Игор Стефановски Иџе

Летечкиот Македонец тргнува во нов поход

Со поддршката од семејството, вредната работа на мојот тим и со позитивната енергија од навивачите само небото е граница.

Кога имаш сон и амбиција, ниту еден врв не е недостижен. Доказ за тоа е нашиот автомобилистички шампион, Игор Стефановски Иџе, кој повторно е пред нов предизвик, овој пат како дел од првата национална екипа која ќе се натпреварува на ФИА ЕТЦЦ Шампионатот 2017.

Без разлика на неговиот пласман, Стефановски ќе биде запишан во македонската спортска историја бидејќи ова е прв пат Македонија да биде регистрирана во ФИА под своето уставно име.

Летечкиот Македонец деновиве, во Телеком иновативниот центар, го промовираше новиот „ѕвер“, Сеат Леон, со кој ќе атакува кон врвот на шампионатот за кружни патеки. Во присуство на медиумите и своите фанови, Иџе им се заблагодари на спонзорите, меѓу кои и Македонски Телеком, кои помогнаа во реализацијата на овој проект.

Во разговор со него откривме кои се неговите очекувања, колку е задоволен од новиот автомобил, а воедно и колку е тешко да се задржи концентрацијата за време на трките.

1.Имаш нов тркачки автомобил, тргнуваш во нов автомобилистички поход...Како се чувствува и што очекува нашиот „Летечки Македонец“ од претстојниот ЕТЦЦ шампионат?

-Да, во оваа сезона втора по ред за мене во ЕТЦЦ, имам нов автомобил и чувството е прекрасно. Сè си доаѓа на свое место. Кога ги освојував европските титули на ридски патеки возилото беше мое и како што досега знаеја да ми кажат некако "сраснавме" и бев непобедлив. Се надевам дека истото ќе се случи и сега.

2.Многумина би те нарекле преамбициозен поради тоа што реши сам да го склопиш тимот со кој што ќе настапиш, но од друга страна велат дека волкот е дебел во вратот зошто сам си ја врши работата. Колку време и труд те чинеше реализацијата на целата идеја?

-Да, амбициозен сум, но за освојување на први места тоа е потребно. Што се однесува до тимот, мислам дека е сосем нормален тек на настаните околу мене имам доверливи, вредни и стручни луѓе, бидејќи, во крајна линија, на нив им го доверувам и животот во тие моменти. Така да целиот труд, време, нерви и адреналин кои во изминатиот период се потрошија се за вистинска работа и за вистинска екипа.

3.Започнуваш со трката на патеката во Монца, дали очекуваш повторување на доброто возење од Имола?

-Монца е легендарна патека и чест ми е што како Македонец ќе возам. Нашето знаме ќе се вее на почетокот на трката, а се надевам и на крајот. На пиедесталот секако. Имола беше трка која ми овозможи да бидам на истото место каде што биле Прост, Сена, Шумахер, Хамилтон... Тоа е највисокото место на пиедесталот и е прекрасно. Му посакувам на секој млад спортист да го има тоа чувство. Очекувам добро возење и победи на сите трки од шампионатот.

4.Кажи ни нешто за новото возило, дали соодветствува со твоите тркачки перформанси?

За разлика од минатата година сега ќе се натпреварувам со возило кое ги има истите карактеристики како и моите конкуренти. Моќно силно возило со прекрасни перформанси, но... Ајде да ви парафразирам...Војната не ја бие оружјето, туку срцето на јунакот.

5.Како изгледаат подготовките пред една трка? Правиш ли некоја стратегија или пак оставаш ситуацијата да одреди како ќе оди возењето?

Како изгледа? Па вака...Има нутриционист, кондиционен тренер, физиотерапевт, психолог, општ лекар, готвач и уште неколку луѓе, но така изгледа во другите тимови, кај нас тоа го нема. Сепак, има нешто друго! Посветеност, љубов за спортот, сериозни анализи, другарство, смеа итн.

6.Колку е тешко да се задржи концентрацијата за време на трката, со оглед на тоа дека и најмалата грешка може да предизвика проблем?

-Не сакам да изгледа како клише, но верувајте ми дека кога ќе влезам во автомобилот и кога ќе ги видам светлата како го означуваат стартот ми се чини дека преминувам во друга димензија. Концентрацијата е на највисоко можно ниво, желбата да победам дури понекогаш ги надминува и размислувањата за мојата безбедност, но така е во овој спорт.

7.Велат дека, да се задржиш на врвот е уште потешко од тоа да се искачиш до него. Како се справуваш со притисокот од очекувањата кои што луѓето ги имаат во однос на тебе, а воедно и од оние кои ги имаш самиот кон себе?

-Не чувствувам притисок бидејќи очекувањата на моите фанови се и мои очекувања. Луѓето го препознаваат тоа, ја препознаваат мојата искреност, посветеност и напор и затоа имам прекрасна симбиоза со моите подржувачи.

8.За добар возач нема лоша и добра патека. Сепак, постои голема разлика помеѓу ридските трки и ова што го возиш сега. Што ти причинува поголемо задоволство?

-Да, огромна е разликата, но љубовта кон автомобилизмот е иста. Задоволството од искачувањето на едно ниво повисоко секако е големо, впрочем како и сè во животот. Одиме понатаму!

9.Иџе е идол на многумина, но има ли Иџе идол?

-Лично идоли ми се фер, чесни и честити спортисти и се трудам и јас да бидам таков. Што се однесува до спортисти во автомобилизмот не би можел да издвојам никого бидејќи сите имаат свои специфични вештини и начини на возење и од сите би сакал да "украдам" по нешто.

10.Ти си првиот лиценциран возач за Формула 1 во Македонија. Каде се гледаш во иднина...Можеби во црвениот болид на Ферари?

-Со поддршката на моето семејство, со вредната работа на мојот тим и со позитивната енергија од моите навивачи - небото е граница.

Н.Вуковиќ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...