Наташа Илиевска

Мојата свадба ќе ја отворам со англиски валцер

И танцувањето и каратето за мене се подеднакво лесни и тешки

Името и презимето на Наташа Илиевска се синоним за успех. Таа е единствена македонска спортистка која три пати едноподруго е прогласувана за спортистка на годината (2009, 2010 и 2011). Покрај титулата европски првак во карате, таа, заедно со партнерот Даниел Кимовски успеа да победи во втората сезона на шоуто „Танц со ѕвездите”.



Како си Наташа, неколку дена после победата? Уморна или...?

Пресреќна сум, возбудена и полна со енергија.

Очекуваше победа?

Секако дека се надевав на победа, пред се затоа што го дадов својот максимум за да дојдам до целта. Уште од првиот ден, со Даниел вежбавме напорно, а тоа според мене беше единствениот начин за да победиме во оваа шоу.

Всушност, ти си непоправлив оптимист и сè што ќе допреш претвораш во злато, хаха?

Хаха, се согласувам со вас и ми се допаѓа коментарот! Кога прифатив да бидам дел од овој проект јас веќе си поставив цел – а тоа е дека ќе дадам се од себе за да стигнам до крајот. Уште од почетокот размислував оптимистички и позитивно и верував дека во секој настап ќе танцуваме одлично и дека ќе им се допаднеме на судиите и на гледачите.

Кој те пријави ви шоуто и кој ти го одбра партнерот Даниел Кимовски?

Од продукцијата „Дрим фактори” ме поканија да земам учество во шоуто и ја прифатив поканата. Тие одлучуваат кои ќе им бидат партнери на ѕвездите кои ги поканиле во шоуто. Јас посакував да добијам партнер кој ќе биде добар и трпелив учител, а секако се надевав дека ќе работи напорно онолку колку што јас ќе го барам тоа од него. И имав голема среќа, зошто Даниел не само што е одличен танчар, туку и е одличен учител. Се сложувавме буквално во сè и ниту еднаш во текот на изминативе месеци немаше несогласување меѓу нас двајца.

Како течеа подготовките?

Подготовките беа одлични. Уживав во секој тренинг и во сè што учев. Колку повеќе тренирав толку повеќе чувствував енергија и желба да го правам тоа со уште позасилено темпо.

Од сите моменти кои поминаа, кој беше најлесен, а кој најтежок?

Најтешко беше да се направи вистинскиот избор околу песната на која ќе танцуваме, како и околу тоа да се направи кореографија која ќе биде подеднакво интересна и впечатлива и за судиите и за гледачите. Инаку, најлесен момент беше претставувањето на кореографијата на сцената, зашто танцувањето е вистинско уживање, мелем за душата и срцето. Секој момент што го преживеав во текот на оваа шоу за мене беше посебен. Адреналинот, возбудата и енергијата која ја чувствував додека се борев на татамите сега ги чувствував на танцовиот подиум и очигледно дека многу ми недостасувало сето тоа.



Дали претходно си танцувала?

Никогаш, иако како малечка имав голема желба за тоа.

Кој танц ти беше посебен предизвик за да го совладаш?

Не можам да направам разлика меѓу танците во однос на тежината на нивно совладување. Едноставно, за мене сите ми беа предизвик да ги научам и подеднакво време потрошив за секој од нив. Дури и до крајот на шоуто јас немав фаворит меѓу танците. Сите танци ми беа подеднакво убави и подеднакво уживав во секој од нив додека ги совладував.

Сигурно спортската кариера и успесите ти помогнаа да победиш, зашто има многубројни поддржувачи меѓу публиката?

Не верувам дека мојата претходна спортска кариера влијаеше на гледачите за да не подржат. Напротив, мислам дека со нашите танцови презентации во текот на целата сезона успеавме да ја придобиеме поголемата поддршка на публиката.

Бидејќи не си мажена, со кој танц и која песна би ја отворила твојата свадбена свеченост?

Дефинитивно со англиски валцер. Тој е нежен и романтичен танц кој мислам дека најмногу би соодветствувал за таа пригода. А, за песната и за кореографијата ќе му оставам на Даниел да одлучи за тоа, хаха.

Полесно е да танцуваш или да се бориш на татамите?

И двете работи за мене беа подеднакво лесни, а и подеднакво тешки. Лесни заради тоа што ги работев со голема љубов и посветеност, а тешки заради тоа што е потребно напорно да се тренира за да станеш одличен танчар или борец.



Што е со кариерата, каратето, планови?

Минатата година ја прекинав својата спортска кариера и продолжив како тренер во карате клубот во кој тренирав, односно во Макпетрол. Како спортист успеав да постигнам сè што посакувам и сметав дека е време да се посветам на магистерските студии кои ги запоставив поради многуте спортски ангажмани. Сега ми остана да го завршам магистерскиот труд и имам план сум да најдам работа со која ќе можам да напредувам и да се докажувам во сосема поинакво светло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...