Александра Јуруковска

Кога критикувам препознавам кисели реакции кај критикуваната страна

Би била пресреќна кога моите текстови би ги допреле и „третите“- оние кои воопшто не читаат

Која е последната книга од македонски автор која сте ја прочитале? Дел од Вас сигурно имаат одговор на ова прашање. Но, за оние кои немаат или не може да се сетат, од голема помош ќе им биде книгата „Ткаење на текстот” од Александра Јуруковска. Книгата е во издание на „Силсонс“ од Скопје, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.



Што содржи Вашата прва книга?

„Ткаење на текстот “ е збирка критички текстови за македонски книжевни дела објавувани во периодот од 2008-2013 година. Книгата содржи 41 рецензија за исто толку наслови и два поголеми осврта за книжевната сцена во Македонија во календарските 2010 и 2011 година , објавувани во дневниот весник „Дневник“.

Покрај книги од наградувани и реномирани автори, „Ткаење на текстот” содржи рецензии на дебитантски дела?

Да, Вашата констатација е точна. Меѓу рецензираните наслови има и голем број дебитатнтски дела на млади македонски автори, за кои многу често мојата рецензија е и единствоно видување и оценка дадени досега. Секако, тука има и дела наградени со некои од највисоките домашни и меѓународни награди и признанија: „Роман на годината“, наградата за поезија „Браќа Миладиновци“, наградите за поезија и проза на Друштвото на писателите на Македонија, „Балканика“, како и наградата за литература на Европската унија.

Чија беше идејата рецензиите да се објават на едно место?

Подолго време размислував како на текстовите да им се даде подолг живот надвор од страниците на весникот. На половина пат од мојата идеја и желба се појави издавачот „Силсонс“ и го кажа клучното – АЈДЕ, за што сум им особено благодарна!

Со оглед дека рецензиите на книги се бројат на прстите од една рака, има ли кај нас критична маса, читателска публика за вакви рецензии?

Ако зборуваме за рецензиите и нивната првична, „матична куќа“ - дневниот весник „Дневник“, тогаш секогаш кога ги пишувам размислувам да не ја заборавам „златната средина“ – дека ги читаат и луѓе кои знаат многу за литературата (и најчесто професионално се занимаваат со неа), но и такви кои не се „оптоварени“ со теории, туку едноставно се вљубеници во убавиот пишан збор. Би била пресреќна кога моите текстови би ги допреле и „третите“- оние кои воопшто не читаат, па ќе бидат заинтригирани да прочитаат некое дело за кое давам свое видување. Што се однесува до книгата „Ткаење на текстот“, сметам дека како збирка книжевни текстови, пред се’ ќе допре до оние кои се занимаваат со литературата од повеќе апсекти, и ќе ја читаат луѓе кои и сами пишуваат.

Кога пишувате рецензија дали внимавате на јазикот, изразот да се спуштите на ниво на „обичен” читател или настапувате стручно?

Тоа е и најтешкиот и најголемиот предизвик кога се пишува новинска критика, посебно за дневен весник. Мора да се има на ум дека текстовите се за „широка читателска публика“, а притоа да не се изгуби нужното стручно „тло“ кое критичарот го прави компетентен во она што го кажува. Другиот голем предизвик е да си ја „соберете“ мислата во 40-70 реда колку што се отстапени за ваков тип на текстови и секако да се борите со себе и со сопствената субјективност/објективност.

Тогаш како балансирате, кој Ви помага?

Во сето тоа балансирање од голема помош ми е новинарското искуство и работата во медиумите.

Бидејќи активно ја следите македонската литературна сцена, кој е вашиот став за актуелниве случувања?

Најодговорно тврдам дека имаме одлична книжевност и тоа го мислам токму за делата за кои пишував, односно за она што се случува последните 5-6 години кај нас. Нашата литературна сцена се отвори, се појавија многу нови имиња како во прозата, така и во поезијата и за среќа во квантитетот може да се препознае и квалитет. За тоа говорат и неколкуте релевантни литературни награди, пред се’ меѓународни (Балканика, наградата на ЕУ) за нашите автори, како и нивните претставувања на странски универзитети и големи фестивали. Она што мене ми недостига е постратегиски пласман на делата како пред домашната, така и пред светската јавност и излегување надвор од „пријателските книжевни врски“, односно личните и приватни иницијативи кои не’ затвораат во круг или уште полошо крукчиња.

Кога нешто критикувате, имате ли реакција од критикуваната страна?

Отворено и јавно – не, но ми се случило да препознам неколку кисели реакции кај одредени автори кога ќе се сретнеме или запознаеме и во жив.

Што е основно за една рецензија, да ги препознае мааните или да ги истакне добрите страни на делото?

И тука се борам со „златната средина“ – да се даде подеднаква важност и на негативните и на позитивните аспекти на едно дело, односно да се гледа целината.

Полесно е да рецензирате проза или поезија?

Подеднаква тежина и возбуда во исто време чувствувам и кога пишувам за прозни и за поетски остварувања, затоа што мојата задача е да се про-чита делото посветено и со потребната дистанца.

Според кој критериум одбирате дела за рецензија?

Моментот на актуелност на делото, а често јас давам предлози како и редакцијата на „Дневник.

Која е Вашата препорака за читателите на ИДИВИДИ, која книга од македонски автор најпрво да ја прочитаат?

Уф.... еве почнете со 41-те наслови за кои пишувам во „Ткаење на текстот“...верувам има за сечиј вкус и секоја прилика, па потоа може да го дополниме хаххаха... убаво да се знае современата македонска литература, сите тие автори се наши врсници, сограѓани, современици, заедно шетаме в град, ги среќаваме на улица, во маркет...возбудливо е да се ѕирне во нивниот „внатрешен свет“ нели?


И. Николовски



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...