НЕ Е СÈ ДО РАЗГОЛУВАЊЕТО

Немам почит кон мажите, а тие ме сметаат за секс симбол

Со Марина Перазиќ разговараше Бојан Бошковски

Најпопуларниот електро-поп бенд од 80-те Denis&Denis повторно е заедно и по турнејата во регионот, во недела, на 7-ми декември доаѓаат во Скопје. Песните „Program tvog kompjutora“, „Soba 23“, „Jas sam lazljiva“ се само некои од хитовите на култниот бенд кој тогаш ја дрмаше Југославија.

Со Марина Перазиќ разговараме за повторното обединување на Denis&Denis, за нејзиниот птиватен живот, како и за тоа како е да се биде секс бомба...

Што прави Марина Перезиќ деновиве?

Добра сум, овие неколку денови сум зафатена со подготовките за доаѓањето во Скопје со Denis&Denis. Се чувствувам возбудено дека доаѓаме на Таксират фестивалот. Знам дека тој фестивал доста долго време се случува во Скопје и дека на него настапиле многу познати светски музичари. Инаку исто така се занимавам и со 40-годишнината од постоењето на Bjelo Dugme, кои се мои одлични пријатели, промоцијата на документарен филм и книга во Белград. Очекувам таму да се сретнам со многу познати луѓе и да си поминам убаво. Знам дека ќе свири и Влатко Стефановски на промоцијата, ќе се видам и со него бидејќи одамна не сме се виделе. Сигурно ќе биде весело, а секогаш се трудам и наоѓам причина да бидам среќна и добро расположена.



Дали некогаш сте соработувале со некој македонски изведувач?


Во 1986-та година соработував со Коки Димушевски, кога настапив на Макфест. Инаку досега немам некоја соработка, иако се дружам со некои луѓе од кај вас, како Влатко Стефановски. Јас се оддалечив од сцената и немам сега баш многу контакти, немам ниту пак време за дружење. Не живеам во Белград каде се случуваат многу случувања, живеам во Нови Сад, претходно во Ријека. Едноставно не сум во центарот на збиднувањата, а подобро што е и така, овој помирен живот ми прилега, иако повторно немам време за многу работи.

Веќе кога споменавте, што правите во Нови Сад. Како тече вашето секојдневие?

Јас веќе 4 години живеам во Нови Сад и работам како инструктор за Зумба. Тоа ме исполнува, бидејќи вежбам со жени, девојки, ширам некоја позитивна енергија. Жените треба да сфатат дека доколку тие се среќни и нивното семејство ќе биде среќно. Тие се оние кои треба да шират позитивна енергија и да бидат еден вид на потпора на семејството. Во моментов не размислувам многу за музика, сакам да се надградувам, да учам нови работи, работи кои ме прават и ќе ме прават среќна.

Од каде зумба и зошто. Како вие ја доживувате зумбата.

Зумбата е еден вид на вежбање измешано со играње. Токму тоа и ме привлече. Значи станува збор за играње, вежбање на латино музика. Мене тоа ми е интересно, бидејќи штом има играње и музика, тогаш тоа е вистинска работа за мене. Јас не можам да правам физичка активност доколку во неа нема музика и играње. Во теретана ми е досадно, пилатесот ми е досаден и болен. Не дека зумбата не бара физичка енергија и не се вежба со неа, туку со неа е полесно и не толку болно бидејќи имате музика и едноставно уживате. Со тоа вие го истерувате и стресот, сите околу вас имаат насмевка на лицето, па како и да сте дошле на вежбање вие ќе си заминете расположени. Сите жени околу вас ја исфрлиле таа негативна енергија и имаат насмевка на своите лица. Имам навистина убава работа, иако за инструкторот малку знае да биде напорно бидејќи јас стојам пред сите, го давам максимумот и притоа треба да ги натерам сите да вежбаат. Морам понекогаш да бидам и строга, секако некогаш и да пофалам...

