Во 2015 сами остварете го сонот на јаве!

Тековната, 2014  е зад нас. Доколку не успеавте да остварите уште некоја нова амбиција, не очајувајте! Имајте желби, амбиции и волја за нивно остварување! Следуваат нови 365 дена кои се дел од Новата 2015 година кои ви нудат можност за остварување на вашиот сон на јаве. Уживајте во најлудата ноќ и миговите кои се пред вас! Среќна, здрава и успешна Нова 2015 година!

Даниел Кајмакоски, пејач



Годинава што заминува е година што би сакал да ми се повтори. Ми се случија многу незаборавни моменти за кои е најзаслужна мојата публика. Победата на XFactor, изборот за претставник на Македонија на изборот за Песна на Евровизија во Виена следната година и искуството со фестивалот „Златно славејче” се само дел од тие моменти.

За новогодишната ноќ ќе бидам во центарот на Скопје на организираниот дочек со целата моја публика и со моите колеги.

Во Новата година не само за себе, туку и за сите луѓе посакувам здравје, љубов и волја за остварување на сите амбиции.

Ирена Ансарова, правник

Годинава за нијанса беше полоша од претходната. Но, бидејќи нијанси се во прашање, спектарот на убави моменти преовладува и еве што ќе паметам засекогаш: дружење со моите најмили, споделување љубов и верба за подобро утре.

Последниот ден од годинава нема да имам работни обврски. Единствена активност ќе ми биде да имам удобни обувки за да можам да ја остварам целта: да останам насмеана и со насмевка да ја дочекам 2015. Ќе бидам во домашна атмосфера, а по вечерата дружење со најмилите. Каде и колку долго не е мое да му ја мислам, хаха.

Очекувам следната година да биде подобра од 2014, но полоша од сите оние кои следуваат по неа!

Билјана Петровска, пијанистка

Оваа 2014 година за мене беше исполнета со многу случувања и настани: Kонцерти со моите колеги и ученици, патувања со моите ученици на натпревари. Во оваа година уживав во секој момент на свадбената церемонија и веселба на мојата братучетка Цеце и на мојата колешка, виолинистката Милена. Би можела да го издвојам и моето патување и двонеделниот престој во Италија во преубавиот град Милано како настан кој за мене ја одбележа 2014 година.

На 31.12.2104. како и секоја година, било каде со моите пријатели...Се уште сме без конкретен договор, но најверојатно во домашна атмосфера. Се надевам дека 2015 година на сите ќе ни донесе мирни и спокојно денови. Да се радуваме и уживаме во тоа што го имаме, а да имаме многу здравје, среќа, љубов, финансиски добивки и разбирање.

Се надевам дека 2015 година ќе ми донесе многу концерти и настапи.

Владимир Аљоков, архитект



Годината ќе ја паметам по фактот што мојот син Максим наполни една, а ќерката Анастасија две години. Ќе ја паметам по прекрасните сончеви денови кои ги имавме во изобилие и кои дополнително не расположуваa. Ќе ја паметам и по многуте успешно завршени проекти и по Зимската олимпијада во Сочи и по немилите настани кои се случија во Украина.

На 31.12. ќе бидам во домашна атмосфера со фамилијата и со блиски пријатели покрај богата маса, убава музика и позитивна атмосфера.

Во 2015 година сакам здравје, мир и љубов за сите! Среќна нова година од Полтава, Украина!

Славица Ивиќ Стоилковска, моден дизајнер и креатор

Годинава воопшто не ми беше досадна, напротив! Динамика на годината и дадоа многу случувања во мојот живот. Новите креации, успешни претставувања на неколку настани и потребата да ги задоволам и најпребирливите вкусови направија да ја доведам мојата креативност до уште повисоко ниво. Секако, тука не застанувам и продолжувам во нов креативен поход. Во глобална смисла, за мене главни настани беа свеченото отворање и затворање на Зимските олимписки игри во Сочи и модните недели во Париз и Милано.

Новата 2015 година ќе ја дочекам во домашна атмосфера со мојата фамилија и со моите најблиски пријатели.

И во Новата година сакам да сакам, сакам да ме сакаат и од сета љубов да се родат само позитивни креативни нешта во сите области на животот.

Тамара, пејачка

Зад мене е прекрасна година, на приватен и професионален план. Ако почнам да набројувам ќе ви го окупирам целиот простор, хаха.

За пречекот на Новата година прво ќе имам настап на плоштадот Сквер пред хотел Јадран во Скопје. Потоа забавата ќе продолжи со дружба со оние кои најмногу ги сакам.

За 2015 си посакувам да имам само убави моменти кои ќе траат и ќе се паметат. Нека биде повторно радиски хит на годината, награди, видео спотови, здравје, љубов,...

