Интервју со д-р Андријана Богдановска

Како до иновации? Со трансфер на знаење!

Повеќе сектори во земјава имаат потенцијал за иновации

Иако географски бaлканско-медитеранската област има стратегиско геополитичко и економско значење, сепак страда од фрагментација на пазарот, висока стапка на невработеност и ограничени вештини на работната сила.

Со цел да се поттикне потенцијалот за претприемништво, потребни се активности за отворање на нови бизнис модели, особено оние кои промовираат иновации и поддршка на интернационализација.

Токму за справувањето со идентификуваните слабости и насоченоста кон младите луѓе преку иновативни модели базирани на трансфер на знаење коишто ќе ги доближат нивните потреби со побарувачката на пазарот со цел одржување на развојот и растот во Р. Македонија, ИДИВИДИ разговараше д-р Андријана Богдановска, директор на Центарот за управување со знаење и проектен партнер на Европскиот проект “И3 – Идеи, пронајдоци и иновации”.

На почеток, претставете го проектот “И3 – Идеи, пронајдоци и иновации”?

- “И3” или “Образование за идеи, пронајдоци и иновации” е проект поддржан преку Interreg BalkanMed програмата на Европската унија, која се спроведува во периодот од 2014-2020 година. Ова е двегодишен проект кој започна да се спроведува во август минатата година, а се очекува да заврши кон крајот на јули следната година. Проектот го спроведува Конзорциум од 6 организации и институции од 5 земји на Балканско-медитеранската област. Целта е промовирање на територијалниот развој, соработка и поддршка на конкурентноста во Балканско-медитеранската област преку развивање, воспоставување и промовирање на модел за претприемачко учење и трансфер на знаење (идеи, пронајдоци, иновации - И3) за едукација на студенти и претприемачи. Моделот “И3” ќе служи како рамка за паметен и одржлив раст и има три главни фази на имплементација: истражување и анализа, создавање на модел и обуки. Сето тоа ќе се реализира во пет земји низ пет теми, и тоа: Албанија – “Животната средина”, Бугарија – “Начин на живот”, Кипар – “Енергија”, Македонија – “Информатичка технологија” (ИТ) и Грција – “Висока технологија”.

Која е крајната цел на проектот “И3”?

- Крајната цел е практична имплементација на Моделот “И3”, кој се развива како иновативна алатка. Се стремиме во негово прераснување во препознатлив бренд за промовирање на креативно, иновативно и насочено претприемачко учење меѓу дипломираните студенти и млади претприемачи. Носител на проектот е бугарскиот Економски форум од Софија. Центарот за управување со знаење е партнер на проектот од страна на Македонија, додека другите партнери вклучени во проектот се: Association "Committee Italy-Bulgaria 2013” од Бугарија, Technological Education Institute of Western Greece од Грција, Albania Center for Sustainable Development од Албанија и Cyprus International Institute of Management од Кипар. Освен тоа што Моделот ”И3” во рамките на овој проект понатаму ќе се развива како иновативна алатка, неговата додадена вредност во споредба со моделите од другите програми за обука за претприемништво е флексибилноста со фокус на специфични стратешки области кои бараат иновативен пристап. Тоа истовремено го овозможува и го стимулира креативното и претприемничко размислување и на тој начин ќе се искористат сите можности за бизнис во соодветните области.



Што е до сега направено и на што е фокусиран моделот “И3 ?

- Од отпочнувањето на проектот до сега спроведовме многу активности насочени кон собирање на податоци за иновативниот потенцијал и активности во одредени сектори во Балканско-медитеранската област. Имено, Моделот “И3” е фокусиран кон најкритичните сектори со највисок потенцијал за социјално-економски развој и придобивки во секоја од земјите партнери на проектот. Проектот е веќе во напредна фаза. Завршена е фазата на истражување и анализа а сега е во тек создавањето на “И3” претприемачкиот модел и работните активности се фокусирани кон неговото целосно понатамошно имплеметирање.

На кој начин ги обезбедувате потребните информации?

- Во текот на изминатиот период, односно во првата половина од 2018-та, напорно работевме за да ги обезбедиме потребните информации за главните социо-економски индикатори на макро-животната средината и за петте главни теми/сектори на моделот И3. За таа цел, спроведовме истражување, односно компаративна анализа на потенцијалот за развој на претприемништвото во петте главни сектори на “И3” моделот меѓу петте земји од проектот. Анализата е извршена за макро-животната средината и статусот и потенцијалот за развој на претприемништвото кај секторите: животната средина, енергија, ИТ, начин на живот и високи технологии. Анализата е спроведена на податоци од 2010- 2016 година за сите пет балкански држави. Наодите од истражувањето, даваат информации за клучните индикатори, кои ни ги откриваат спецификите на тековните демографски, социо-економски и други процеси релевантни за територијата на Република Македонија на различни територијални нивоа во земјата.

