Александар Петровски

Металург е веќе голем ракометен бренд

Успесите на РК Металург и на РК Вардар во Лигата на шампионите кои им овозможија пласман во осминафиналето, докажаа дека Македонија е ракометна сила и покажаа дека знаеме искрено да се радуваме. Неделната победа на РК Металург над актуелниот европски вицешампион Барселона беше повод ИДИВИДИ да се запознае и да разговара со Александар Петровски, помошник на тренерот Лино Червар.



Честитки за големата победа од 31-29! Како се чувствувате?

Одлично и многу возбудено. Овој момент, оваа победа е голем подвиг кој го сторија играчите. Од сè срце им честитам и воедно, сакам да се заблагодарам на поддршката од публиката која дојде од цела Македонија, но и од други земји каде живеат Македонците!

Што следи по натпреварот?

Време за одмор и опуштање нема. Во моментов сме фокусирани на Лигата на шампиони, враќање на шампионската титула во витрините на РК Металург и на младите играчи кои треба да бидат иднина на клубот и кои се трудиме што побрзо да ги приспособиме за настапи на првиот тим на РК Металург.

Ваш следен противник е данската екипа Колдинг. Што очекувате?

Сите екипи кои се меѓу најдобрите 16 се квалитетни и вредни за почит. Очекувам да бидеме подготвени за да се претставиме во најдобра форма. На тој начин ќе можеме да го елиминираме противникот и да се пласираме меѓу најдобрите 8 екипи. Првиот натпревар го играме во Скопје, од 19-23-ти Март, а реваншот е во Данска, од 26-30-ти март.

Каков пат изодевте до назначувањето на функцијата помошник тренер?

Во 2006-та година, моја одлука беше да се повлечам од ракометот како играч и да се посветам на ракометот од друг аспект, како тренер. Во почетокот ги водев сите младински категории на Металург. Напорната работа вроди со плод, бидејќи од таа генерација се искалија одлични играчи кои денес максимално придонесуваат за своите тимови. Потоа станав помошник тренер на Јошко Петковиќ, со кој ја освоивме и шампионската титула. Од 2009-та со доаѓањето на Лино Червар за прв тренер во РК Металург, станав негов помошник тренер, и таа соработка трае до денес.

Од што се состои Вашиот ритам на тренинзи и подготовки?

Ритамот на тренинзи во нашиот клуб секогаш бил на највисоко ниво. Имаме по два тренинзи дневно, а помеѓу тренинзите гледање натпревари и анализи на оние кои ни претстојат. Со оглед на времето што сите ние во клубот го посветуваме, пред и нас се ни е успехот на клубот.

Дали сте строг кон играчите?

Односот со играчите е работа на проценка. Како тренер секогаш треба да знаеш на кој начин треба да постапиш со некој играч за да го добиеш максимумот во одреден момент од него. Некогаш сум попустлив и благ, некогаш сум строг. Но, како тренер секогаш сум најпрво човек, кој има разбирање за играчите не само како играчи, туку и како луѓе, кои можат да имаат добар, но и лош ден, впрочем како секој нормален човек.

Колкава жртва бара Вашата работа?

За жал голема. Како што веќе кажав, нас во текот на годината приоритет ни е работата. Во нашата работа нема можност за слободен ден, викенд, одмор. Често не сум присуствувал на убави моменти на мои најблиски луѓе, бидејќи сум бил надвор од земјава. Пример за тоа е свадбата на брат ми, зашто игравме натпревар во Хрватска. Но, тоа е тоа. Ние сме навикнати на тој начин на живот и сме го прифатиле како таков. Неможноста повеќе време да бидеме со фамилијата е таа жртва што секој кој професионално се занимава со спорт ја поднесува. Затоа, кога имаме слободен период, дел од декември, и јуни и јули месец, се трудам целото време да го поминам со Кристина и Максим и да го компензираме тоа што сме си недостасувале во текот на годината.

Освен победите, што друго Ве радува

Јас сум човек кој сака да ужива во убави нешта. Хедонист сум, сакам да патувам на убави места, да запознавам нови култури, и за среќа, мојата професија тоа максимално ми го овозможува. Сакам обични задоволства на кои се радувам, кафе и весник во некое од околните кафулиња во Центар, прошетки со син ми кое ми е и најубавото поминато време.

Каква е иднината на македонскиот ракомет?

Иднината на македонскиот ракомет е во младинските категории. Центрите на ракометот, Битола, Прилеп, Велес, мора пак да се активираат ако сакаме ракометот да се врати на највисоко ниво. Не треба само Скопје да има ракомет. Треба повеќе да се вложува и инвестира во спортот, бидејќи со ракометот можеме да се промовираме во светот. Ние сме ракометна нација и тоа е нашата силна страна. Сметам дека треба повеќе да сме свесни за тоа и да се посветиме на она во кое сме навистина добри.



За себе, каква иднина на професионален план посакувате?

Сон на секој тренер е да води екипа која ќе има потенцијал да постигнува највисоки резултати во Лига на шампиони. Во моментов сум помошник тренер во екипа која има одлични резултати во најелитното ракометно натпреварување и е веќе голем ракометен бренд. Во иднина, се надевам дека такви резултати ќе имам како прв тренер на екипа која има таков потенцијал.

И.Н



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...