Порано ме бркаа чистачки, а сега манекенки - Тајната формула е...

Интервјуто телефонски го направи Бојан Бошковски

Албумот „Muzej Rеvolucije“ e објавен 7.11.2009-та година во Босна и Херцеговина и Хрватска. „Muzej Revolucije“ е деветти студиски албум на групата Забрането Пушење, а доколку се сметаат и 3-та компилации и 2-та live албуми, станува збор за 14-ти албум вкупно.

Албумот го отсвиреа членовите на групата Забрането Пушење:

  • Сејо Сексон – вокал, гитара, придружни вокали
  • Тони Ловиќ – електрична и акустична гитара, придружни вокали
  • Бранко Трајков Трак – тапани, ударни инструменти, придружни вокали
  • Роберт Болджар – виолина, клавијатура, придружни вокали
  • Пол Кемпф – клавијатури
  • Дејан Орекшовиќ Кло – бас гитара
1. Muzej revolucije
2. Modni guru
3. Kladimo se
4. Samir-time
5. Prigodne riječi
6. Express Folky Star
7. Kada Sena Pleše
8. Ustanova
9. Tvoja bosa stopala
10. U gradu gdje nisam rođen
11. Tijesno
12. Nije to (Čuva Bog Želju svog)
цел албум (zip)

Давор Шуќиќ, познат како Сејо Сексон, фронтменот на познатата балканска рок група Забрането Пушење, ексклузивно и за прв пат проговори дека доколку не би живеел во Сарајево, би живеел во Скопје. Прочитајте што ќе ни понуди Забрането пушење на претстојниот Турбо Рок Фестивал која што ќе се одржи на 11-ти март во Метрополис Арена во Скопје.

Вашиот последен студиски албум и го поклонувате на македонската публика преку ИДИВИДИ. Кажете ни нешто повеќе околу идејата да го делите Muzej Revolucije бесплатно преку интернет и откријте ни нешто околу албумот.

Тоа е нашиот последен албум, деветти по ред, инаку четврти откако е завршена војната. Албумот има дванаесет песни, снимен е во Хрватска, среден е во Америка. Поентата е тоа што не се обидуваме да заработиме на албумот, затоа што финансискиот дел од работата го завршивме со спонзорите, па затоа се решивме да го дадеме бесплатно за симнување во сите краеви каде досега не е излезен. Со тој потег сакаме да ја наградиме публиката, а голема чест ни е што со помош на Авалон Продукција и ИДИВИДИ тој е достапен и во Македонија.

Што симболизира името на албумот?


Паааа, тоа е повеќе метафора, поврзана со состојбата во рокенролот од времето кога почна самиот тој да биде спонзориран од големите фабрики на пиво и освежителни напитоци...така да рокенролот почна да наликува на нешто што го има само во музеите, тој е како пушка која што не пука, пиштол без куршуми.....во суштина сакам да кажам дека тој е толку многу искомерцијализиран што веќе ја има изгубено поентата.

Што ќе ни понуди Забрането пушење на Турбо Рок Фестивал?

Планираме да направиме еден сплет на песни и игри:) шала на страна, ќе отсвириме постари песни кои македонската публика веќе добро ги знае, и дел од новите песни кои веќе десетина години ги свириме во регионот и се докажале слично како јуниори на фудбалски натпревар, дека можат да бидат дел од првата постава. Ќе направиме вистинско турбо рок шоу.

На балканската музичка сцена има сè и сешто. Што мислите за тоа? Дали турбо фолкот го надвладеа рокенролот на овие простори?

- Јас никогаш не би ја делел музиката по жанрови и категории. Секоја музика се дели само на добра и лоша. Верувам во чесна работа, верувам во вештината, талентот и умешноста дека тоа што го работиш го работиш добро, а ние како рок музичари се трудиме музиката да направиме да звуци најдобро. Тоа што во моментов рокенролот е во стагнација, според мене е затоа што тој не е доволно квалитетен.

Дали ако не постоеше турбо фолкот, рокенролот немаше да биде во стагнација?

- Мислам дека со забранувањето на турбо фолкот, или со неговото непостоење, немаше ништо значително да се промени во рокенролот и неговиот моментален статус. Мислам дека рок музиката не би имала поголема публика ако се забрани фолкот...напротив истата таа би преминала на турски сапуници и друг вид на неквалитетна музика:)

Започнавте како ритам гитарист, па по 20 години преминавте да бидете пејач. Како сега се снаоѓате на сцената, што е поинаку од порано?

- Сега ме бркаат актерки и манекенки, а во времето кога свирев гитара ме бркаа чистачките и слугинките:). Ми требаше долго време да се навикнам на "новата" ситуација на фронтмен, и долго време си ја носев гитарата со мене бидејќи таа ,,ми даваше некоја сигурност. Додека свириш гитара можеш да завршиш и многу други работи, а сега главно сум сконцентриран на микрофонот, што значи го немам комфорот:)

Која е најдобрата работа која што ви се случила во изминатиов период?

- Би го одвоил новогодишниот концертот во Сараево, каде настапивме пред 30.000 луѓе, заедно со групата Bombaj Stampa, којa ја предводи Бранко Ѓуриѓ, инаку наш познат актер. Тоа беше одличен момент да се соберат многу луѓе, имаше одлична атмосфера и тоа е еден од поубавите настани во последно време што би го издвоил.

Кои се плановите на Забрането пушење за во иднина?

- Сега сме во процес на изработка на два видео спота. Едниот ќе се работи во Кападокија, Турција, другиот во Загреб. Спотовите ќе бидат готови летово, едниот ќе оди веднаш, а другиот ќе ја чека есента. ЦД-ето за сега одлично поминува, сè уште работиме на неговата промоција и се надевам дека ќе визуелизираме барем уште едно пет нумери.

Што ви останало во сеќавање од Македонија и Скопје?

- Македонија секогаш ширела љубов, па сега е време да и возвратиме. Секогаш имам кнедла во грлото кога доаѓам во Скопје, тоа е мојот втор град , втор дом. Луѓето се прекрасни, атмосферата е одлична и да не живеам во Сараево, сигурно би живеел во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...