Васка Леонтич, стилист

Ако сакате тренд, имајте префинет изглед!

Кај мажите се повеќе се обрнува внимание на стилот и имиџот

Во комуникацијата со луѓето секогаш е насмеана.Непосредноста е дел од нејзиниот карактер во кој професионалноста е на прво место. Долги години е синоним за изглед, стил и имиџ.
Васка Леонтич-жена која сака предизвици.
За поубав изглед препорачува да ја негувате душата, а потоа да ја посетите Академија „Леонтич

 

 

Во пресрет на есента ИДИВИДИ се сретна со неа и еве што откри:


Добар ден Васка како сте?

Одлично, со многу обврски, хаха.


Што ќе биде во тренд оваа есен во однос на естетскиот изглед?


Изминатата година започна враќање на модата, но со нови примеси. Годинава уште повеќе се нагласува женственоста што мене лично многу ме радува. Како стилист, сметам дека во ваков период на мода имаме многу голем избор и техники на работа. Притоа можеме да внимаваме на возраста, квалитетот на косата и кожата на лицето, професијата и имиџот кој го негува клиентот. Да се биде во тренд би рекла дека треба да се има префинет изглед
.

 

 

Поконкретно, во однос на боите на шминката и косата?


Во однос на шминката во тренд ќе бидат дискретни и моќни бои и нијанси(топла чоколада, огнени црвени тонови од најсветла до најтемна нијанса, златни топли тонови). Во однос на косата, прамените треба да бидат усогласени и не премногу нагласени. Формата на косата треба да биде нагласена и во полна линија. Или со еден збор, секаде се нагласува колку едноставна, но толку моќна фризура.


А, во однос на стилот на мажите?


Кај мажите се повеќе се обрнува внимание на стилот и имиџот. Веќе не во тренд како порано косата да биде кусо потстрижена, поточно избричена, туку напротив да биде подолга.


Постојат ли сеуште стереотипи во однос на мажите или и тие се послободно доаѓаат на одредени третмани?

Барем во нашето студио веќе не правиме разлика помеѓу жени и мажи во однос на третманите. И двата пола подеднакво ги бараат и користат третманите. Разликата е во тоа што мажите тоа го прават од чисто задоволство и опуштање, додека жените тоа го прават од страв да не се запостават.

Јасно е дека жените повеќе го следат трендот кај нас.

Дали тие ги слушаат вашите совети или сопственото мислење им е најважно?

Без разлика на тоа колку една жена клиент е упатена во трендот или во техниките на работа, ние како професионалци мораме да го спроведеме протоколот на работа до крај. Дали истите клиенти ќе ги прифатат нашите совети или не, одлучуваат самите според сопствените желби. Ние мораме да укажеме што е најдобро за клиентот без навреда и лутење.


 

Кога работите свадба или матурска прослава кај некоја дама, од што почнувате што ви е важно да знаете пред практично да ја разубавите?

Прашањето е навистина на место, зашто сега е период на свадби. Како прво, за мене е најважно за каков тип на свадба се работи, традиционална со стор протокол или модерна журка или прослава. Кога ќе знам каде ќе се одржи прославата можам да планирам, но не и да одлучам до крај. За тоа ми се потребни дополнителни информации околу венчаницата, какво цвеќе ќе преовладува. Потоа дури почнувам со мои предлози и избор на модни додатоци како и за тоа како треба да биде направена фризурата. Посебна слабост ми се свечените фризури и ги обожувам. За нив и за моите клиенти изработувам и модни додатоци за свадба, матура или за било која друга свечена прилика.


На тој начин Вашите фризури веќе години наназад се препознатливи и се паметат.


Благодарам ако така мислите! Уникатноста и единственоста на тој тип фризури овозможува истите да се препознатливи. Колку години и да поминат, трендот на тие фризури и печатот кој го оставиле не поминува. На овој факт посебно сум горда, бидејќи фотографиите на кои ги има се прегледуваат со години.


Вашата Академија нуди и образование, стручна едукација на кадри. Што во следнава учебна година нудите?

Да, така започнавме прво со курсеви, па со средно стручно училиште за фризери, шминкери, козметичари и масери. Сега, во подготовка се специјалистички програми, за да на крај здравје Боже завршиме со високо образование. Подготвуваме два нови профила за обучниот центар и две нови дејности во средното училиште за кои повеќе ќе зборувам догодина на самата промоција.


Дали има интерес?


Огромен е интересот. Нашата професија секогаш е и ќе биде актуелна. Она што го забележувам е дека интересот не е веќе со толкава страст и желба како порано, бидејќи и трендот во нашата професија се менува.


Може тоа преку конкретен пример да го илустрирате?


Да, денес најмногу се бара комуникација. Со теренската работа се повеќе млади не сакаат да бодат врзани во салон. Да задржите млад фризер во салонска пракса денес е научна фантастика. Младите сакаат повеќе популарност, публицитет, да се идентификуваат со медиумските лица и се што е поврзано со светот на шоу бизнисот. Знаете, салонската работа не се раководи со таков стил на живот и работа кога паралелно одите на журки и забави.


Но, вие обучувате кадри и за теренска работа?


Да и разликата е голема од некогаш и денес. Токму поради таа временска разлика постојат и ваков тип на обуки кои се за теренска и салонска работа. Изборот го оставаме на оној кој решил да гради кариера. Ме радува фактот што се повеќе во Академијата доаѓаат мои колеги на дообука и со целосна доверба ги праќаат и своите деца за да од почеток ги изучуваат вештините и техниките. За македонски услови ова е за пофалба!


 

Само за читателите на ИДИВИДИ, откријте им кој Вас ве средува, хаха?

Одамна некој ова јавно не ме прашал, хаха. За мене се грижи целиот тим на Академија „Леонтич. Огромно задоволство ми причинува фактот кога ме третираат учениците без разлика дали станува збор за козметичари или фризери. На овој начин можам да видам кој на каков начин напредува и колку е вешто со некоја техника. Ме радува и тоа за колку време и со кој стил ќе ме претстават во јавноста. Нема ништо поубаво од свој производ, односно да гледате како се развиваат идните колеги и стилисти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...