ИНТЕРВЈУ СО ЃОРЃИ ЦУЦКОВСКИ

Среќен просечен Македонец заљубен во својата професија

Нашата уметничка сцена е преполна со таленти, кои се успешни и препознатливи во Македонија, но и во странство.

Нивните претстави се пропратени со долгостоечки овации од публиката, но и со брзо распродадени билети. Оперскиот пејач Ѓорѓи Цуцковски е совршен пример за еден таков талент, кој уште од мали нозе се насочил кон оперското пеење. Како што сподели со нас, токму операта е неговата вистинска љубов. Учел во музичко училиште, потоа се запишал на музичка академија, за набрзо да започне да настапува во опери во Македонската опера и балет, подоцна да настапува и како солист, за еден ден да стане уметнички директор, а оваа година и селектор на фестивалот Охридско лето.

Некои го запознале по аријата на Калаф во „Турандот“ на Џакомо Пучини, други како амбициозна личност полна со оптимизам за животот, а сега, македонската јавност доживеа да го види и како музички селектор на Охридско Лето. Кој е всушност Ѓорѓи Цуцковски?



-Големиот талент и насочување на истиот од најрана возраст, желбата, истрајноста и постојаното доусовршување на сопствените уметнички предиспозиции, допринесоа македонската музичка јавност уште на мојата 20 годишна возраст биде запознаена со мојата вокална репродуктивност на сцената на Македонската Опера. Сепак за себе можам да кажам дека сум еден исклучително среќен просечен Македонец, кој успеал да ги спознае своите квалитети, да се занимава со професија која е негова исконска љубов, да даде општествен допринос за одржување и развој на културата и да живее и работи во својата држава и својата матична оперска куќа.

Особена чест е да се биде селектор на најреномираниот уметнички фестивал во југоисточна Европа. Да се има можност сите лични интернационални контакти да се преточат во високо квалитативна уметничка програма, која би ги задоволила високите критериуми и на најистенчените уметнички консументи, а притоа да се внесе свежина и нова визија во фестивалската програма задржувајќи ги традиционалните вредности на сериозната музика во исполнение на најафирмираните светски музички уметници дополнета со џез, рок и светска музика како понуда за пошироки народни маси.

Ѓорѓи Цуцковски е дете што мечтае, момче што го работи и го живее својот животен сон, маж кој ги прифаќа сите предизвици на секојдневието и граби по своите цели и идеи во иднината.

Солист си на Македонската опера и балет уште од 19 години, а подоцна стана и уметнички директор. На многу млади години започна со нижење успеси. Како се носиш со сите одговорности?

-

-Сѐ што ми претставува работна обврска за мене претставува задоволство, а не обврска, оттука одговорноста кон себе е секогаш најголема. Понекогаш имам чувство дека се натпреварувам со самиот себе и неретко се себестимулирам дека можам уште повеќе. Овациите од публиката по одлична претстава ми претставуваат еден вид на сатисфакција, но одговорноста да се води Национален ансамбл е вистински предизвик, кој ме мотивира да размислувам како вистински квалитетните уметнички кадри правилно да се насочат, како млади таленти да добијат можност на реализација, како системски сѐ да функционира во најдобар ред...

Покрај бројните настапи во Македонија, имаш настапувано во многу европски метрополи, но и во Америка, Кореја, Јапонија и Кина. Кој е настапот кој никогаш нема да го заборавиш?

-Иако возбудата и тремата се на највисоко ниво кога настапувам пред сопствената Македонска публика, вистина е дека во себе носам прекрасни спомени од досегашните интернационални гостувања. Можеби како третман кон уметник од страна на публиката имам најубави спомени од Јапонија, толкувајќи го ликот на Алфред во операта во Осака или можеби од скорешниот настап со Шангајската Филхармонија во Кина. Пред седум дена имавме вистинска одлична претстава во Народно Прозориште во Белград...

Спомените се нижат, но големите работни ангажмани нѐ учат дека мора да размислуваме и работиме на следниот ангажман.



Дали во Македонија се почитува оперската сцена и дали постои свест за трајните вредности дури и кај младата генерација?

-Мислам дека Македонија како млада држава има вистински уметнички потенцијал. Ова е почва на уметници од светски квалитативен ранг и сите со своето работење даваме мал, но сепак важен допринос за одржување и развивање на македонското културно живеење.

Едукација на публиката од најмала возраст, богата и разновидна уметничка понуда и нега на квалитетните македонски уметници е само дел од она што би требало да се подразбира под национална стратегија за развој на културата. Сметам дека имаме млада публика и искрено се радувам на преполните сали на нашите уметнички институции. Секогаш можеме повеќе и подобро.

Сега како селектор на Охридско Лето, што е она што може да го видиме поразлично од претходните години?

-За прв пат во историјата на фестивалот, музичката програма брои 40 музички настани со повеќе од 350 музички исполнители. На сцените низ Охрид ќе продефилираат уметници од сите земјени меридијани, кои во моментов претставуваат највисоко ниво на уметничко исполнување. Само дел од новитетите на фестивалот се нестандардното отворање со најафирмираниот џез квартет на денешницата заедно со Македонската Филхармонија „Fourplay“, потоа гостувањето на најпознатиот барокен оркестар Armonia Atenea, мега проектот Вивалдиано, руските пијанисти Љиља Зилберштајн и Александар Синчук, па сѐ до офф програма како концертот на Влатко Стефановски со Битолски Камерен оркестар, воведување на џез викенд, како и 2 семинари за млади уметници.



Што е следно по Охридско Лето? Каде може да те слушнеме?

-Веднаш по фестивалот во септември имам солистички концерт на фестивалот во Цавтат, Хрватска, а веќе во ноември имам 8 претстави во Кина. Секако дека ќе бидам дел од репертоарот на Македонската Опера, но околу ангажман на матичната сцена се уште немам информација.

Кога не би бил оперски пејач, која би била твојата професија? Дали повторно би се занимавал со уметност?

-Уметноста во сите сегменти е основен двигател на моето работење и не верувам дека би можел да се пронајдам во нешто спротивно. Како голем љубител на балетот, драмата, сликарството, сигурен сум дека некаде добро би се вклопил, но сепак Операта е мојата прва и вистинска љубов.

За крај, во што веруваш?

-Верувам во Бога, во себе, во добрината на луѓето (барем сакам да верувам). Верувам во вистинските вредности, во чесноста и во достоинството. Верувам дека сите имаме обврска кон себе да работиме на себе да бидеме подобри, поуспешни, посолидарни... Најмногу верувам во љубовта кон животот и љубовта кон цело взаемно опкружување.

И.Витановска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...