Битола и Ресен имаат улици кои камерата ги сака

Еден од најдобрите македонски режисери Антонио Митриќески „крчка“ нов проект. „Деца на сонцето“. Љубовната приказна помеѓу Ангела и Марко покрај брегот на Преспанското езеро ќе биде третиот долгометражен филм во кариерата на Митриќески, а втор во кој тој соработува со својот драг пријател и колега од студентските денови, кинематографот Јарек Шода.

Постои длабока почит помеѓу двајцата, а како што објасни и самиот Шода толку добро се познаваат, што повеќе не се изненадуваат меѓусебно. Идивиди имаше задоволство да поразговара со Јарек Шода директорот на фотографија на најновиот проект на Митриќевски, „Деца на сонцето“, а ова се размислувањата на Г-дин Шода за филмот, локациите и неговата фасцинантна професија.

Идивиди: Деца на сонцето е името на најновиот проект на режисерот Антонио Митриќески. Тоа е вашата втора соработка со режисерот по „Како лош сон“ од 2003-та година. Какво беше искуството пред 10 години со Антонио и кои се очекувањата за претстојниот филм?

-Тоа беше пред 10 години? Дали е возможно? (се смее н.з.). Јас и Антонио се запознавме на филмскиот факултет во Полска. Студиравме заедно и во нашата класа имаше и други студенти од просторите на екс- Југославија. Подоцна соработувавме на првиот филм на Антонио. Го развиваме заедно но, не го снимивме заедно поради тоа што не ни се поклопија работните обврски, но мислам дека последниот филм на Антонио „Деца на сонцето“ е екстремно интересен филм. Тој ќе се доближи до поширок спектар на публика. Што е одлично.

Идивиди: Продукцијата на Деца на сонцето ќе биде во Преспа, во период од 36 дена. Зошто токму овој регион од Македонија беше одбран и дали ќе има и други локации на снимање?

- Претходниот филм кој го снимав со Антонио, имаше локации на снимање низ Охрид. Тоа се две различни места. Охрид е туристички град. Преспа и самото езеро е по оддалечена  и исто така многу убава локација. Можеби и поубава од Охрид. Помирна. Па затоа успеавме да ги пронајдеме местата кои ни овозможија да се сконцетрираме на другите сегменти од филмот како актерите и конекцијата помеѓу нив и самиот простор. И самото место е пространо. Покрај Преспа филмот ќе биде сниман  во Битола и Ресен и тие градови се интересни во поглед на архитектурата. Не се исти како Скопје. Имаат време во нив, малечки улици кои камерата ги сака, и ја одржуваат атмосферата на филмот, а таа не може да се пронајде на ниту едно друго место. Покрај овие причини добро е да се истражуваат и локаните култури, погледи и различностите кои ни носи секој нов град. Филмот ги сака овие работи.

Идивиди: До каде е пред-продукцијата на филмот? Дали се одбрани актерите, кастингот на филмот, сите локации? Или тој процес е сеуште во тек?

- Па, мојата примарна работа е поврзана со локациите и самата сторија, а за остатокот, како кастингот не знам премногу. Локациите, да сите се одбрани и тие се многу интересни. Бев на локациите во изминатите неколку дена и тие се одлично и паметно одбрани. Тие се совршени. А што се однесува до останатиот дел од филмот, мислам дека филмот ќе има два силни женски ликови. Филмот има предизвикувачка приказна.

Идивиди: За момент ќе ве вратам неколку декади наназад. With Raised Hands, филмот на уште еден македонски режисер Митко Попов во 1991 година ја освои Златната палма за најдобар краткометражен филм во Кан. Какво беше тоа искуство? Работата на филмот и победата во Кан?

