Антонио Ристевски, алпски скијач

Видно возбуден од атмосферата и постигнувањето во Сочи

Организациски, Русите беа безпрекорно точни и прецизни

На скии прв пат застанал кога имал четири години. Шеснаесет години подоцна, во 2010 на ЗОИ во Ванкувер, Канада го носеше македонското знаме на свеченото отворање и настапи во слалом и велеслалом. На неодамна завршените ЗОИ во Сочи, Русија настапи во истите дисциплини и оствари досега најдобар пласман во историјата на македонското алпско скијање. Вели дека скијањето го сака заради адреналинот, а негов спортски херој е Дарко Панчев.



Како си и која е целта на престојот во Австрија?

Супер сум и во моментов одлично се чувствувам. Во Австрија сум на натпревари во рамките на продолжувањето на скијачката сезона која за мене ќе заврши на крајот од месецов.

Зимските олимписки игри завршија. Кои се твоите импресии од денешна временска дистанца?

Да, од ЗОИ во Сочи минаа дваесетина дена. Нормално, првите неколку дена по завршувањето бев најмногу под импресии од настанот. Нормално, бев позитивно возбуден од мојот настап и постигнувањето, но сето тоа полека, полека стивна и продолжувам понатаму. Не застанувам, туку напротив, продолжувам понатаму.

Колку си задоволен од пласманот?

Многу сум задоволен од остварениот пласман, 29-тото место во слалом што е досега e најдобар пласман на некој македонски алпски скијач на ЗОИ. Со оглед на подготвеноста, за мене успехот беше нормална и очекувана работа која останува зад мене да се памети и да биде дел од историјата.

Дали најдобриот резултат како македонски алпски скијач што го оствари ти беше императив?

Да. Но, пред се, сакав да извозам добро и технички без грешки. Како што напоменав, од пласманот сум многу задоволен. Со оглед на условите, дополнителна тежина на успехот му дава фактот што мојот стартен број беше многу висок, 84. Со таков стартен број пласманот е одличен, но знам дека секогаш може да биде и подобро.

Беше ли задоволен од поставеноста на патеките во првото и второто возење?

Поставеноста на патеките во двете возења не беше едноставна. Бараше максимална концентрација и размислување во однос на тоа која линија да се одбере за да се постигне побрзо до целта.



Какава беше атмосферата на ЗОИ запозна ли некој што претходно не го знаеше?

Атмосферата во Сочи беше одлична и на многу високо ниво. Покрај натпреварувачкиот дел, Русите постојано организираа активности и не анимираа во текот на целиот ден. Со поголемиот дел од луѓето кои беа таму се знам од претходно. Заедно со нив тренирам во текот на целата година и се среќаваме на натпреварите кои се одржуваат низ Европа.

Во однос на организацијата, дали Русите беа точни?

Не само што беа точни, туку Русите беа беспрекорно точни и прецизни. Тоа се однесува на почетокот на сите натпревари, но и на сите активности кои не беа дел од официјалната, натпреварувачка програма на ЗОИ.

Со оглед на актуелната ситуација во Украина, се чувствуваше ли заканата за безбедноста на вас спортистите?

Не, не се чувствуваше никаква закана и не постоеше било каква тензија или најава за такво нешто во однос на безбедноста на нас спортистите.

Сепак, лично, беше ли под стрес или притисок од војна?

Не, во ниту еден момент немав такво чувство. Бев многу опуштен и концентриран на мојот настап. Ова ќе го поткрепам со пример: Сите спортисти во Сочи бевме многу слободни и отпуштени, т.е. немавме буквално никакви ограничувања во однос на безбедноста. Никој од спортистите со кои комуницирав не почувствуваа такво нешто, а за тоа сигурно придонесе безбедноста која беше на највисоко ниво. Според овие лични искуства може да заклучите колку добро се организирале и им било под контрола на Русите.

Кој момент ти остави посебен впечаток од олимпијадата?

Покрај церемониите на свеченото отворање и затворање, најголем впечаток во Сочи нормално, ми остави слаломската трка и освоеното 29-то место.

Планови на краток и подолг рок?

Прецизни планови во моментов немам. Но, имам голема желба и мотив да продолжам понатаму да се занимавам со алпско скијање и да остварувам високи пласмани. Таа борба за што подобри резултати се надевам дека ќе резултира со одличен пласман на следните ЗОИ 2018 во Кореа на кои повторно се надевам дека ќе бидам дел од македонската репрезентација. Четири години се долг период, но со здравје и со Господ напред верувам во нови успеси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...