Никола Ефтимов, моден дизајнер

Годинава што изминува беше исклучително напорна. Бев вклучен во неколку обемни проекти, но истовремено, годинава беше во знак на многу решенија за промени, дел од нив веќе се одвиваат. Покрај редовните две сезонски колекции, изработив уште една есен/зима колекција по нарачка од локален дуќан, потпишав две обемни костимографии за премиери во МНТ(„Аферата Елсинор” по текст и во режија на Љубиша Георгиевски и „Сината птица” од Морис Метерлинк, а во режија на Златко Славенски), донесов решение да се растеретам од продажниот дел на моите производи и тоа да го оставам на други, за да можам уште поинтензивно да се фокусирам на дизајнерската работа, но и да можам повторно да се занимавам со моите пасии. Ова беше година и на многу нови контакти. Дел од нив можеби ќе вродат со поорганизирана продажба надвор од нашата земја, но за тоа повеќе кога ќе стане актуелно. Во преговори сум за враќање и на неформалното образование.

После минатогодишната новогодишна забава кај близок пријател, сите пријатели едногласно решивме ваквите прослави на кои се дочекува Новата година и слави неговиот роденден, да станат традиционални. Меѓу гостите се дел од моите најстари пријатели. Среќен сум дека секоја година има по некој за мене нов и инспиративен лик. Друштвото се состои од духовити, умни и креативни луѓе, а верувам дека и оваа година забавата ќе биде тематска. Преубаво е чувството кога на една приватна забава ќе се соберат урбани и шик луѓе од повеќе генерации.

Си посакувам уште поосвестено битисување, денови поминати во љубов кон саканите луѓе, животни и растенија, опкружување што ме прави среќен, многу убава музика, книги и многу креативни творби. Веќе се најавени нови костимографски проекти, на почетокот на годината во план се две нови колекции и уште неколку интересни ангажмани. Другите нешта ќе ги оставам да течат и ќе се радувам на нивната манифестација.

Менче Атанасова Точи-новинар

Годината што измина ќе ја паметам по студентските протести, кои сами по себе преставуваат пресврт. Подолго време не сум се израдувала од срце, но среќна ме направи една интелектуална младина која цврсто зачекори напред и покажа дека знае што сака. Се случи револуција на умот, се разбудија младите. Тоа е всушност историскиот момент, не самите протести. Веќе не се плашам дека немаме млади луѓе со визија и капацитет на кои може да ја оставиме иднината на оваа држава. Тие млади луѓе се ликовите кои ја одбележаа оваа 2014-та година. Тие имаат едно име-Иднина.

Како и секогаш, за новогодишната ноќ не планирам ништо специјално. Веројатно, малку на отворено, малку со пријатели, малку во пријатна празнична атмосфера во нашиот дом. Повеќе сакам да имам убави моменти во годината што доаѓа, отколку да ги потрошам за една ноќ.

Во Новата 2015-та година посакувам само здравје, за себе и моите најблиски. Она што треба да се случи, ќе се случи. Мене ми е доволно едно ново струење во воздухот и да живнам, да ме освежи, да се напојам со енергија. Имам доволно сила да постигнам се, така што не очекувам ништо да ми падне од небото. Сами си го остваруваме сонот, само треба да имаме можност да го сториме тоа. Јас сум скромна во желбите, нели?

Сергеј Варошлија, стилист



Оваа 2014 година дефинитивно ќе ја паметам по најубавото нешто што на секој човек може и би сакал да му се случи...А тоа е само едно нешто...Тоа е силата што не движи сите нас...Крстете ја како сакате!

Новогодишната ноќ ќе ја поминам со најблиските и најсаканите на интимна локација каде ем ќе разговараме ем ќе се забавуваме подалеку од очите на љубопитните.

Секоја Нова година имам големи очекувања! По природа сум оптимист и се надевам на година полна со љубов, здравје, благослови и...и секојдневни моменти на безусловна исполнетост, моменти на среќа кои те остават без воздух!

Рина Меговска Алексиќ, шминкер



Дефинитивно ќе ја паметам по успешно реализираниот Fashion Weekend во Скопје-модна недела помината со многу пријатни личности и со врвни професионалци.

Овој пат се одлучив дочекот да го поминам во домашна атмосфера со луѓето кои најмногу ми значат и се мојата најголема поддршка во сè.

Викаат дека е ера на водолијата и дека токму 2015 е година за докажување. Бидејќи во хороскоп сум водолија нешто интуитивно ми кажува дека токму следната година ќе ми биде една од најуспешните години на професионално и на приватно поле.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...