3-ТИ ПАТ НАЈДОБАР МЛАД НАУЧНИК

Со фитомедицина до здрав и отпорен организам

Драган Јованов е млад перспективен научник од областа на фитомедицината, тема за која сè повеќе се зборува во Македонија,  и во светот воопшто.

Драган е прогласен за најдобар научник во регионот три пати по ред, што само по себе доволно зборува за неговата успешност во оваа област.



Колку ти значи фактот што три пати ја освојуваш наградата за најдобар млад научник  нa Eвропскиот мултидисциплинарен конгрес ,,Исхрана будуџности, Србија?

- Наградата значи дека има луѓе кои ја следат мојата работа и напредок. Јас сум горд поради тоа. Учество земаа академици, професори, доктори, магистри и др., од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Италија, Словачка, Филипини, Хрватска, Словенија, Америка, Велика Британија, Австрија, Швајцарија, Шветска, Канада, Русија, владини и невладини организации.

Koнгресот е единствена манифестација од ваков вид веќе седма година по ред и бележи сè повеќе посетители, бидејќи на специфичен начин ги обработува темите кои причинуваат здравје и среќен начин на живот.

Терминот ,,Исхрана будучности“ значи како да се обрне внимание на тоа да е подеднакво важно тоа што внесуваме во својот организам, како се однесуваме кон него, начинот на кој мислиме, нашиот однос кон луѓето како и кон природата.



Колку е распространета фитомедицината во Македонија?

-Фитомедицината во Македонија зема во последно време поголем замав, луѓето се свесни дека науката е пред сè, и сакаат да се вратат на природата.  Фитомединицата е наука во која се изучуваат лековитите својства на растенијата и претставува метод на лекување, одржување и спречување на болести и тегоби со употреба на цели лековити растенија или нивни делови (корен, лист, цвет и др.) во вид на чаеви, тинктури, етерични масла и екстракти.

Нешто слично како алтернативната медицина?

- Современата фитомедицина не е ,,алтернативна медицина“ туку дел од научната медицина и ја чини основата за превенција и помош при одржување, подобрување и лекување на разни болести кои го напаѓаат организмот. Кога се лекувате со фитомедицински билни препарати треба да бидете трпеливи, бидејќи нивното делување е поспоро, но подобро, она што лесно се стекнува лесно и се губи, она што долго трае станува составен дел од нашата отпорност и издржливост.

Лековитите растенија можете да ги употребувате за сите здраствени проблеми, зависно од стадиумот и тежината на болеста, зависи и тоа колкав ефект ќе постигнете со нивна правилна, континуирана употреба. Со употреба на лековитите растенија  во организмот внесувате неопходни супстанци за вашето здравје (етерични масла, витамини, природни антиоксиданси, флавониди, минерали, ензими и др.) и задоволувате исклучиво важни сегменти од сложениот човечки биолошки систем. Со тоа го зајакнувате вашиот организам, станува поотпорен, ги подобрувате метаболитичките процеси и ги отстранувате штетните материи од организмот и не постои  дефицит од најпотребните материи.

При користењето на лековитите растенија кој дел најчесто се користи?

-Корисните состојки од лековитите растенија најчесто се наоѓаат само во еден дел од лековитото растение и тој дел се користи како билна дрога. Од лековитото растение за да ги извадиме сите корисни состојки најчесто ги потопуваме со вода.

Дали неправилната употреба на некои растенија може да има сериозни последици по нашето здравје?

- При неправилна употреба на лековитите растенија може да дојде до гадење и повраќање, а од некој отровни растенија и смрт. Треба да се внимава.

Дијабетот е една од најпространетите болести на современото живеење. Што најчесто препорачуваш на луѓето кои боледуваат од оваа болест?

- Пред сè промена на начинот на исхрана, а го препорачувам мојот специјален чај за Дијабетес.

Социјалните медиуми како Инстаграм постојано промовираат т.е. здрави трендови на исхрана. Колку тие „препораки“ држат вода?

- За мене лично органската храна и органското производство е број еден.

Кога сме веќе кај органската храна, што сè треба да се направи за да се инкорпорира овој тип на храна во нашата земја?

- Ние како земја имаме 200 илјади хектари необработлива површина, ете простор за органско производство. Меѓутоа треба тоа добро да се субвенционира за да има што повеќе органски производители, процесот не е едноставен треба услови.

Органското земјоделство ефикасно ги решава овие проблеми, затоа што нуди похуман начин на производство на храна, во прв план ги става здравјто на човекот и ја почитува природната еколошка рамнотежа избегнувајќи загадување на околината. Toa е насочено кон иднината и на понатамошен развој не само од аспект на заштита на животната средина и унапредување на здравјето на луѓето, туку и од аспект на економски просперитет.

Органското производство на храната се темели на билошката контрола и исфрлање од употреба на тешките хемиски средства. Тоа значи здрава земја, семе кое не е третирано хемиски, наводнување со чиста вода и забрана за употреба на какви било хемиски средства за прскање.



Што мислиш за начинот на кој се исхрануваат  луѓето во Македонија, односно какво мислење имаш за нашата кујна?

- Ние како земја имаме релативно највкусна и најздрава храна, но тоа треба да го сочуваме, се менуваат времињата, треба да останеме доследни на оние автохтони работи, кои во иднина ќе нè чинат многу.

Од неодамна стана советник за животна средина. Според тебе, што треба  да се направи за да се подобри квалитетот на животната средина во која живееме?

- Колективната свест на народот пред сè, да се обнови возниот парк со електрични или хибридни возила, да се направат еко-паркинзи, да се засади што повеќе зеленило, да се отворат центри за рециклирање на секаков вид на отпадот и да се гасифицира цела Македонија со што би се намалиле трошоците од семејниот буџет на граѓаните. Има и други работи, но еве дел што се битни.

Д.П.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...