Криста Сигфридс, претставник на финска на Евровизија 2013

Раскошна плавуша бара кандидат за мажење на сцена

Ги сакам моите фанови и се грижам само за нив

Криста Сигфридс (27) е годинашна претставничка на Финска на изборот за Песна на Евровизија во Малме. Нејзината певлива песна „Marry me” (Ожени се со мене) која ќе ја следи провокативна кореографија е една од фаворитите за победа. Останатите аспекти кои одат во прилог оваа раскошна плавуша се: ведрината, насмевката, позитивната енергија и личната девиза „Повеќе е повеќе”.

Како сте Криста?

Одлично, во полна форма и едвај чекам да се омажам во Малме, хаха.

Тоа беше главната цел која ја постигнавте со победата на националниот избор во Финска?

Се разбира. Песната „Marry me” е наменски правена со амбиција за победа, зашто е многу заразна и има рефрен кој се памети уште при првото слушање. Всушност, сакав да понудам нешто ново и оригинално на Евровизија. Размислувајќи, сфатив дека до сега немало песна која го слави моментот на стапување во брак.

Намерно или случајно се пријавивте за учество на Евровизија?

Намерно. Евровизија следам од мојата петта година кога во 1991 година победи Карола за Шведска. Оттогаш, постојано мечтаев еден ден да застанам на евровизиската сцена. Секоја година ја следам манифестацијата и мечтаев еден ден и јас да застанам таму и да оставам свој печат.

Вие сте Швеѓанка и припаѓате на шведското малцинство во Финска од кое трета година по ред доаѓа претставникот на Финска. Мислите ли дека тоа ќе Ви помогне да добиете 12 поени од Шведска и што мислите за соседското гласање?

Прво, сметам дека е коинциденција фактот што сум трета по ред Швеѓанка која ќе ја претставува Финска. Како второ, сметам дека секоја година на Евровизија победува најдобрата песна. Не го губам времето оптоварувајќи се со соседско или политичко гласање, зашто не можам ништо да сторам околу тоа. Мојот тим наречен Ding Dong е фокусиран на можноста да направи одлично претставување на песната кое ќе ги предизвика гледачите да гласаат за нас само затоа што сме им се допаднале.

Настапувате под реден број 5 во втората полуфинална вечер заедно со македонските претставници. Кои се Вашите очекувања?

Очекувам да направиме одлична забава на сцената во која сите ќе уживаме. Не се оптоварувам со пласман, но искрено, сакам да се пласираме во финалната вечер.

Сигурно знаете дека сте во групата на земји фаворити за победа. Што ако после Лорди со Hard Rock Hallelujah во 2006 година, Вие бидете втората победничка на Евровизија за Финска?

Тоа ќе биде прекрасно ако се оствари! Во таков случај знам дека ќе бидеме одлични домаќини догодина, хаха. Верувам во себе и во Ding Dong тимот.

Што мислите за македонската песна „If I could change the time” и за Есма и Влатко?

Како и останатите, ја слушнав и македонската песна. Ми се допаѓа миксот на двајцата пејачи кои иако генерациски се многу различни, имаат квалитетни вокали кои се многу блиски. Посебно плени Есма со својата чистина на гласот. Ви посакувам да имате одличен настап и да освоите многу, многу поени.

Само за ИДИВИДИ дали може да откриете некој детал во однос на Вашиот настап?

Секако, што Ве интересира?

Што ќе носите на сцена, дали невестинскиот фустан ќе остане како што беше случај на финскиот избор во тв шоуто The voice of Finland?

Дефинитивно. Тој фустан веќе е запаметен и кога и да го облечам предизвикува реакции. Со него ќе барам кандидат за да се омажам на сцена во Малме, хаха.

Значи поддржувате брачна заедница?

Да и мислам дека секој треба да ожени или омажи со личноста која ја сака, па макар и да станува збор за истополови бракови.

Коментарите за Вашата песна се поделени: на некои многу им се допаѓа, а на други воопшто не им се допаѓа. Што мислите за ваквите коментари?

Јас сум фокусирана само на позитивните коментари, хаха. Секогаш работите ги правам на мој начин и не слушам што другите луѓе мислат за мене. Ги сакам моите фанови и се грижам само за нив, а не за оние кои ме мразат.

Од кого ќе ја имате најголемата поддршка во Малме?

Од целата финска нација која знам дека ќе биде горда на шоуто кое го подготвувам.

Бидејќи рековте дека ги слушнавте сите песни, кој е Ваш фаворит за победа?

Има прекрасни песни и големи пејачи. Не ми се верува дека Бони Тајлер ќе настапи како претставник на велика Британија. Јас сум нејзин голем фан и ги знам нејзините песни. Навивам за неа и се надевам дека ќе успеам лично да ја запознам и да се сликаме заедно, хаха.

Сметате ли дека Евровизија ќе Ви помогне во натамошната кариера?

Секако. Песната „Marry me” веќе е број еден на топ листата во Финска и е меѓу највртените во повеќе европски земји. Сакам да кажам дека јас сум тука да Ве забавувам и тоа ќе продолжи и понатаму, не случајно, туку намерно!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одела овца по патот и кога сакала да помине низ една ограда се заглавила, Поминува тука некој Американец, ја гледа овцата и си вели:
"Ех, да беше ова Мерилин Монро." И си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на културната различност.
1471.- Роден е германскиот сликар и бакрорезец...
1471.- Во лондонскиот затвор „Тауер“ е убиен...
1527.- Роден е шпанскиот крал Филипе Втори, кој...