Во Скопје ќе биде најголемиот концерт во мојата кариера

Македонците се музикални, искрени и гостопримливи

Ивана Витановска / Бојан Бошковски

Еден од најпознатите кантавтори, продуценти и изведувачи на српска музика, маестралниот Жељко Јоксимовиќ, подготвува спектакуларен концерт на стадионот „Филип Втори“ на 21 јуни. Како што сподели со нас, ова ќе биде еден од најголемите концерти во неговата кариера. Тој, а воедно и неговите фанови со нетрпение го очекуваат концертот.

Во разговор, ни откри неколку детали од подготвувањето на концертот, но и од неговиот приватен живот.

Утрово се разбудивте во Скопје. Што ви падна прво на памет?

Во Скопје се разбудив со мислата само да не врне денеска. Како се ближи концертот така се повеќе сум загрижен за времето. Се надевам дека на 21-ви јуни нема да врне.

Се ближи вашиот концерт, што може да очекуваме?

Тоа ќе биде огромен концерт, најверојатно најголемиот концерт во мојата кариера. Станува збор за најангажиран концерт во однос на тоа колку посетители ќе дојдат и колку карти ќе се продадат. Ги земавме во предвид сите околности, кои во последно време се актуелни во нашите животи и држави. Поради тоа цените на картите ги направивме достапни за сите, секој да може да дојде, да се опушти и да ужива на овој прекрасен стадион. Ќе се потрудам сите да ја почувствуваат големата количина на позитивна енергија.

Дали концертот ќе биде сличен како тој во Турција, каде што го претставивте проектот „Балкан Базар“?

Да, подготвивме еден дел од тој проект. Пред околу 4 или 5 години, во арената „Борис Трајковски“ изведов еден дел кога свирев на хармоника, но она што го претставив во Истанбул, на 14-ти февруари, беше нешто сосема поразлично, вистински „Балкан Базар“. Тоа е една интересна форма која нема голема поврзаност со моите концерти на кои преовладува популарната музика и наскоро ќе ја објавиме.

Освен Даниел Кајмакоски, кој друг ќе биде ваш гостин?

Гостите се луѓе кои можат да дојдат, доколку се слободни, без никакви специјални најавувања. Едно е сигурно во Скопје ќе биде најголемиот концерт во мојата кариера, па ќе се потрудам се да биде одлично и да дојдат моите драги луѓе.

Многу пати сте правеле концерти во Македонија. Што е она што најмногу ве фасцинира кај македонската публика?

Музикалноста, искреноста и гостопримството.

Дали имате некое омилено место кое редовно го посетувате кога доаѓате кај нас?

Има, во Македонија имам многу ритуали и многу пријатели. Врзан сум за многу места, се гледам со многу пријатели, од Скопје па се до Охрид... едноставно често доаѓам во Македонија.

Кое е најоддалеченото место на Земјата каде што сте имале концерт?

Не би можел сега да издвојам, но знам дека концертот што следува на стадион ќе биде нешто специјално, спектакуларно, најголемо во мојата кариера. Особено по организацијата и продукцијата.

Песната со Даниел Кајмакоски „Скопје-Београд“, веднаш почна да се врти по радијата и интернетот и брзо стана голем хит. Дали може да очекуваме соработка и со Маид?

Песната со Даниел е одлично прифатена, со задоволство би соработувал и со Маид. Тој е еден прекрасен човек и интерпретатор, но би било убаво доколку би соработувал и со останатите учесници на X-Factor.

Која ви е најинтересната случка која ви се случила за време на снимањето на X-Factor?

Имаше доста и видовте скоро се!

Дали би ја репризирале улогата на судија во реалното шоу?

Не, не би прифатил повторно да сум дел од X-Factor.

Пред извесно време добивте новороденче. Колку ви се смени животот со Коста?

Голема е разликата помеѓу ќерката, Мина и син ми, Коста. Огледувањето на Мина ми овозможи големо искуство за татковството, а тоа ми е најомилената, но и најубавата улога во животот.

Што би сакале да им порачате на читателите на ИДИВИДИ?

Луѓе, ценете ја љубовта, бидете живи и здрави. Ценете ги своите блиски и секогаш кога ќе можете да направите нешто малку за некого, тоа ќе биде сосема доволно на некој на кого му е потребно внимание. Бидете поздравени и се гледаме на 21-ви јуни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...