Кончита Вурст

Во мојата школка се крие брадест колбас

Како личност сум многу издржлив и трпелив

Контроверзен или традиционален? Омилен или омразен? Маж или жена?...Ова се само дел од дилемите кои акредитираните новинари на годинашново, 59-то издание на изборот за Песна на Евровизија во Копенхаген бараа да ги разрешат при секој контакт со победникот, Кончита Вурст. Тој е новата „Queen Europa” и победи со 290 поени (четврт најдобар збир на бодови на Евровизија) кој никогаш и никаде не поминува незабележан. Во тој контекст започна прес конференцијата,30-тина минути по повторното интерпретирање на победничката песна „Rise like a phoenix” (Издигни се како феникс).

Како се чувствувате по победата?

Фантастично! Ова е момент кој многу долго го чекав, момент во кој верував дека ќе се случи. Да се настапува на Евровизија за мене е како враќање дома.

Како да ви се обраќам, како на жена или како на маж?

Хаха. Може едноставно да ми се обраќате и да ме викате Darlin (Драг,а). Моето име е Том Нојвирт, јас сум маж, но на сцена сум дама, Кончита Вурст. Тоа е моето алтер его, мое уметничко име.

Кој ви го даде името?

Многу интересно прашање. Името Кончита ми го предложи една моја пријателка од Куба. Не знаев дека на шпански Кончита значи мала школка, школкичка. Е сега, зошто школкичка? Затоа што интимната зона кај секоја жена се вика школкичка го дава одговорот на вашето прашање, хаха. Вурст веќе сите знаат дека на германски значи колбас и тоа го додадов за да има баланс, никој да не се чувствува навреден или дискриминиран.



Очекувавте ли дека ќе победите?

Искрено, не. Но, очекував дека ќе оставам впечаток и дека сите ќе ме забележат. Сега откога победив, оваа победа им ја посветам на сите кои веруваат и кои сакаат да живеат во свет полн со мир, слобода, толеранција. Надворешно, секој од нас е различен, но внатрешно, сите сме луѓе.

Кој прв ви честита на победата?

Мојот тим, сите учесници, родителите и Удо Јурген, првиот победник за Австрија на Евровизија во 1966 година со „Merci Cherry”. Добив честитки од многу обожаватели, ме информираа дека на Twitter имале над 5 милиони твитови, меѓу другите и на: Елтон Џон, Шер, Лејди Гага и Роби Вилијамс



Колку сте задоволни од организацијата и атмосферата во B&W Hallerne?

Премногу. Се беше фантастично и волшебно. Уште на првата техничка проба кога излегов на сцената и кога три пати ја отпеав песната, имаше реакции и аплаузи за мојот настап и за песната.

Сметате ли дека луѓето повеќе беа концентрирани на изгледот отколку на песната?

Не би рекла така. Музиката е мој живот. Јас живеам за тоа да бидам на сцена, да пеам и да предизвикувам емоции и чувствава кај луѓето. Мојот изглед само ја надополнува сликата за мене како личност и пораките кои ги упатувам преку песните.

Кој го креираше вашиот фустан со кој настапивте?

Тој е моја креација. Знаете, уште како мал се интересирав за музика и мода. Уште на 14-годишна возраст посетував училиште за мода во Грац. Знаев со часови да бидам сам дома и да земам парчиња облека од мајка ми. Потекнувам од многу мало село Бад Митерндорф, во Јужна Австрија и откривањето на мојот афинитет и сексуална определба не беше ни малку лесно. Релативно млад го открив тоа кај себе и за тоа придонесе еден другар од училиштето кој беше геј.

Како понатаму течеше вашата кариера?

Бев дел од машки бенд Jetzt anders (Сега нешто поинаку), а од 2011 ја започнв својата соло кариера. Настапував во талент шоуто Die grosse Chance (Големата шанса), каде ја пеев „My heart will go on”, од мојата омилена пејачка Селин Дион. Пред две години на австрискиот избор за Песна на Евровизија го освоив второто место со песната „That’s what I Am” (Тоа е што сум). Од денешна перспектива добро е што не патував за Баку, зашто ако тоа се случеше немаше да се случи оваа победа во Копенхаген.

Во колкава мерка влијаеја негативните коментари во однос на вашиот изглед и личност?

Тие коментари немаа никакво влијание и всушност никој не може да има влијание врз мене. Како личност сум многу издржлив и трпелив и имам поддршка од моите родители за сè што правам. Тоа е најважно. Свесен сум дека има луѓе кои ме сакаат и ме мразат и тоа нема врска со држави или граници. Работите не може да се генерализираат. И во Австрија имам поддржувачи и луѓе на кои не сум им омилен.

Што после Евровизија?

Сакам да се одморам и по една недела да ме прашате како се чувствувам, хаха! Планирам интензивно да снимам нови песни и да го издадам мојот прв албум. Музиката е во мене и имам многу идеи. Ќе ви откријам дека со шпанската претставничка Рут Лоренцо и со Сузи од Португалија планираме да снимиме заедничка песна. Ние сме трите диви од оваа Евровизија и затоа сакаме тоа да остане запаметено.

Која е пораката до вашите обожаватели?

На сите сакам да им порачам дека доколку сакаат нешто да направат, мора силно да веруваат во тоа. Јас верував и живеев за овој момент. Тука не застанувам, продолжувам понатаму. Пред мене имам големи цели кои знам дека ќе ги остварам. Дека ништо не е случајно доказ е и фактот дека јас на втората полуфинална вечер настапив под реден број 6, а во финалната вечер како 11-ти. 6.11. е датумот на мојот роденден, а годината 1988 е година кога на Евровизија победи Селин Дион. Гледате дека ништо не е случајно, напротив!

И.Н



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...