БЕЗВРЕМЕНСКАТА ГРУПА АРЕА

Конечно се смиривме од таа една слика која не ни даваше мир

Ареа е групата со која многумина деца пораснаа, ја запознаа љубовта, но и разочарувањето кое таа го носи. Да, тоа е групата која нè воведе во светот на квалитетната музика, која нè научи што е добро да слушаме и кои концерти да ги посетуваме.

Еден таков се случи токму минатиот викенд – All You Need Is Love,  во организација на Авалон Продукција, каде што свои настапи имаа Ареа, EKV, Prljavo Kazalište и Бајага. Како што многумина љубат да кажат, се случи целовечерен концерт на најдобрите музичари на Балканот. Сите пееја и играа на најголемите хитови, а атмосферата најмногу се вжешти на најпознатата „Сите мои слики“.



Со овој голем концерт, Ареа нè потсети колку ни недостигаат на музичката сцена, па решивме да разговараме со групата, со цел да ни откријат дали планираат да се вратат и да ни го разубават живот. Нивните хитови се веќе безвременски и нема никако да ги заборавиме, но желни сме за нови кои повторно ќе ги пееме во еден глас.

На мак сцената сте речиси 25 години. Сите се сеќаваме на вашите почетоци, кога игравме на „Сите мои слики“ и гласно ја пеевме „Одведи ме“. Многу љубови се случиле токму на тие песни. Дали ви недостига токму таа енергија од вашите фанови?

-Нема зошто да ни недостасува, токму поради тоа што сите овие години ние имаме настапи, што поголеми што помали и сме во редовен контакт со нашите фанови.



Долго време ве немаше на сцена. Што правевте за време на паузата?

-Пауза во права смисла на зборот не направивме, како што кажав, цело ова време бендот работи и има настапи, но направивме навистина голема пауза што се однесува до издавањето на нов албум. Поминаа 8 години од последниот издаден албум. Исто така долго време не се појавуваме во медиумите, па така се добива впечаток дека воопшто не работиме, но не е така.

Дали наскоро може да очекуваме нешто ново од вас, бидејќи публиката е желна повторно да слушне квалитетна музика токму од еден мошне почитуван бенд како што е Ареа?

-Подолго време работиме на песни за нов албум, но се уште не сме го завршиле. Нареднава година правиме 25 години Ареа, така да би сакале да ги израдуваме нашите фанови со нов албум. Се разбира не по секоја цена, бидејќи албумот треба да задоволи некои наши критериуми за квалитет. Се надеваме дека ќе успееме во тоа.

Со оглед на големиот број на музичари кои се појавија во нашата земја, дали очекувате голема популарност со новиот албум, исто како што тоа се случи на почетокот на вашата кариера?



-Таква популарност, еуфорија за музичка група во Македонија гледано историски, ретко се случува, па среќни сме што нас ни се случи. Искрено веќе подолго време не бркаме некоја голема популарност, задоволни сме со тоа што имаме публика која ужива на нашите песни и настапи, а и ние заедно со нив.

Кога Ареа не е во студио, а не е ни во некоја голема концертна сала, каде може да ги најдеме и да ги слушаме во живо?

-Најчесто во клубови каде што постојат минимум услови за концерт и на фестивали од отворен тип, претежно во летниот период.

Од каде ја црпите инспирацијата за правење музика? Дали секојдневните случувања имаат поврзаност?

-Најчесто самото свирење на музички инструмент, дава инспирација за правење музика, се разбира дека и секојдневните случувања, нашите ставови и мислења имаат влијание врз крајниот производ. Мислам дека љубовта во вистинска смисла на зборот ни е најголема инспирација.



Дали навистина само љубовта ни треба за да преживееме во овој свет?

-Колку да звучи излитено, тоа дефинитивно е така, посебно денес во светот, а и кај нас, љубовта ни е многу потребна.

Уште ли таа една слика не ви дава мира?

-Изгледа дека конечно се смиривме :)


И.Витановска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...