ЈОВАНА СТОЈМЕНОВИЌ

Уживам во подготовките за средба со гледачите

Гледачите кои ја следат утринската програма „Ја сакам Македонија“ веќе добро ја познаваат Јована Стојменовиќ.

Харизматичната водителка која плени со својата појава деновиве ни раскажа како се снаоѓа во улогата на главен и  одговорен уредник на магазинот „Убавина и Здравје“, а воедно и кој е најголемиот предизвик со кој се соочила во текот на долгогодишната кариера.

Од неодамна стана главен и одговорен уредник на женскиот магазин „Убавина и Здравје“. Како се снаоѓаш во оваа улога?

- Го подготвувам ноемврискиот или мојот деветти број откако сум главен и одговорен уредник на „најстариот и најпосакуваниот женски магазин во Македонија“ како што гласи слоганот. „Убавина и здравје“ е 10 години е присутна на пазарот како македонско издание. Станува збор за лиценциран магазин кој има своја верзија во сите бивши Ју-републики, па особено ми е чест што јас ги создавам нашите, македонски приказни за убавината, здравјето, модата и животниот стил генерално. Тоа се теми кои мене лично многу ме интересираат како и повеќето жени, па уживам во целиот работен процес. Од аспект на новинар и жена која е повеќе од 10 години има постојан медиумски ангажман во ТВ Сител, мислам дека имам одличен производ заедно со тимот на „Убавина“ и мислам дека читателките засега го потврдуваат тоа.

Со оглед на тоа што го уредуваш „Убавина и Здравје“ како според тебе треба да изгледа идеалната жена оваа сезона?

- Идеалниот изглед за една жена е да биде задоволна од себеси и да го рефлектира тоа задоволство во околината. Самодовербата е многу важна во впечатокот кој некој би го нарекол идеален, а за да имаме самодоверба треба да бидеме сигурни во себе, во своите способности, изглед... За тоа да биде така, треба и да работиме на себе. Од аспект на изгледот најважна е храната и негата, а потоа и работа на стилот. Лесно ќе направите модна или „бјути“ икона од жена која има негувана кожа, коса, нокти, заби, добра фигура во форма... Доволно е да ги следи бјути трендовите за шминка и нега или модните трендови и идеи за стајлинзи во сегментот мода на „Убавина и здравје“

Што е поинтересно да се пишува за печатен медиум или да се биде на ТВ екраните?

- Сосема е различно бидејќи во споменатите два медиуми се комуницира со публиката или читателите на различен начин. Утринската програма „Ја сакам Македонија“ е ТВ магазин каде јас сум главниот комуникатор во деновите кога сум на програма и имам поинаква одговорност во презентирањето на планираните и замислените содржини, и таму се се случува моментално и во живо и потребна е подготвеност за секој миг или непредвидена ситуација, но таа си доаѓа со искуството. Темите се прилагодени за таргет-групата или гледачите кои се пред екраните наутро. „Убавина и здравје“ е печатен магазин, месечник кој нуди поразлични начини за креативното изразување, пред се пишувањето, кое од детските денови ми било предизвик, а темите кои ги третираме пак имаат поразлична публика. Јас мислам дека во утринската фокусот е на информацијата додека во магазинот на доживувањето.

Луѓето наутро се будат со твојата убавина пред малите екрани. Секогаш си различно облечена и во одлично расположение, како го постигнуваш тоа?

- Уживам во подготовките за средба со гледачите кои се секогаш темелни и од аспект на изгледот. Сакам секогаш да бидам достојно дотерана за таа средба и секогаш поинаква за моите гледачи. Расположението произлегува од љубовта, страста би рекла, кон оваа работата која ми е вродена, а и од одговорноста. Никој не е должен да му рефлектирате грижи или незадоволство преку екранот само затоа што вие минувате низ нив. Гледачите сакаат да им биде пријатно вo ваше друштво, а нерасположен човек, не е добро друштво.

Од сите емисии кои до сега си ги снимала како дел од утринската програма на Сител ТВ, кој гостин ти оставил најголем впечаток?

- Не можам да одберам еден гостин. Секој пат учам нешто ново од луѓето кои доаѓаат кај мене во програма и ги гледам нивните начини на кои би сакале да се презентираат себе си или она поради што дошле, како се справуваат со тремата пред камерите... Секој оставил некаков впечаток подобар или помалку добар, но јас не сум таму за да судам, туку да помогнам сите да бидеме задоволни, јас, телевизијата, гостинот и најважно – гледачите!

Кои се трите клучни вредности по кои се водиш во животот?

- Љубов, останатите емоции кои ги следат нештата кои ги правам или ми се случуваат, емоциите ми се многу важни и ги следам, слушам, и темелност на пристапот кон се што ми е важно.

Кој е најголемиот предизвик со кој што си се соочила во текот на долгогодишната кариера?

- Мислам дека минувам низ него во овој период, но предизвиците се случуваат со причина и добрата работа од нив е што можат да го извлечат најдоброто од вас. Предизвиците настапуваат нагло и привидно сакаат да не сомелат, но мислам дека клучот е да не пружаме отпор на нивната сила туку наместо борба со околностите и притисоците да влеземе во некаков танц во ритамот кој го диктира предизвикот. Ете така, малку филозофски за крај.

Д.П



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...