Иновациите го движат светот напред

Интервју со д-р Андријана Богдановска

Знаењето е најсилна и најмоќна алатка за напредок на секој поединец и општество во целина. Постојаното негово унапредување треба да претставува основен приоритет.

Оттаму, соработката, разменувањето на искуства и создавањето нови модели се основа за создавање нови идеи и иновации. За насоченоста кон младите луѓе што ќе овозможи доближување на нивните потреби со побарувачката на пазарот, а со цел одржување на развојот и растот во државава, разговаравме со д-р Андријана Богдановска, директор на Центарот за управување со знаење и проектен партнер на Европскиот проект “И3 – Идеи, пронајдоци и иновации”.



Неодамна го завршивте проектот “И3 – Идеи, пронајдоци и иновации”. Во рамките на овој проект двајца македонски иноватори добија признание за најдобри идеи.

-Точно. Викторија Бежовска и Нино Ристески се македонските иноватори кои во Патрас, Грицја и во Драч, Албанија добија признание за најиновативни идеи во рамките на И3 проектот. Во конкуренција на 50 иноватори од 5 држави, идеите за E3(Ефикасен, еколошки, економичен) велосипед и за пречистување на реките од цврст отпад „Riversave” беа истакнати како најдобри. Пред присутните инвеститори, иноватори и заинтересирани лица, изминативе две години беше истакната важноста на иновациите која како идеја ја носат младите иноватори.

Која беше целта на проектот ?

- Целта беше промовирање на територијалниот развој, соработка и поддршка на конкурентноста во Балканско-медитеранската област преку развивање, воспоставување и промовирање на модел за претприемачко учење и трансфер на знаење (идеи, пронајдоци, иновации - И3) за едукација на студенти и претприемачи. За поттикнување на потенцијалот за претприемништво беа потребни активности за отворање на нови бизнис модели, особено оние кои промовираат иновации и поддршка на интернационализација.



Како се одвиваше проектот во текот на изминатите две години?

- Моделот “И3” служеше како рамка за паметен и одржлив раст. Имаше три главни фази на имплементација: истражување и анализа, создавање на модел и обуки. Сето тоа се реализираше во пет земји низ пет теми, и тоа: Албанија – “Животната средина”, Бугарија – “Начин на живот”, Кипар – “Енергија”, Грција – “Висока технологија” и нашата земја – “Информатичка технологија” (ИТ).

Се стремиме Моделот ”И3” да прерасне во препознатлив бренд за промовирање на креативно, иновативно и насочено претприемачко учење меѓу дипломираните студенти и млади претприемачи. Во рамките на проектот одржавме пет обуки и обучивме 250 лица. Спроведовме многу активности насочени кон собирање на податоци за иновативниот потенцијал и активности во одредени сектори во Балканско-медитеранската област. При секоја нова средба во земјата домаќин заеднички беше заклучокот дека и во минатото и денес, но и во иднина, иновациите го движат светот напред.

Кој освен Центарот за управување со знаење беше партнер во проектот?

-“И3” или “Образование за идеи, пронајдоци и иновации” е проект поддржан преку Interreg BalkanMed програмата на Европската унија, која се спроведува во периодот од 2014-2020 година. Овој двегодишен проект го спроведе Конзорциум од 6 организации и институции од 5 земји на Балканско-медитеранската област. Носител на проектот беше бугарскиот Економски форум од Софија. Центарот за управување со знаење е партнер на проектот од страна на Македонија, додека другите партнери се: Association "Committee Italy-Bulgaria 2013” од Бугарија, Technological Education Institute of Western Greece од Грција, Albania Center for Sustainable Development од Албанија и Cyprus International Institute of Management од Кипар. Географски бaлканско-медитеранската област има големо стратегиско геополитичко и економско значење. Сепак, во економска смисла има многу недостатоци. Тоа се однесува на: одливот на кадри, фрагментацијата на пазарот, високата стапка на невработеност како резултат на неконкурентноста на пазарот на работна сила и во голема мерка на ограничените вештини на работната сила.

И.Н.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Хасо отворил аптека. Еден ден морал да оди на службен пат, па го замолил Мујо да го замени. Кога се вратил Хасо од пат го прашува Мујо.
- Се снајде ли!
- Ееее, како не бе!
- И...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Во Тауер Грин е погубен Томас Мор,...
1885.- Францускиот научник Луј Пастер за првпат...
1893.- Умре Ги де Мопасан, француски писател,...
1971.- Во Њујорк умре Луј Амстронг, познат под...