отец Игор Калпаковски

Велигден ја празнува и слави победата на животот

Празниците во православната црква се празнуваат на специфичен начин

Велигден е празник со кој се слави воскресението Христово. Затоа, има централно место и е најважен настан во учењето и во животот на светата Црква. Христовата победа над смртта е победа којашто Синот Божји ја извојува за целокупното човештво и за сиот свет. Затоа, овој ден треба да се слави и одбележува, исто како што се слави повторното и повторно раѓање на животот. Во пресрет на Велигден ИДИВИДИ ја посети црквата Цв. Петка во Скопје каде разговараше со oтец Игор Калпаковски.

Какво е значењето на Велигден?

Воскресението Христово е настан кој му дава смисла на создавањето на овој свет. Велигден е празник над празниците, центар на православната вера. Со доаѓањето на Велигден, се празнува победата на животот над смртта. Велигден и празниците поврзани со него се подвижни, т.е. секоја година паѓаат на различен датум.

Пред одбележувањето на најголемиот христијански празник, претходи четириесетдневен пост. Постот претходи на Велигден, но на него се надоврзува последната седмица пред Велигден која се нарекува Страсната седмица. Таа почнува од Лазарева сабота и Цветници, кои се врзани празници. Тие се надоврзуваат еден на друг, па дури се пее еден тропар на двата празника. Овие два празника всушност се влез во Страсната седмица. Таа е издвоена, не се смета и не се третира за дел од постот, иако и во текот на оваа седмица се пости. Постот е поврзан со четириесетдневниот пост на Христос во пустината. Овој број го има и во други конотации, зашто се појавува во многу работи. За верниците, периодот пред празникот претставува патување исполнето со: покајание, прошка, измирување, молитва, пост и учење.

Зошто е важна последната седмица пред Велигден?

Затоа што таа е подготовка за дочекување на главниот празник, на Велигден. Последната седмица пред Велигден е специфична и е страдална седмица и затоа се нарекува Страсна или страдална седмица. Таа е засебна и поради фактот што тогаш се интензивираат службите во православните цркви. Тогаш се служат служби во кои се чита целото евангелие. Во четврток се читаат 12-те евангелија за страдањата Христови и се поминува сето она што во тоа време го поминал Христос во Ерусалим.

Велики петок има огромно значење во пресрет на прославата на Велигден.

Точно така. Велики петок не може да се третира како издвоен настан, зашто е дел од Страсната седмица и од целокупното учење. Уште во Стариот завет, за Христос е пророкувано неговото раѓање, влегувањето во Ерусалим, седнат на магаренце, а не на коњ како триумфален крал или цар. Влегува како обичен човек, но го дочекуваат како спасител. На Велики петок се покажува другата страна на учењето, поради која Евреите не го прифаќаат Христос како Месија. Тој во Ерусалим доаѓа како смирен човек да пострада за луѓето, а не како ослободител да речам од телесно ропство, зашто во тоа време таму владееле Римјаните. Конечно, Велики петок е ден кога под крстот на Христос останале само апостол Јован, Богородица и уште неколку жени. Тоа го сториле мотивирани од љубовта кон Христос, отколку од разбирањето за какво царство станува збор(иако за тоа тој постојано зборувал). Петокот е вриеж, јадро на случувањата кои треба да кулминираат со доаѓањето на Велигден. Велики петок е ден кога се исполнува сè по што следува оплакувањето и период на тридневен молк. На овој ден се прави служба на оплакувањето која е најспецифична, зашто е иста како што правеле Богородица и апостолите во тоа време над неговиот грoб. Од моментот на оплакување следува период на исчекување на воскресението.

Што следува во сабота?

Се служи литургија која е специфична по тоа што се читаат паримии, односно делови од Стариот завет, места каде се зборува за пророштвата за Христос.

Со означување на Христовото воскресение, значајно е да се напомене дека оние кои постеле треба да се причестат. Зошто?

Празниците во православната црква се празнуваат на специфичен начин. Се препорачува активно учество на оние кои празнуваат во самите настани. Тоа е надоврзување, продлабочување и проширување на еврејската традиција. Но, во основа станува збор за фактот дека ние не сме само спектатори (гледачи) на настаните, туку важно е и учеството во службите. Затоа е важна подготовката со личен подвиг во постот и во молитвите. Не е доволно човек само да е гледач и да слушне и види и да го нахрани умот дека тоа така се случувало, туку тоа треба психо-физички и духовно да го почувствува на некој начин. Целта на Христовото доаѓање на Земјата е да може човека да го издигне на небото. Местото или настанот каде тоа се случува е причестувањето или влегувањето во реална мистична заедница со Бога. Причестувањето најсоодветно е да се прави на бдението вечерно, откако ќе се објави дека е полноќ, 12 часот и откако ќе се заврти три пати околу црквата. Луѓето тогаш влегуваат во црквата и почнува велигденската богослужба-литургија која трае околу час и половина. Некои луѓе кои не можат да издржат се причестуваат на саботната литургија, а некои на утринската литургија.



Црвеното јајце е симбол на празнувањето на Велигден. Дали бојадисувањето јајца во други бои е соодветен чин?

Црвеното јајце на Велигден е основен и вообичаен симбол кој може да се толкува на разни начини. Се разбира дека е соодветно да се бојадисуваат јајца во разни бои, на што особено се радуваат децата. Боењето и украсувањето на јајцата е одраз на личната креативност, внимание и љубов.

На Велигден се поздравуваме со поздравот „Христос воскресе!”, а возвраќаме со поздравот „Навистина воскресна!”.

Да, и овие поздрави се протегаат се до Спасовден и тоа е период на славење. Првата седмица по Велигден, до Томината недела, се нарекува Светла седмица. Специфична е по тоа што според празнувањата е најсветиот период во годината. Особено е изразена радоста заради воскресението Христово. Тогаш и службите во црквата се специфични и најчесто се пее тропар на воскресението Христово. Инаку, тропар е кратка песничка која го сумира значењето на празникот и постои тропар за секој ден и за секој празник.

Во пресрет на утрешниот, најголем христијански празник Велигден, во името на ИДИВИДИ, сакам да ви го честитам и да ви посакам здравје, спокој и многу, многу радосни моменти во животот! „Христос воскресе!” „Навистина воскресе!” и за многу години да се слави Велигден со спокој во душата и радост на лицата!

И.Н



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...