемократска форма, упатена кон широката публика, во таа смисла веројатно сме напреднале. Веќе знаеме што е аутфит. Но, сè уште не правиме разлика меѓу бренд и дизајнер, не знаеме што значат доста термини, се уште не ја сфаќаме суштината на Високата мода на пример. За 20 години ја немаме достигнато точката до каде требаше да дојдеме. Сите наши соседи се далеку пред нас, тоа е се многу поеманципирано во поглед на брендови и дизајнери. Самите сме си виновни за тоа, и не ми се чини дека наскоро ќе биде многу подобро. Иако младите се тие кои треба да го туркаат процесот напред, иако интернетот е тука и социјалните мрежи, ние сме заглавени во сопственото несакање да знаеме. Знаењето од друга страна е одговорност. Вака ни е полесно. Некаде некој кажал (секој портал дели такви експерски совети) дека тоа е убаво, модерно и дека мора да го носиме. Не е важно дали ни одговара или не, не е важно дали ќе се еманципираме во стилот.. А зошто ако можеш да не го извлечеш најдоброто од себе? Тоа е твоја лична надградба. Тоа е многу очигледно преку облеката. Па дури и да бидам осудена како моден фашист можам слободно да кажам дека ако човек нема стил/вкус во облеката, веројатно и да нема стил/вкус во ништо друго. Мислам дека тоа се условени нешта. Вкусот е генерална одлика и вкусот во облеката го одразува сè она што треба да го знаете за личноста. Зборува за тоа каков е твојот животен стил, како живееш, какви филмови сакате да гледате, каква музика слушате, како го доживувате светот. Сè се гледа преку говорот на облеката. Преку облеката се „чита“ и каква личност сте. Не е тоа „читање“ за социјалниот статус, економската моќ, колку скапо сте ги платиле парчињата облека, туку како каков сакате да ве доживеат од спротива.



Во едно интервју ја прашаа актерката и модна икона Клои Севињи за нејзиниот стил кој е апсолутно прекрасен и еклектичен. Но, прашањето беше повеќе упатено кон потеклото на нејзиниот стил: „Дали имате тим на стилисти кој се грижи за вашата облека“... Таа само одговори. Не се имам само себе си и многу модни магазини кои ми служат како инспирација. Изјава која не носи до познатата клише реченица „Стилот не се учи. Со него се раѓаш“. Има вистина во ова? Не е само клише?

Чувството за естетика, не стил.. Ајде да бидеме поконтретни. Чувството за естетика, се раѓаш со него. Тоа некои го поседуваат, некои имаат визуелна меморија, или други квалитети... Но, токму тоа чувство за естетика е вродено. Како и во секој занает, може да се научат правилата, но не можете да бидете врвен мајстор, ако го немате чувството. Така е и со стилот. Ако го имаш чувството за стил тогаш и сите востановени правила ќе можеш да ги „скршиш“ и да бидеш тоа што се нарекува човек со стил, индивидуа. Без тоа чувство, ќе ги научиш правилата и можеби ќе бидеш пристојно облечен, ќе се најдеш себе си... но нема да дојдеш ниту близу до тоа да бидеш посебен. Во тоа се разликуваат тие кои ги нарекуваме „модни икони“. Тие буквално се изразуваат со својот стил и тоа им доаѓа од внатре. Тие не размислуваат за својот стил. Тоа го прават природно. Меѓутоа тоа не е алиби за сите останати кои што го немаат тоа чувство, да не го извлечат најдоброто од себе. Кога преку естетското (колку и да звучи банално) ќе добиеш шанса, зошто да не бидеш најдобра верзија на себе си. Јас не ги разбирам луѓето кои што се комфорни во изреката „баш ми е гајле“ како изгледам. Тоа е повторно маска на тоа што сакаш да им пренесеш на луѓето. Од друга страна, не може да се каже дека модата е само површна. И на крајот на краиштата ако ги даваш парите, зошто не да ги инвестираш умно во нешто со што ќе го извлечеш најдоброто од себе.



Како човек кој ги следи модните трендови, кои се трендовите кои ќе доминираат ова лето? Што е тоа што вие би им го препорачале од модните трендови како моден експерт?

Комплетно спротивно (се смее н.з.)?. Тука самo да го потврдам сè тоа што претходно го кажав. Јас не ги следам трендовите, само ги констатирам односно проверувам колку сум била успешна во предвидувањата.Трендовите постојат заради таа економската страна, да се продаде колку што е можно повеќе. Сега веќе дизајнерите започнаа и да не ги покажуваат колекциите 6 месеци порано што е нормален и условен период за трговците да ги прилагодат трендовите. И што се тие? Тоа што се пласира, а потоа се селектира, па се канализира за да и се даде на широката публика. Тие се условени, тенденциозни и самите по себе трендовите се противречни. Биди индивидуален. Треба да се најдеш себе си. Ако се познаваш себе си секогаш ќе можеш да си во духот со времето. Ќе си купиш парчиња кои ќе си ги вклопиш или надградиш. Прилагоди ги трендовите на себе, а не себеси на трендовите. Тие се најмалку 2 години однапред смислени, однапред се знае кои бои ќе се носат. Ткаенините, текстурите, шарите, формите, должините, силуетите и сè што се нарекува мода, а сето тоа не е ниту површно и ниту случајно.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две баби муабетат:
- Магдо мори, шо праиш?
- Мори, шо да праам?
- Е, шо ќе праиш.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема поголеми задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација...
Верски календар
На денешен ден
1846.- САД го анектираа Ново Мексико.
1862.- Во Сен Жермен-ан Леи е роден Клод Дебиси,...
1883.- Во Париз умре Иван Сергеевич Тургенев,...
1911.- Прочуеното дело на Леонардо да Винчи,...