Димитар Ѓорѓиев, кик боксер

Македонец со 20 години веќе има две светски титули

Сега се повеќе девојки се интересираат за мене и за кик боксот

Кикбоксерот Димитар Ѓорѓиев засега е единствениот македонски спортист кој два пати едноподруго има освоено светска титула. По 2011 година во Скопје, тој и на Светското првенство во Анталија го освои златниот медал во дисциплината кик лајт, категорија 74 кг. Освен што е врвен спортист, 20-годишниот неготинчанец е студент во втора година на Правниот факултет во Скопје.

Пред три дена се врати од Србија. Колку си задоволен од настапот?

Таму настапив на Европски куп и на него учествуваа 200 натпреварувачи. Од Србија се вратив со освоено злато и секако дека многу зум задоволен од настапот. Победив двајца Срби и еден Бугарин. Златниот медал на натпреварот ми е трет по ред, по оние од 2012 и 2013 година.

Минатата година на Светското првенство во Анталија, Турција во дисциплината кик лајт, категорија 74 кг. го освои златниот медал. Како течеше процесот, низ што се помина?

Пред да одговорам на прашањето сакам да споменам нешто интересно! Имено, првата моја титула светски првак ја освоив во 2011 година во Скопје. Тогаш имав само 18 години, т.е. беше мој прв настап на големо натпреварување како сениор. Од мене не се очекуваше некој посебен резултат и тоа можеби и ми помогна да немам дополнителна трема, хаха.

Сакаш да кажеш дека во Турција имаше трема?

Да, имав голема трема, бидејќи требаше да го оправдам и да го потврдам златниот медал. Противниците веќе ме знаеја и моравме со тренерот да правиме нова стратегија и да го смениме стилот на борба.

Значи дека подготовките беа напорни?

Целиот процес пред настапот на Светското првенство е многу напорен. Четири до пет месеца се тренира без прекин. Во тој период бев концентриран на турнирот и можам да кажам дека поминав низ многу мачен период за да се постигне врвен резултат. Среќа што патот не го минав сам, туку имав огромна поддршка.

Од кого најмногу?

Од мојата фамилија, пријателите, девојка ми. Но, уште помило ми е што добив поддршка од Благој Марковски-лицето кое ми овозможи периодот пред Светското првенство да ми биде како што сите спортисти посакуваат да им биде.

Веруваше ли во себе и дали очекуваше злато?

Да, верував во себе, зашто без верба во себе нема ништо. И да, очекував и сакав да освојам злато.



Која борба ти беше најлесна, а која најтешка?

Најтешка ми беше полуфиналта борба против репрезентативецот од Турција, а за најлесна... Не можам да кажам, бидејќи искрено, немав ниедна лесна борба на Светското првенство.

Кои удари се бодуваат, а кои постапки судиите ги санкционираат?

Во кик бокс, за да еден удар биде бодуван се бара да биде технички правилно изведен, чист удар. Зависно од дисциплината во предвид се зема и силата на зададениот удар, додека санкции од судиите се добиваат за секој неправилен и недозволен удар.

Како изгледаат твоите тренинзи, што вежбаш, кои мускули треба да се најфит за да бидеш во форма?

За кик бокс мораш да ги вежбаш сите мускули, бидејќи се задаваат удари со нога и рака, а примаш удари низ цело тело. Моите тренинзи најчесто се утрински, кардио и вежби за снага, а навечер техника и спаринзи. Често помеѓу утринскиот и вечерниот тренинг правам вежби за еластичност.

Како вообичаено изгледа еден твој ден?

Секој мој ден е исполнет со многу тренинг, многу дружење и многу малку сон.

Што освен кик бокс ти е голема љубов?

Музиката. Многу сакам да почнам повторно да свирам гитара.

Дали по двете светски титули девојките повеќе те бараат и се интересираат за тебе?

Хаха. Добро прашање, зашто благодарение на вас, медиумите се повеќе девојки се интересираат за мене и за кик боксот.

Какви девојки сакаш?

Весели, позитивни, отворени, но сепак, предност имаат оние кои вежбаат кик бокс.

Режим на исхрана?

Пред турнир обично јадам повеќе варена и печена храна. Сепак, омилено јадење ми се шпагети.

Планови?

Конечно да почнам да учам, хаха.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...