ВО 4 ОЧИ СО ИВА СПАСОВСКА

Слободата на мојот избор е во мои раце

За да го изградите својот стил, најпрво треба да се запознаете себе си.

Во разговор со модната дизајнерка, Ива Спасовска, денес зборуваме за модата, страста, посветеноста и безрезервната љубов со кои ги создава своите креации, како и за нејзината одлука да замине за Лос Анџелес, каде како што вели е опкружена со луѓе кои секојдневно ги градат своите соништа.



1.Како одлучи да градиш кариера на моден дизајнер и што сè e потребно за да се стане успешен во оваа професија?

-Кај мене работите во животот се случуваат спонтано и природно. Не беше момент на донесување на одлука, туку преку моите творби креирани со љубов, без никаква причина и цел станав моден дизајнер. Тешко верувам дека само одлука може на некој да му донесе вистинска титула. Тајната е во страста, во огнот кој гори додека само помислувам на тоа, а пак додека го правам тоа што го сакам, тогаш доживувам екстаза. Како што побарувачката од клиентите растеше, така и мојата мотивација да креирам континуирано се зголемуваше.

2.Твоите креации едноставно оставаат без здив и лесно може да и се допаднат на секоја девојка. Каде најчесто ја наоѓаш инспирацијата за нивното креирање?

–Ви благодарам, ми значи секое ваше признание. Инспирацијата извира од мене, собирам убавини насекаде околу мене и како вулкан извираат во неочекуван момент од моето постоење. Најчесто ме инспирира природата, како таа дише, како се движи и менува, женственоста и нејзината божествена енергија. И самата се инспирирам од себе си, од дивината која е во мене, огнот во мене и страста кон повеќе работи, мојата храброст која ја чувствувам во себе и сето тоа е најчесто за време на моите медитации.

3.Дали ја користиш модерната технологија при дизајнирањето или сепак е подобро идејата да се изрази со цртање на парче хартија?

-Мојот одговор не лежи ниту во едното, ниту во другото. Напротив и двете се вештачки за мојот дух, јас креирам за живо тело. Сега, тука, веднаш и засекогаш.



4.Велат дека во странство многу полесно се гради успешен бизнис, а воедно и се заработува многу подобро. Иако тука е потежок патот до успехот, ти успеа да го постигнеш. Која е причината која те натера да ја напуштиш Македонија и да започнеш да живееш во Лос Анџелес?

-Би сакала да поверувам во тоа, но за да можам вистински да одговорам ќе си дадам уште некое време за да го искусам модниот бизнис во Лос Анџелес. Да се одржи креативен бизнис во Македонија шансите се еден спрема сто, но со оглед на тоа дека конкуренцијата е послаба или би рекла поретко се охрабруваат вистинските креации да се покажат на пазарот, клиентите побрзо го препознаваат уникатот и квалитетот, додека тука во Лос Анџелес приказната е сосема друга, но не и обесхрабрувачка.

Најголемата причина да се преселам во Лос Анџелес е страста да бидам со оние како мене, да функционирам со луѓе кои секојдневно ги градат своите соништа, млади и полни со ентузијазам, како на бизнис, така и на личен план, на спиритуален и буквално секаков. Ја имам таа можност да патувам, така да паралелно го работам и моето прво ателје. Бидете спремни да ме видите со изненадувања и новости околу брендот.

5.Во твоето ателје доаѓаат најразлични луѓе, меѓу кои и познати личности. Дали е потешко да се дизајнира за нив или за останатите клиенти и дали некогаш си имала клиент чија што замисла едноставно не може да изгледа автентично во реалноста?

-Од аспект на пристап, дали е клиент или пејач кој што исто така е клиент, технички е сосема исто само има разлика во сценски костим и модна тоалета за специјален настан на клиентката. Од аспект на енергија и љубов, подеднакво вложувам и во двата случаи.

6.Доколку би можела да избереш, дали би дизајнирала за некоја светска модна куќа или пак би пробала својот бренд да го направиш конкурентен на светскиот пазар?

-Слободата на мојот избор е во мои раце. Како отворена личност можам да кажам дека дојдов во искушение да работам со најголемите светски модни куќи тука во Л.А., но не наоѓам поента да вложам во идеја за друг да се потпише на неа, мојот мотив никогаш не биле финансиите. Мене ме храни вистината.



7.Успешна кариера и успешен приватен живот...Дали двете одат рака под рака?

-Успешна кариера и успешен приватен живот се релативни термини кои за секого значат различно, но ајде да пробам да одговорам на кратко. Оној кој што знае зошто е дојден на оваа планета ќе знае со кого и како да го поминува своето драгоцено време, оној кој ќе работи на себе секој ден знае за што зборувам. Секако дека одат заедно.

8.Ти и Силвио Сетинов важевте за совршена двојка меѓу познатите парови. Која е причината за вашата разделба?

-Ми се допаѓа дека веќе имате заклучок и врз база на заклучокот ја барате причината. Одбирам да го одговорам прашањето затоа што сметам дека како јавна личност веќе е демоде да ја криеме приватноста, а посебно сега кога преку социјалните медиуми секој за секого знае сè, од храна до дневни ритуали. Јас и Силвио сме во прекрасни односи, имавме уникатна љубовна врска од 4 години која премина во уште поблиска, а тоа е пријателската. Силвио е во Чикаго поради неговиот бизнис, а јас сега за сега, Лос Анџелес – Скопје.

9.Како една девојка треба да го гради својот стил?

–Една девојка најпрвин треба да почне да се запознава длабоко самата со себе, да почне да го поминува времето сама со себе и да се заљубува секој ден се повеќе во самото нејзино битие, во нејзината уникатност. Таквата љубов никако не е поврзана со себичноста, арогантноста, егото и гордоста. Е, откако ќе се запознае самата себе си, стилот ќе почне да извира од нејзе, да претекува секој ден, сè повеќе и повеќе, не преточен само во начин на облекување, туку и движење, однесување, искажување...



10.Дали навистина висината на личноста игра огромна улога при изборот меѓу краток и долг фустан или тоа зависи од други нешта?

-Како висината, така и фигурата на телото играат улога за да се одлучи дали да се одбере краток или долг фустан за една клиентка.

11.Што мислиш за модата во Македонија? Дали навистина знаеме како да ја следиме или сме принудени да се облекуваме според парчињата кои ни се понудени како "избор"?

-Во Македонија задоцнетата мода би ја препишала на економската нестабилност во државата и во менталниот склоп на народот. Интересно е колку вешто повеќето од Македонците ги кријат и двата недостатоци. Не е доволно да се имаат средства за да се следи мода. Пак ќе напоменам затоа што сметам дека најважно...Сè додека луѓето не се спознаат кои се, како можат да знаат што е за нив? Секоја чест на оние прекрасни Македонци кои ја живеат својата легенда.

С.В



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...