Драги Михајловски

Шекспир е инспиративен и на македонски јазик

Со преводот на целокупното творештво на големиот Вилијам Шекспир, поместено во книгата „Сите драми на Шекспир”, професорот Драги Михајловски направи книжевен подвиг за сегашните, но уште повеќе за идните генерации. Неговата работа е потврда дека Шекспир освен на англиски, подеднакво е инспиративен и на македонскиот литературен јазик.



Како се чувствувате после промоцијата на „Сите драми и сонети“?

И збунето и убаво. Убаво, зашто најпосле можеше да се објави дел од она што го работам во јавноста, а збунето зашто, по долги години работа, добив признание од студените и колегите на Катедрата за англиски јазик и книжевност. Моето мото отсекогаш било, „Ние не работиме за да им покажеме на Англичаните кој бил и што работел Шекспир, туку обратно, Ние работиме за да ја збогатиме нашата книжевност и нашиот јазик со нови идеи и нови концепти”.

Што содржи книгата?

На 1653 страници книгата „Сите драми и сонети” на Вилијам Шекспир содржи Општо предисловие во кое се дадени (главно од Википедија) општи податоци за авторот, од каде се делата преведувани и која е авторовата прозодија што ја следел преведувачот (главно мое). Понатаму, ги содржи сите 37 драми со посебен предговор за секоја одделно и сите 154 сонети со соодветен предговор.

Колку време траеше преведувачкиот процес?

Јас Шекспир уште кога почнав да работам на него (1983 година) го сфатив како еден од авторите од кого треба да го учам занаетот на пишување, особено дијалогот. Другото го учев и учам од автори како: Андриќ, Цепенков, Толстој, Фицџералд, Селинџер, Карвер, Форд, Буковски, Свифт... За својата работа врз Шекспир, имав можност да го читам и следам оригиналот (сите преводи се правени од Арден изданието, освен неколку кои се работени според Оксфорд) како и преводите направени на блиските до нас јазици (српско-хрватските, бугарските, руските...) Но секогаш водилка ми беше оригиналот. Не случајно бројот на стиховите на оригиналот и на преводот е ист. Јас само го заменував јампскиот десетерец кој мислам дека не е природен за нашиот јазик со тонска версификација, а сите опчекорувања кои се бројни и присутни особено во вториот и третиот творечки период на бардот, ги задржав, овозможувајќи им на актерите слободно да ја искажат својата мисла. Шекспир никогаш не би ја постигнал популарноста во своето време, ако неговите текстови не биле лесно читливи и разбирливи. За својата работа врз Шекспир и бев фален и напаѓан како што е случај и денеска. Но, тоа повеќе не ми е важно. Реакцијата на актерите насекаде низ Македонија најдобро зборува како сум ја направил мојата подготовка за пишување и што сум научил од големиот бард.

Вашиот превод е книжевен подвиг, а вие сте херој кому му нема рамен во нашава држава во годините на нашата самостојност. Со каков предизвик влеговте во проектот?

Јас не сум никаков херој, туку човек што работејќи повеќе од триесет години превод и од теориски и од практичен аспект на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, пробав несебично да ги научам и студентите на она до кое самиот дојдов. За среќа, резултати има: Денеска имаме квалификувани преведувачи кои најчесто повеќе знаат од оние што ги преведуваат и толкуваат. Но, таква е судбината на преведувачот: Секогаш да биде вторичен, изведен, потценет, помалку платен.



Кое дело беше најкомплицирано да се преведе или да се долови на автентичен македонски јазик?

Сите дела на Шекспир (тој умрел на 51 година) кога ќе стасате и ја надминете неговата возраст до која живеел, се лесни и разбирливи. Потешки, се разбира, се делата, особено комедиите, како „Со сила убавина не бидува”, во кои Шекспир заглавува во некакви (во негово време модерни) игри под маски или прави штосеви кои денеска се надвор од мода. Но, и тоа се надминува со работа.

Со преводот докажавте дека македонскиот јазик е богат и е на рамниште на светските јазици. Колку според Вас денес се грижиме за него и за правилната употреба?

Македонскиот јазик, со преводот на Шекспир, но и со досега направените преводи (да ги споменеме само „Илијада” и „Одисеја” на Прличев и Петрушевски, „Загубениот рај” на Милтон од 1898 на Гологанов и оној од 1995 година, преводите на „Библијата”, „Енеида” на Басотова или „Гилгамеш” на Ренџов, преводот на најстариот англо-саксонски еп „Беовулф” во алитератирни стихови, или преводите што се во тек од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност” под водство на академикот и писател Митко Маџунков во кои влегуваат од најстари дела, старо-египетски, старо-вавилонски, старо-грчки, старо-римски до најновите напишани од Клавино, Барико, Иан Меккјуан, Куци, Салмон Ружди итн.) покажува зрелост на древен и современ јазик истовремено способен да ги прими сите врвни естетски остварувања од светската книжевност. Сите незгоди и неволји што денеска ги имаме произлегуваат од неговото незнаење. Секој јазик треба да се учи вклучувајќи го и мајчиниот.

За која реплика или мисла од Шекспир најмногу емотивно сте врзани?

Има повеќе што јас ги доставив до актерот и толкувач на Шекспир, Роберт Вељановски. Како омилена реплика би ја издвоил онаа на Просперо од според многумина, последната драма на Шекспир, „Луњата”: „Ние сме граѓа за ѕидање соништа/и нашите куси животчиња легнати се во спија.“

А, во однос на нашето книжевно битисување?

Тучно, неимоверно „така и мие Маќедонците сне народ и таткојната наша е Маќедонија“ (Пулевски), „Јас го подразбирам....како поле за културен натпревар...”(Делчев).

На што работите во моментов?

Работам врз свои раскази и романи. Нема повеќе преведување.

И.Н



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...