Споменавте дека е изработена компаративна секторска анализа за нашата држава, која ги вклучува петте главни теми од овој модел и тоа - животната средина, енергија, ИТ, начин на живот и високи технологии. Што покажуваат наодите?

- Тие укажуваат дека во истражуваниот период, фрагментираните податоците во сите “И3” сектори во земјава имаат силен потенцијал за иновации. Спроведените анализите за демографските индикатори, економските индикатори и индикаторите за труд и образование се многу интересни, но не поттикнуваат да размислиме подлабоко за новопостоечките трендови и нивната поврзаност со овие сектори. Од економски аспект, и покрај растот на БДП (во опсег помалку од 3%), што е помал од она што земјата во развој треба да биде во состојба да генерира вработување и вредност, постои одредено преструктуирање на економијата кон секторите со повисока додадена вредност главно поттикнати од извозот во индустријата за автомобилски компоненти. Сепак, негативното трговско салдо расте и со растот на извозот се укажува на фактот дека секторите кои се ориентирани кон извоз не генерираат вредност што останува во земјата. Ова може да се објасни со фактот дека просечните плати се многу ниски, дека трудот е евтин и непродуктивен, додека локалните МСП ретко учествуваат во синџирот на вредност на СДИ и други големи компании во земјата. На ова се надополнува демографските и социјалните трендови, кои не одат во прилог на овие наоди. Првенствено, и покрај растот на апсолутниот број на население, демографската состојба во земјата е предизвик, бидејќи населението брзо старее.

Од друга страна, бидејќи нема официјални статистички податоци, не се објаснува емиграцијата, што несомнео влијае врз социјалните индикатори. Тие пак укажуваат дека населението во работоспособна возраст има 70% стапка на активност. Работната сила е образована и доминираат вработени со средно образование, а се појавува растечки тренд на високообразовани луѓе. Ова е резултат на задолжителното средно образование и зголемената понуда на високообразовни услуги во земјата кои доаѓаат од јавни и приватни образовни институции. Сепак, невработеноста кај младите е се уште на највисока.



Кои се следите активности во рамките на “И3” проектот во однос на Центарот за управување со знаење?

-Во моментов сме насочени и фокусирани кон иновативен пристап на моделот “И3” и негово имплементирање. Тој обезбедува тестирање на поголемо, транснационално ниво и воведување во поголем обем за да ги фокусира напорите за решавање на заеднички регионални и локални проблеми - во нашиот случај преку стимулирање на иновативното претприемништво меѓу младите луѓе, претприемачи и МСП-ја. Првата фаза од неговата примена како иновативен модел на претприемништво е преку оддржување на специјализирани обуки во сите пет земји партнери на проектот да се овозможи врмежување и споделување на нови искуства за учесниците во обуките. Ваквите обуки ќе бидат одржани во втората половина на 2018-та, а во Република Македонија ќе се одржат кон крајот на октомври. Целта на обуките е да се изградат основни и специфични знаења и вештини, иновативно претприемачко размислување и мотивација. Спроведувањето на обуките ќе се врши преку организирање на тридневни семинари со интензивна програма за обука која се состои од основни модули за обука и специфични модули за обука во петте првично идентификувани теми/сектори за иновативна претприемачка иницијатива на “И3” моделот. Како истражувачки центар планираме активно да продолжиме да работиме на нови проекти за развивање, промовирање и поттикнување на иновациската дејност во Р. Македонија.

Исто така, спроведуваме различни обуки за поддршка на иновациски дејности, за развој на иновации, и за остварување на забрзан технолошки развој, базиран на трансфер на знаење. Наша цел е да станеме лидер во управувањето со знаењето во сите овие области и да продолжиме со добрата работа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Професор прашува студент по медицина:
- Колега, како ќе познаете дали некоја жена е бремена?
- Па, ќе има голем стомак и пеги по лицето.
- Аха. А јас имам ли голем...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги...
Верски календар
На денешен ден
1835.- Во Париз умре Винченцо Белини,...
1905.- Шведска ја призна независноста на...
1908.- Во Солун, во кафеаната "Бошњак-ан",...
1941.- Во Лондон, на конференцијата на...