Дали размислувате повторно за соло кариера

Не, јас не сум ориентирана на соло кариера. Сега сум преокупирана со Denis & Denis, додека соло кариерата не ми е ни на памет. Јас уште од почетокот музиката не ја сфатив како примарна работа, туку сакав да ми биде некој вид на хоби. Некој баланс во животот за други работи, па можеби затоа и никогаш не ја сфатив сериозно, ниту пак кога навистина бевме на врвот на популарноста. Животот секогаш ме враќа на почетокот, а јас на публиката сакам да и го пренесам моето животно искуство, поинаку да се поврзам со неа... но сепак тоа не секогаш е можно. Мене музичката кариера ми се случи, одеднаш јас станав пејачка, иако сето тоа го гледав како хоби, повторно ќе повторам. Да, ја сакам музиката, но не се гледам таа да ми биде нешто примарно во животот. Мене ме оптоварува популарноста, јас сакам работа која баш ќе ме оттргне од тоа и ќе ми даде еден вид на уживање. Сепак, животот некако секогаш ме враќа на музиката. Кога требаат финансии, мене животот ме враќа во тој јавен живот. Сакам мојата популарност да ја искористам на друг начин.

Поп-рок ЈУ музиката како никогаш да не излезе од мода. На журки, во ноќен клуб или пак во кафуле, уште знаеме да ги чуеме популарните песни од 80-те години на минатиот век, а меѓу нив се и вашите „Program tvog kompjutera“ и слично.

Да, знам и мене тоа ме радува. Се случува кога ќе дојдат странци кај нас токму тој вид на музика најмногу да им се допаѓа. Тие песни настанаа во време кога атмосферата околу нас беше многу попозитивна, поведра. Едноставно сите ние бевме прилично безгрижни, не се плашевме за својата егзистенција, сите некако имавме пари, не многу, но доволно за еден убав живот. Секој можеше да си ги плати сметките, да си купи за јадење, нешто за по дома, да тргне на страна за одмор, а останатото што ќе остане да го потроши на дружење. Можеби живееме скромно, но беше убаво... патувавме, се дружевме, владееше навистина убава атмосфера во таа Југославија. Креативноста беше голема, а сега, кога човекот е потиштен, кога е оптеретен од секојдневните проблеми, тешко дека може да биде креативен и да напише, да создаде нешто ведро и позитивно. Слободата беше поинаква, особено во 80-те, патувањата не спојуваа, немаше тогаш Македонија, Србија, Хрватска! Тогаш сите патувавме, се дружевме, заедно творевме, се забавувавме. Бендовите во Југославија беа навистина напредни и беа во склад со сите светски случувања. Особено Denis&Denis, јас и Давор работевме по стил кој работеа во Лондон. Давор купи опрема, снимавме на машини какви што снимаа бендовите во Британија. Тој техно-поп во кој ние сме пионери на овие простори настана така. Се се случи сосема спонтано.

Кога сме веќе кај Давор, како настана Denis&Denis?

Техно-попот го донесе Давор. Тој сакаше сам да ги направи матриците, а не со бенд. Кога ќе се собереше со бенд, некој од нив си даваше идеи, ќе сменеше нешто, а Давор не го сакаше тоа. Кога се појавија ритам машинтие и синтизајзерите тој можеше се сам да направи. Се одрече од гитарата и сам ги направи песните, него не му требаше тапанар, или пак некој друг член од бенд. Тој ги имаше своите машини и со нив правеше сè. Демо снимките ги отпеав јас со цел да му помогнам да ги финализира песните, јас разговарав со текстописците со цел да им дадеме дух на работите кои Давор ги направи. Се беше спонтано,  не мислевме што ќе рече публиката и дали тоа ќе го сака. Се што правевме, правевме поради себе и за себе. Успехот не изненади, работевме од љубов, спонтано и искрено, а луѓето го препознаа квалитетот и почнаа да не слушаат, а тоа и нас не изненади. Првиот албум се продаде во 100 илјади примероци, е тоа беше изненадување. Тоа беше голема бројка, посебно бидејќи не вложивме во ништо, ниту маркетиншка кампања и промоции. Првично имавме снимено 20 илјади плочи, се продадоа веднаш, па после 3 недели немаше ништо на пазарот а луѓето бараа. Носачот на звук на албумот беше плочата, за разлика од некои бендови кои снимаа касети, па поради тоа имаше застој. Бевме изненаени од интересот и никој не очекуваше дека ќе продадеме толку многу плочи. Потоа мојата животна судбина потполно се промени, јас дипломирав на Градежен, но тоа не сакав да го работам, бев приморана и поради тоа музиката ми беше еден баланс. Преку ноќ ми се смени животот. Јас не мислев ниту пак планирав да бидам популарна и да бидам ѕвезда. Тоа се случи спонтано, баш како и што се случи и со групата. Потоа веќе немав приватност, слободниот живот го немав, одев на улица и сите одеа по мене. Не е баш пријатно тоа, барем за мене. Некој сака да биде популарен, некои колеги би умреле доколку не бидат во центарот на вниманието. Јас не сакам да се шминкам, не сакам со разголување да привлекувам внимание...

