НИКОЛА НИКОЛОВСКИ - SMD Smart Electronics

Ако имате добра идеја не откажувајте се од неа

Упорноста е  една од најважните карактеристики на успешните луѓе. Младиот и иновативен тим на SMD Smart Electronics знае како да ја претвори идејата во стварност, создавајќи паметни уреди кои освен тоа што го олеснуваат секојдневието нудат и огромен број на предности за корисниците.

SMD Smart Electronics постои нешто повеќе од три години и досега мошне успешно се наметна на пазарот со своите креативни идеи и иновативни решенија. По успехот на „Business Wall of Fame“, тие се соочуваат со нови предизвици за кои што позборувавме со Никола Николовски, еден од основачите на компанијата.

SMD Smart Electronics, полека но сигурно, остава препознатлив белег на домашниот пазар за паметни уреди. Како првоосвоеното место во Македонија, а воедно и третото место на натпреварот „Business Wall of Fame“ кој што го организираше Дојче Телеком, влијаеше врз вашиот развој?

-Наградата беше потврда дека сме на вистинскиот пат со тоа што го работиме и значеше поттик да продолжиме со исто, ако не и со уште посилно темпо. Продолживме да го работиме она што го знаеме и она во што веруваме. Единствено со упорност и добар производ можеме да успееме на пазарот кој е доста пребирлив. Секако дека признанието коешто во Македонија го добивме од Македонски Телеком, но и на интернационално ниво од страна на Дојче Телеком, претставува еден импулс кој дополнително нè охрабри. Патот кој ни претстои е голем, но сигурни сме дека само со истрајна работа и голем труд ќе успееме да ги достигнеме целите кои ги имавме зацртано уште од самиот почеток.

Верувавте ли дека BCON Wireless Socket ќе достигне толкав успех кога за прв пат решивте да се пријавите на натпреварот на Дојче Телеком, кој што на локално ниво пак го организираше Македонски Телеком?

-Искрено, не очекувавме. Но, знаевме дека имаме добар производ во кој што пак силно верувавме и покрај тоа што знаевме дека ќе се соочиме со силна конкуренција. Кога се пријавувате на некој конкурс тоа мора да биде со најдобриот производ во чијшто успех и пласман верувате, иако никогаш не сте докрај сигурни како истиот тој производ ќе биде прифатен на пазарот и како ќе „опстои” во битката со конкуренцијата. Среќни сме што производот во кој веруваме беше прифатен со исто толку голем ентузијазам каков што беше и нашиот.

Во рамките на „Business Wall of Fame“ учествувавте и во една друга креативна идеја - „Паметниот бојлер“ на Леов. Како оди реализацијата на тој проект?

-Оваа идеја во соработка со Леов, донесе еден производ кој одлично се пласираше на домашниот и на интернационалниот пазар. Се работи за концепт кој е лесно прифатлив и се идентификува со сите потреби на денешниот начин на живот. Може да се каже дека ваквиот бојлер во денешно време е неопходен, поради тоа што одлично исполнува повеќе функции, меѓу кои, пред сè: економичност, практичност и енергетска ефикасност.

Досега го креиравте „Bi Con” системот, што совршено се вклопува во приказната за модерни домови на иднината. Кажете ни 3 практични причини поради кои „Bi Con” треба да се најде и во нашиот дом?

-Неминовно е дека живееме во време со неверојатно голем број на технолошки достигнувања во секоја област од секојдневното живеење. Нашата цел со „Bi Con“ системот е да го подобриме квалитетот на животот во секој дом. Технологијата која ја развивме за „Bi Con“ системот овозможува огромен број на предности за корисниците и тешко е да се издвојат само неколку, но ќе пробам да посочам дел од нив:

  • Едноставнo поставување и управување „Plug and Play”

Самата идеја на „Bi Con“ системот е да биде едноставен, интуитивен и лесен за употреба за секој дом. Системот е така дизајниран, за да може секој корисник едноставно и лесно да го активира во својот дом, независно од тоа од колку уреди се состои. Модуларната архитектура на истиот, дава можност системот да се надградува како што се зголемуваат потребите и желбите на корисниците.

  • Мобилна контрола на уредите

Една од поголемите предности кои ги нуди нашиот систем е можноста уредите да се управуваат безжично, со помош на мобилен телефон или компјутер. Тоа значи, дека доколку сакаме да активираме, деактивираме или поставиме каков било уред, што е поврзан преку „Bi Con“ системот, не мора да сме физички присутни во нашиот дом.

  •  Штедење на енергија

Можноста за контрола и следење на секој уред во секое време од денот кога е поврзан на системот, овозможува лесно и едноставно да се оптимизира потрошувачката на електрична енергија во домовите, а со тоа и да се оствари заштеда на енергија.

Дел од тимот на SMD Smart Electronics, во Виена пред доделувањето на наградата на BWOF на Дојче Телеком

Македонија изобилува со млади креативни умови кои имаат потенцијал да дадат значаен придонес во IoT решенијата, сепак, нивните проекти не ретко завршуваат неуспешно. Колку е тешка реализацијата на еден уред од техничка гледна точка, односно, од идеја до стварност?

-Во наши услови, воопшто не е едноставно една идеја да се реализира во готов производ.Техничкиот развој е можеби и најмалиот проблем со којшто ќе се соочите. Финансирањето претставува вистински предизвик, а она што е најтешко е да ги убедите компаниите дека вашата визија е токму она што се бара на пазарот, денес. Секако дека не е лесно, но не и неизводливо. Паметниот бојлер на Леов е доказ за тоа.

Што би им препорачале на сите оние кои допрва влегуваат во овој бизнис? Што е клучната состојка за успех?

-Упорност. Можете да развиете и 100 добри идеи, но бидете подготвени дека можат сите да успеат. Но, може да се случи да успее и само една од нив и пак да направите исто толкав импакт на пазарот. Упорноста е клучот за успехот. Ако имате добра идеја не откажувајте се од неа без оглед на препреките кои ќе се испречат пред вас во процесот на нејзината реализација.

Дали можеме да очекуваме Македонија наскоро поактивно да се вклучи во концептот на „Smart Leaving” со оглед на трендовите кои се застапени во светот?

-Секако дека можеме. Можеби имплементацијата на овој концепт оди поспоро во споредба со европските земји, но факт е дека станува еднакво популарен тренд и кај нас. Концептот на „Smart Living” се темели на уреди коишто овозможуваат контрола и штедење, даваат чувство на сигурност и им го олеснуваат животот на корисниците. Како што поминува времето потребата од него ќе биде сè поголема и во нашата земја.

Каде се гледате во наредните 5 години и кои се идните планови на компанијата?

-Имаме големи планови во поглед на развојот на нашата мала компанија. Би сакале концептот на „Smart Living” да го доближиме до македонските корисници, но и да ги доближиме нашите производи до Европскиот пазар. Времето ќе покаже колку амбициозните планови ќе можеме да ги реализираме во наредниот период, но се надеваме дека ќе успееме во тоа што го имаме поставено како наша цел и ќе продолжиме со исто темпо и во иднина.

Н.Вуковиќ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...