СЕКОЈ ФИЛМ Е ПРОДОЛЖЕНИЕ НА САМИОТ СЕБЕ

Алехандро Ињариту: Нема начин да запреш

Алехандро Гонзалес Иљариту е еден од најуспешните режисери на денешницата. Ако се сеќавате, минатогодишните Оскари поминаа во знак на филмот Birdman, кој доби мноштво награди, меѓу која и за најдобра режија. Токму тој филм направи Алехандро да се закити со златната статуетка. По овој успешен филм, успеа да создаде едно неверојатно дело како што е The Revenant, филм кој му го донесе првиот Оскар на Леонардо ди Каприо во својата долга кариера. Филмот кој доби повеќе награди, само зборува за тоа колку е успешен и маестрален режисерот Ињариту. The Talks решија да позборуваат со режисерот, а ние да ви го пренесеме неговото интервју во целост.



Дали еден режисер треба да ги живее неговите филмови?

Мислам дека секој филм е продолжение на самиот себе, без разлика на околностите. Секој филм кој јас го имам направено е продолжение на мене. Понекогаш чувствувам дека филмовите почнуваат да ми се мешаат со реалноста. Наеднаш се појавува некоја чудна замаглена линија која исчезнува и она што тематски следува во филмот, наеднаш се појавува во твојот живот. Тоа ми се случило многупати.

За време на кои филмови?

Овој пат, The Revenant, физичкиот изглед на темата стана дел од нашиот секојдневен живот. Водата беше екстремно ладна, затоа што еден ден бевме на 40 степени под нулата. Физичката реалност на карактерите се појави во нашите животи и се измеша со нашето физичко искуство.

Зошто сакавте да снимате во такви услови?

Бев среќен да излезам во дивината и да се вратам на традицијата и потеклото на кинематографијата, каде што работите навистина се случуваат на реални места. Не измислувавме начини на вештачки свет околу нас со градење на сетови или дигитализирање на истите. Снимавме во реалноста, со вистинска светлина и комплексност на природните елементи. Сфатив дека без разлика колку е добар некој компјутер или дизајнер на сет, никогаш нема да направат нешто подобро од реалниот свет.



Зошто не?

Не само поради комплексноста и убавината, туку поради состојбата на умот до која се доведуваме додека го снимаме филмот. Потоа се случуваат последици на целиот систем. Го сакам тоа искуство со тие чувства. Одисејата на правењето на филмот станува самиот филм. Ние станавме ловци. Беше одлично и имаше огромно емоционално и физичко искуство.

Тоа ме потсетува на Aguirre, каде што Вернер Херзог веруваше дека тешките услови додека снима во Перуанската дождовна шума ќе ги види и во филмот.

Да, токму тој филм влијаеше на мене. Истото може да го видиме и на филмот Dersu Uzala на Акира Куросава, па дури и на Apocalypse Now. Во тие филмови, човекот е против природата и има пејзажи кои го диктираат емоционалниот карактер на ликот. Ги обожавам тие филмови.

Но, снимањето на таков начин може скапо да чини. За време на снимањето на Aguirre, Херзог и Клаус Кински речиси и ќе се убиеја поради стресот на кој беа изложени.

Да, откако ќе почнеш со такво снимање, сфаќаш дека ќе биде за 10 пати потешко. Филмот е резултат на наивната одлука која ја донесов. Така решив бидејќи бев целосно слеп. Се откажуваш од секоја шанса да бидеш на комфорно и мораш да се бориш секој ден. Тоа е режим. Беше како искачување на карпа: Штом почнеш да се качуваш на ѕид без сигурносно јаже и се најдеш на средина, ако направиш грешка може да паднеш и да умреш. Токму таква сензација имаше секој ден за време на снимањето на овој филм.

Тоа звучи ужасно.

Малку е страшно колку сум луд! Можеше да биде ужасно. Лесно, се можеше да излезе од колосек. Секојдневно имаше многу предизвици. Едноставно стануваш чудовиште на твојата сопствена работа. Некогаш си Бог, а некогаш чудовиште кое преживува во својата креација. И финансиските вложувања, работите кои може да тргнат на лошо во така амбициозен проект, стандардите кои беа многу високи, бевме како во стапица. Јас бев заглавен во моите правила и не можев да запрам. Удрив во ѕид. И ако не го завршев на начинот на кој сакав или ако воопшто не го завршев, ќе беше целосна катастрофа. Тоа е како маратон – нема начин да застанеш, мора да завршиш. Чувствуваш дека немаш сила, дека си преморен, но мора да завршиш!



Твојата кариера сигурно е тешка за твојот брак

Се надевам нема да се разведат од мене наскоро (се смее). Тешко беше. Снимањето на филм бара многу напор. И оддалечен си од луѓето кои ти требаат и тоа е еден од најтешките делови.

Веќе работеше на The Revenant кога доби Оскар за Birdman, минатата година. Нели сметаш дека ти е време за пауза?

Трчав на два маратони и време е да запрам. Да бидам искрен, не ни имав време да сфатам што се случи со Birdman. Чудна ситуација е и мислам дека мора да одморам неколку месеци за да сфатам што се случи во мојот живот последните две и пол години. Нормално, паузирам две до три години помеѓу секој филм, па сега единствено што ми останува е да одмарам во наредните три години. Навистина ми треба тоа.

Дали треба да си богат човек како Арнон Милчан, кој ги финансираше филмовите Birdman и Тhe Revenant и претходно ги поддржа Once Upon a Time in America и Brazil – за да се остварат овие амбициозни филмови?

Апсолутно. Ти треба човек со страст, одреден вкус, кој е вљубеник во уметноста и луд (на добар начин) со цел да се случи еден ваков филм.

Дали сите други се исто така загрижени за парите?

Токму поради тоа овие филмови поретко се прават. Повеќето инволвирани луѓе сега се финансиери и нивната единствена причина е профитот. И кога сè се води од профитот, филмовите стануваат стока за која не се интересираат многу. Токму во таа опасна состојба сега се наоѓа филмската индустрија. Не сум наивен да мислам дека претходно било поразлично. Секогаш било така, но овој пат многу повеќе од кога и да е.



Откако помина сè, дали повторно би избрал да го направиш The Revenant на ист начин на кој го направи?

Не жалам за начинот на кој го направив. Мислам дека сè низ што поминав, вредеше. Многу сум горд. Но, не би го направил тоа повторно. Беше многу тешко, со екстремни барања. Искрено, филмот стана еден акт на преживување. Како режисер, самиот се најдов во тешки и предизвикувачки моменти.

Како пронаоѓаш надеж во тие моменти?

Понекогаш кога губиш надеж и разбираш дека нешто нема да биде онака како што си го замислувал, но се трудиш, наеднаш некоја работа ќе се појави и сè ќе се совпадне. И наеднаш, она што не ни се случувало, сега цвета! Кога си во многу тешка ситуација во денот и имаш големи фрустрации бидејќи ништо не се случува како што треба – но не се откажуваш – тогаш наеднаш ќе се појави. Тоа е некоја трансцендентална работа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се собрале репрезентациите на Колумбија и Јамајка.
Едните ја испушиле тревата, а другите ги ишмркале цртите.
Натпреварот бил одложен.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1531. Папата Клемент VII нареди во португалската...
1538.- Папата Павле III го исклучи од...
1718.- Англија и објави војна на Шпанија.
1749.- Роден е Доменико Чимароза, италијански...