Како беше чувството кога мажите ве доживуваа како секс симбол?

Многу глупаво. Ако имаш 26 години, а си дипломиран инженер веќе две години, одеднаш од никаде стануваш популарна, не беше лесно. Благодарение на Давор излезе првиот албум, па така јас на 26 години одеднаш се стекнав со популарност. и со изјави од типот дека сум секс бомба. Да не излезе дека не ми било убаво, но сепак јас не сум таков човек. Јас никогаш немав план да им се допаѓам на мажите. Јас се извинувам, но немам некоја голема почит кон машкиот пол. Сигурно многу жени ќе се поистоветат со мене.

Зошто баш Denis&Denis, кој го даде името на бендот?

Давор го даде името, а мене ми е многу глупаво самото име. Во тоа време се појави и Duran Duran и си реков, човече зарем си луд. Зошто баш Denis&Denis. Но Давор беше решен, сите демо касети ги напиша со тоа име. Тој во тоа време читаше многу СФ стрипови и од таму го најде и името. Денис е машко и женско име, а ние бевме двајца во бендот, па ете и од каде. Плус имаше и две Денис, па тој го смисли и логото. Си реков во ред, јас му помагам, негова е идејата за музиката па нека биде по негово. Потоа кога престанавме да работиме, тој си го задржа името, што е и нормално.

Како дојде повторно да се спои Denis&Denis?

Тоа повторно беше идеја на Давор, тој беше иницијатор, ме контактираше, а мене тој проект ми се допадна. Тука е уште еден наш пријател, Еди Краљиќ, кој беше и првиот пејач додека Давор ги снимаше демо снимките, но тој замина во војска, а јас тогаш го земав главното место на пејачка и потоа така и си остана. Сега со Давор ги собравме и најдобрите музичари од Ријека со цел да оформиме лајв-бенд, се потрудивме сите да бидат добри луѓе пред се и добро да се сложуваме. Работиме некое време заедно, воопшто не е досадно бидејќи си немаме ставено цел и притисок, едноставно како да сме на екскурзија. Јас сакам да ми се случуваат работите токму така. Првиот концерт по повторното собирање на бендот го имавме во Ријека за Нова Година и си поминавме одлично.

Кога последен пат бевте во Скопје?

Пеев на приватна забава пред две години на еден локален бизнисмен за неговиот 40-ти роденден. Беше тоа интимна забава со неговата фамилија и пријателите. Потоа го прошетав и Скопје, го видов новиот лик на градот, на центарот... Ми се допаѓа тоа што нешто се прави. Мене искрено ми се допаѓаат луѓето и атмосфера. Град си е град, да убав е, но секој град е убав на свој начин. Атмосферата ми е убава, луѓето се пријатни, расположени. Сакам да бидам меѓу такви луѓе, а Македонците се токму такви.

Каква музика слушате по дома?

Можеби ќе ве изненадам, но моето најголемо емоционално доживување е со електронската музика. Сакам да одам на такви забави, ме опушта тој вид на музика. Инаку, сакам да ја слушам и популарната музика, како Бијонсе и слично. Нешто што слуша мојата ќерка, па може тоа да ми се допадне и мене. Сакам да го слушам и Принс и тоа што тој го правеше порано.

Какви ви се плановите за во иднина?

Уфф, стварно не знам. Во моментов живеам од ден за ден, ја чувствувам промената во воздухот, но таа не ми се случила. Барам што да променам, јас немам долгорочни планови, се обидувам, но животот знае да има свои. Не знам што ми носи животот, не знам дали ќе останам во Нови Сад, треба тоа да го одлучам во следните неколку месеци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...