- Многу посебно, морам да кажам. Филмот го подготвувавме екстремно внимателно. Снимавме со нормална камера, немаше премногу дигитална опрема тогаш и најпрво со storyboard преку самите вистински фотографии од сите вистински личности ги нацртавме сите елементи кои мораа да бидат додадени во кинематографијата на самиот филм. И пост- продукцијата беше многу тешка, бидејќи моравме да ја направиме снимката како да е архивска снимка. Тоа беше направено со оптика и хемиска поддршка, а не компјутерски како денес што би било. И резултатот беше изненадувачки. Но, тогаш настана проблем. Митко замина за САД и не можеше да излезе од државата за да ја подигне наградата (поради проблеми со визата) па затоа ме замоли да отидам во Кан и да ја подигнам во негово име. Но, сега сфаќам дека не ми е променето мислењето за тој фестивал кое го имав тогаш и го имам веќе со декади наназад. Канскиот филмски фестивал во јадрото е ѓубре и таму не се бара уметност. Се бара шоубизнис и ништо повеќе. Понекогаш се наградуваат добрите филмови, но генерално кога ќе ги погледнете луѓето, изборот на филмови и жирито, ве молам....Колку треба да биде претенциозен? И ние како публика им дозволуваме да направат будали од нас. Единственото добро нешто од тој фестивал е кога ќе отидете таму, ќе сретнете еден куп луѓе од филмскиот бизнис во мал период од време и ќе најдете многу контакти за следните проекти.

Идивиди: Да позборуваме малку за вашата професија која е фасцинантна. Директор на фотографија. Роџер Дикенс еден од најдобрите синематографи на денешницата, во едно неодамнешно интервју изјави неколку „бисери на мудроста“ со кои сметаше дека ќе им помогне на помладите колеги кои штотуку започнуваат. „Немој да се занесуваш со техниката, мораш да си го откриеш сопствениот стил, компромисот е понекогаш потребен за подобар филм, работи во твоите практични граници и најважно, секој филм е филм на режисерот, а не твој“. Кои би биле вашите „бисери на мудроста“ кон помладите колеги? Од досегашното ваше искуство?

-Се согласувам со речиси сите ставки, освен со една. Не барам компромис. Барам заедничка цел. Мислам дека компромисот е погрешен за двете страни. Мојата и на режисерот. Ако направиме компромис, и двајцата губиме. Што значи гледаме на погрешни страни. Тоа јас сметам дека треба да се избегне. Мислам дека сега младите европски филмејкери треба да развијат нов јазик на правење филмови. Тоа веќе еднаш се случи во 60-те години од 20 век. Тогаш се создадоа нови техники. Рачните камери се воведоа тогаш и така се роди „новиот бран“ кој енормно влијаеше на Холивуд. Почнаа да снимаат американски филмови на „француски начин“. Со екстремно низок буџет до квалитетни и професионални филмови.

Идивиди: Постои непишано правило дека кинематографот е „најдобар пријател на режисерот“. Кој е режисерот со кој би сакале да соработувате во понатамошната кариера? Некој на кој му се восхитувате и на кој би сакале да му „бидете најдобар пријател“ за време на снимањето?

-Добро прашање. Сакам да работам со млади режисери. Иако уживам и во работењето со режисерите на моја возраст еве како со Антонио на пример. Ние се познаваме меѓусебно, до тој степен што не се изненадуваме меѓусебно. Добриот дел од тоа е што не мораме многу да зборуваме за да дојдеме до резултатите, но лошиот дел е што нема изненадувања помеѓу нас. Сакам да работам со режисери кои имаат поинакви искуства, ставови, проблеми од моите. Американските режисери од друга страна се „фабрика“. Имам пријатели режисери кои работат во САД и знам како функционираат работите таму.

Идивиди: Кој е филмот кој според вас е ремек - дело на кинематографијата според вашето мислење и стандарди? Кој е филмот кој го промени вашето мислење за филмовите или пак можеби го трасираше патот за идната професија?

- Сега немам таков филм. Но, во мојата младост, кога бев студент на пример заедно со колегите гледавме секој ден филмови. Во едно малечко но, убаво кино. И ние бевме секогаш во првите редови, без големо растојание од кино- платното. Пиевме кока-кола со вотка и гледавме филмови во првите редови бидејќи така визуелно и емоционално најдобро се гледаа самиот филм. И да ви одговорам на прашањето, постоеја два такви филма. Првиот филм кој имаше најголемо влијание врз мене беше The Duеllists, првиот филм на Ридли Скот. Филмот е снимен во модерен стил. Филм со многу силни сенки но, сликата беше креирана толку јасно и со толку едноставност што веднаш како гледач влегуваш во сторијата на филмот. И вториот филм кој ме воодушеви беше Taxi Driver на Мартин Скорсезе. Филм со прекрасен вовед и одлична музика. Го имам гледано преку 30 пати во кино, и е снимен речиси на ист начин како и The Duellists. На улица, на отворено што значи без употреба на студио и со тогаш тазе- развиени леќи. Затоа и мислам дека филмот беше толку силен.

С.Л.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...