Бајага

80% од животот се занимавам со музика

Навистина, некако сакам да свирам во Скопје и во Македонија

Денеска започнува петтото издание на фестивалот на пивото „Пиволенд”. Богатата понуда на пијалаци и гастрономски специјалитети ќе биде збогатена со богата забавна програма. На вечерашното отворање, главен настан ќе биде концертот на Момчило Бајагиќ Бајага и Инструктори. Пред доаѓањето во Скопје ИДИВИДИ ексклузивно разговараше со Бајага.



Добар ден, како сте?

Одлично. Се подготвувам за тргнување кон Скопје и многу се радувам на повторната средба со мојата македонска публика и со пријателите.

„Бајага во Скопје” веќе стана вообичаена вест, односно, нормално е, барем еднаш во годината да Ве имаме со концерт. Колку Вие се радувате на Скопје и на повторната средба со македонската публика?

Навистина, некако сакам да свирам во Скопје и во Македонија. Секогаш е супер и мислам дека и сега ќе биде така. Одамна, уште во 1978-ма година во времето кога членував во Рибља Чорба, мојата прва турнеја во животот беше низ Македонија. Кај Вас имам многу пријатели, а ја сакам и храната и климата. Но, Македонците се музикален народ и имаат добра музика, добри свирачи и добри пејачи.
Значи дека со задоволство прифаќате да пеете кај нас?

Се разбирааааааааа! Имам снимено три песни на македонски јазик: „Песна против сите малери”, „Ѓердан” со Васко Серафимов, „1,2,3” за Супер ѕвезда. Макеоднскиот јазик не го зборувам особено добро, но одлично го разбирам. Заклучив дека ако имам помош од некој пријател Македонец кој малку ќе го исправи мојот акцент, можам многу лесно да пеам на македонски.

Што ќе понудите на отворањето на „Пиволенд”?

Ќе направиме избор од најголемите хитови. Со оглед дека имаме нов албум, сигурно ќе отсвириме 4-5 песни од него.

Кои песни задолжително, заради дополнително подигнување на расположението мора да ги свирите на Вашите концерти?

Има повеќе песни кои МОРАМЕ да ги свириме, но се зависи од концертот. Не знам која сега би можел да ја одвојам. Можеби „Моји другови”, „Плави сафир”, а во Макеоднија „Песна против сите малери” многу добро минува. Има многу песни и нема правило. Некогаш, заради атмосферата, некоја песна подобро ќе помине, а некогаш некоја друга.

Бидејќи ќе свирите на фестивал на пивото дали тоа значи дека повеќе го сакате од виното?

Не, попрво сакам вино. Но, и пивото не е лошо, посебно кога се комбинира со добра храна.



Новиот албум се вика „Даљина, дим и прашина”. Колку сте задоволен од него?

Задоволен сум и нема простор да бидам задоволен или не. Го направив онака како што мислев дека треба да биде мојот нов албум. Луѓето се тие кои можат да бидат задоволни или не. Направив се што беше потребно и во таа смисла сум задоволен.

Како досега публиката реагираше на новиот материјал?

И публиката и критиката реагираа позитивно и тоа по малку ме плаши, хаха. Просто не можам да поверувам дека некогаш сум добил подобри критики.

После толку години на сцена што Ве тера за креативно да одите напред и да стварате нови дела?

Јас сакам да работам. Ако ги сметаме и матурските денови, создавам и свирам повеќе од четириесет години. Значи дека 80% од животот се занимавам со музика. Тоа не значи дека не би работел нешто друго, но немам проблем со инспирацијата и со создавањето теми. Во овие 30 години колку што постои бендот, немаме снимено многу албуми, 11 или 12. Кога тоа ќе се подели би изгледало дека на секои 3 години имаме по еден нов албум, иако имало паузи од 6-7 години и мислам дека тоа е во ред.



Работевте на музиката за филмовите „Ни на небо ни на земја” и „Професионалец”. Подготвувате ли нешто ново во таа област?

Да, работев на тие играни филмови како и на многу серии. Правев музика за театарски претстави, но и за реклами. Моментално ништо не подготвувам, иако би сакал да работам филмска музика. Филмот е многу скапа работа и бидејќи има многу композитори на филмска музика тешко е да се дојде на ред. Ја сакам таа работа и би сакал да работам на уште некој филм.

Како гледате на новите музичари кои ги има во голем број? Бараат ли совет од Вас?

Некои да, некои не. Помош бараат оние кои ги познавам и кои ми се пријатели. Секогаш со задоволство им помагам.

Ви посакувам да имете концерт за паметење и Ви благодарам на разговорот!

Благодарам и на Вас и поздрав до сите читатели на ИДИВИДИ! Сигурен сум дека и овој пат добро ќе се забавуваме и ќе пееме до зори!

И. Николовски









Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...