Марија Стефанова-психолог, психотерапевт

Вистински одбрана професија-клуч за задоволна и реализирана личност

Сите средношколци потребно е да го поминат процесот на советување за професионална ориентација

Општеството во кое живееме се менува со огромна брзина. Затоа, не треба да престанеме да се менуваме и да бараме нови можности за професионално остварување на сопствените потенцијали, зашто вистински одбрана професија значи задоволна и реализирана личност. За да им помогнеме пред сè на младите луѓе, ИДИВИДИ разговараше со Марија Стефанова, психолог, психотерапевт во Терапевтски центар „Еквилибриум”.

Што значи професионалната ориентација за еден човек?

Во периодот на адолесценција младиот човек е во потрага по себе, експериментира и испробува најразлични улоги, одлучува за иднината и се гледа себе си за некое време како професионална личност. Во овој период од животот се донесуваат клучните животни одлуки. Една од нив е и изборот на професија. Најпрво, избор на средно училиште, потоа избор на студии, па вработување, сегменти кои го трасираат патот кон реализирање на професионалниот идентитет. Професионалната ориентација е стручно советување кое го извршува психолог, а се однесува на избор на професија која е во склад со психофизичките особини и интереси на одредена личност. Вистински одбрана професија е предуслов за професионална продуктивност и задоволство на личноста. За таа цел потребно е правилно насочување на индивидуите за нивниот професионален избор.

Од психолошки аспект, која возраст е најсоодветна за одбирање на соодветна професија?

Во зависност од личноста, професионалните интереси се појавуваат и покажуваат на различна возраст. Кај некои деца, очигледен е интересот за одредена област уште од најрана возраст, кај други, тоа не е случај. Затоа е потребно e следење на учениците во однос на нивните интереси уште додека се во основно училиште. Професионалната ориентација е потребна и при избор на средно училиште, значи веќе од 14, 15 години, па натаму. Но, пред крајот на завршување на средното училиште, би рекла, таа е неопходна.

На кој начин се бира професија, постои ли правило?

Во мојата пракса, често се случува да доаѓаат ученици кои под влијание на родителите или нивните врсници, размислуваат или одлучуваат да ја изберат сугерираната професија. Се случува да дојдат и студенти, кои избрале да студираат на опишаниов начин, па се незадоволни од изборот на студии. Затоа, за да се спречи губење на време, труд и енергија потрошена на погрешно место при направен погрешен избор, советуваме сите средношколци да го поминат процесот на советување за професионална ориентација. Тоа е добро дури и за оние кои се сигурни во изборот. На овој начин, само ќе го потврдат изборот и ќе бидат уверени во тоа дека избраната професија е во склад со нивните потенцијали. А за оние кои се во дилема, професионалната ориентација многу ќе помогне во кристализација на нивните интереси, желби и потенцијали.

Со оглед на времето во кое живееме, дали е посоодветно млад човек да избере професија која не толку ја сака, а е добро платена или пак професија која целосно го исполнува и која однапред знае дека не е толку добро платена?

Најчестата грешка која ја прават младите, се однесува на избор на најперспективна или најбарана професија. Можеби, токму таа професија не е правиот избор за нив. А да се работи на погрешно избрана професија значи дека личноста однапред одлучува дека прифаќа да прави нешто што не го сака, не ја интересира и не и „лежи“. Во такви услови, сигурно дека ќе недостасува професионална реализација, која е неизоставен дел од реализација на личноста. Но, во ова време се почести се примерите на успешни луѓе кои имаат големи постигнувања во професија која не им е основна, која не ја студирале, но имаат високо развиената флексибилност и снаодливост. Познавањето на сопствените интереси е клучно за да можеме да бидеме флексибилни. Така, индивидуата многу лесно може да се пронајде во друга професија. Општеството тоа го бара од нас.

Од ваш агол, кои професии денес се најбарани, најпосакувани и кои вие ги препорачувате?

При советување за избор на професија како и при давање на препорака, јас имам индивидуален пристап. Тоа значи дека секоја препорака се однесува на комбинацијата на интересите како и потенцијалите во склад со цртите на индивидуата која прави избор. Затоа, во вакви улови, не станува збор за најпосакувана или најбарана професија, туку само за професија која е вистински избор на индивидуата според преференците и потенцијалите.

Многу често луѓе работат професија за која не учеле, т.е. за неа учат од пракса. Колку е тоа добро, т.е. лошо?

Различните општествени околности влијаат на професионалниот избор, тие се неизоставен фактор во определбата на индивидуата. Во ова време на брзи општествени промени и потреба од огромна адаптација на условите, често се јавува потреба од менување на професија. Па така, многу луѓе го работат она за што не учеле, но тоа не значи дека нема да бидат успешни во тоа, посебно ако новата професија е избрана според сопствените интереси. Луѓето, често имаат голем број на интереси, па така не е чудно да се пронајдат во професија за која на студирале.

Каде е тука професионалната преориентација?

Во такви услови, професионалната преориентација може многу да помогне. Во тој процес, личноста ги освестува или пронаоѓа сопствените интереси, тестира или испитува на кој начин тие во одредена професионална област би можеле да дојдат до израз. Не е исто кога ќе се занимавате со одредена професија индивидуално или како дел од тимот. Тоа зависи од Вашите предиспозиции, т.е лични карактеристики.

Често, луѓето се дел од еден тим, но едвај чекаат да го напуштат тимот за да ја изнајдат најкреативната идеја или решение на ситуацијата, или пак обратно, работат индивидуална работа, иако подобро функционираат кога се во тим. Сето тоа е многу важно да се знае кога избираме или менуваме професија, зашто само така можеме да бидеме флексибилни и да се прилагодиме на општествените промени, а при тоа да бидеме продуктивни и со задоволство да ја извршуваме работата.

Каква иднина очекувате за професионалната ориентација и преориентација?

Ме радува фактот дека луѓето се повеќе стануваат свени за значењето на професионалната ориентација, па така има се поголем интерес за оваа област. Ја увидуваат ползата од неа и се многу задоволни после завршување на советувањето, т.е насочувањето. Затоа, мислам дека има тренд на зголемување на бројот на оние кои професионалната ориентација ја гледаат како олеснување и потреба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...