Илина Арсова

Илина среде ноќ го освои врвот на светот

Со знамето на Т-Мобиле ги поврзав луѓето на врвот на светот

На 23-ти мај, Илина Арсова стана првата Македонка која стапна на највисокиот врв во светот, 8848 метри високиот Монт Еверест. Остварувањето на сонот следуваше по десетгодипно планинарење и верба во сопствените можности и квалитети.

 

Во името на ИДИВИДИ, Ви честитаме на исклучителниот подвиг што успеавте да бидете првата Македонка која успеа да се искачи на врвот на светот!

Многу Ви благодарам на честитката и убавите зборови!

Задоволна ли сте после овој историски момент за Македонија?

Несомнено, сеуште сум под силни впречатоци, а чувството е прекрасно. Остварив уште една од моите цели во животот. Истовремено, на нашата земја успеав да и донесам радост со едно необично спортско достигнување. Сепак ова е само почеток, има уште многу предизвици во областа на овие спортови. Се надевам дека овој подвиг ќе ги инспирира младите спортисти да бидат уште поупорни и поистрајни при поставувањето и достигнување на своите цели.

Како дојде до тоа Вие да бидете дел од англиската експедиција?

Се славеше јубилеј, 60 години од искачувањето на Хилари Тензинг, првата жена која го освоила врвот Монт Еверест. Лидерот на англиската експедиција Тим Моседејл ми е пријател од пред неколку години, кога заедно го искачивме хималајскиот врв Ама Даблам. Познавајќи ги неговите способности за организација и безбедност кога станува збор овој вид на планинарење имав желба да се придружам на нивниот тим. Нашата експедиција не беше единствена. Покрај повеќето експедиции од Британија имаше и други од сите страни на светот, вкупно 29. Интересен е податокот што оваа година на Монт Еверест, покрај првата Македонка, се искачи и првата Португалка, Пакистантка и првата Арапка. Секоја нација инвестира и поддржува ваков национален подвиг.

Кажете ни како течеа подготовките кога дознавте дека ќе се искачувате?

Се случуваше се набрзина. Редоследот на работите во мојот случај го немаше нормалниот тек за подготовка при ваков предизвик. Обично знаеш дека ти претстои искачување и се концентрираш на тренинг и подготовки, но кај мене до последен момент не се знаеше дали ќе имам доволно финансиски средства за да заминам. Некои од ветените средства сеуште ги немам добиено. Земав на себе голем ризик со многу позајмици за да заминам. Идејата беше да се финансира македонски тим, придружуван од тв екипа или барем еден снимател со чија помош ќе можевме да го овековечиме со видео запис овој момент. Но, на крајот, едвај успеав да најдам доволно средства и да заминам сама на патувањето кон покривот на светот.

Од кого имавте најголема поддршка?

Пред се од најблиските, мојата фамилија која години наназад цврсто веруваше во оваа моја идеја. Секако, поддршка имав и од пријателите кои беа со мене за време на подготовките и на претходните искачувања. Тие беа еден вид генерална проба пред Монт Еверест. Напорно тренирав на нашата преубава Шар Планина каде ја поминав речиси цела зима. Благодарност за поддршката и до: Федерацијата за планински спортови, мојот матичен клуб Трансферзалец и Агенцијата за млади и спорт. За помошта од спонзорите: Т-брендот (T-Mobile и T-Home), Систина, Орка спорт, Тинекс, Црвен крст на град Скопје, Мепсо, ЕВН, за витаминските производи од Каливита и Аквасорс, Маркетинг агенција Република како и за главениот спонзор АД Елем.

Интересен момент беше што на спонзорското знаме од T-брендот ги потпишав сите луѓе индивидуалци кои ме поддржаа во овој подвиг и на некој начин го искористив како реклама и благодарност. Тоа беше еден симбол за поврзување на врвот на светот на сите оние кои беа со мене изминатиот период.

На кој датум се искачивте, во колку часот?

На 23.05.2013 во 3 часот и 15 минути наутро. Се движевме нешто побрзо од предвиденото и затоа на целта не го дочекавме изгрејсонцето. Сеуште беше ноќ. Изгрејсонцето ме пресретна нешто подолу кога пред мене се отвори неверојатна и незаборавна глетка, птичја перспектива од целите Хималаи.

Какви беа временските прилики?

Се искачив кон крајот на сезоната, токму поради чекање на подобри временски услови. Во моментот кога се створија поволни услови, без премногу ветер и екстремни температури искачувањето започна, но сепак, на врвот бевме во најстудениот период од денот. Тоа не ограничи во можностите за уживање и фотографирање.

Дали лесно се дише на врвот на светот или Ви беше потребна посебна опрема? Кажете ни нешто повеќе за самото искачување. Полесно ли беше при симнувањето?

Секако дека не, најчесто се користи дополнителен кислород. Над 7500 метри боцата кислород речиси е неопходна.

Во еден ден некогаш се искачувавме на висинска разлика и до 1100 метри, а  симнувањето кое бара голема концентрација, беше забрзано заради најавата за лоши временски услови. Во еден ден се симнавме од 8850 метри на 6400 метри. Само моите нозе и колена знаат колку е лесно :-)


Што освен снег, студ и лед има на покривот на светот?

Камења. Донесов неколку за спомен, а едно од нив му подарив на претседателот Ѓорге Иванов, кој секогаш се радува и ги поздравува моите достигнувања.

Илина, Ви благодарам за овој краток разговор, за крај Вашите планови, следни подвизи, предизвици...

Искачување на седум највисоки врвови од седум континенти, но и искачување на сите врвови над 8.000 метри, и предизвикот да се искачи на таков врв без кислород.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...