ШТО КОГА „ВАШИОТ КУМ“ ЌЕ ОТКАЧИ?

Што наопаку може да тргне на една венчавка?

Интервјуто со Џош Гад го овозможи Cineplexx

Помина една година, а анимираниот филм кој освои оскар „Frozen“ стана модерна класика. Било да станува збор за возрасен, или пак за дете, скоро и да не постои човек кој не го погледна филмот кој без сомнение може да се вброи во најдобрите филмови во изминатата деценија. Таму, еден од главните, а секако и најсмешните ликови беше снешкото Олаф. Гласот на Олаф го позајми одличниот холивудски актер, Џош Гад, кој сега повторно е актуелен со комедијата „Кум по нарачка“. Даг Харис (Џош Гад) е симпатичен, но, друштвено асоцијален младоженец со голем проблем: се приближува неговата венчавка, а тој се уште нема кум. Нешто помалку од две недели, колку што му останува до неговата венчавка со девојката од неговите соништа, Даг бара помош од Џими Калахан (Кевин Харт), сопственик и претседател на фирмата „Кум д.о.о.“ - компанија која нуди лажни кумови за венчавање каде што се итно потребни. Она што следува се неверојатни хумористични ситуации додека тие двајца се обидуваат да успеат во својата измама. 

Како дозна за „Кум по нарачка“ (The Wedding Ringer)?

Тоа е сплет на околности. Сценаристот и режисер, Џереми Гарелик излезе дека е пријател на мој добар пријател. Џереми замислувал како би било да не спои мене и Кевин Харт на големото платно. Потоа така и излезе.

Што мислиш за сценариото?

Јас бев неверојатно импресиониран од тоа како додека го читав самото сценарио на цел глас се смеев по дома како „откачен“. Тоа беше хистерија од почеток до крај. Понекогаш сценаријата знаат да бидат навистина смешни, но кога тоа ќе го видите на екранот, целиот филм изгледа некако омекнат и досаден. Со „Кум по нарачка“ не е така!

Дали бевте возбудени да работите со некој толку смешни како што е Кевин Харт?

Желбата да работам со Кевин постоеше веќе долго време, бидејќи тој е неизмерно талентиран и еден од најсмешните живи комичари во моментов. Кога дознав дека и тој е дел од филмот не можев да ја тргнам насмевката од моето лице. На крај се излезе одлично. Ќе го погледнете филмот и ќе видите за што ви зборувам.

Дали верувате дека најдобрата комедија e онаа комедија која е е втемелена во реалноста?

Секако дека да. Тоа што се случува во комедијата треба да има поврзаност со реалноста. Така таа добива дух и луѓето се поврзуваат со неа. Јас неодамна присуствував на стенд-ап шоу на Кевин кој сите шеги ги извлече од реалноста. Сите се смееја, меѓу кои и тој самиот. Кога ќе ги поврзете случките од реалноста со тоа што го гледате или пак слушате, тогаш вие добивате неверојатно добро и смешно искуство. Тоа е целата заднина зад добрите комични филмови.

Даг, вашиот карактер, не може да си најде пријател кој ќе му биде кум на свадбата. Потоа се решава да си изнајми лажен кум (Кевин Харт). Што мислиш за тоа?

Бидејќи постојат луѓе како Даг и во реалниот живот, кои едноставно се префокусирани на работата и ја препуштаат шансата да си пронајдат вистински пријател, мораше да се реши да си изнајми кум. Понекогаш едноставно мора да се направи таков чекор со цел да се реши полесно проблемот. И мене ми беше целата ситуација смешна, но кога ќе ја поврзете со секојдневието, ете доаѓаме до одговорт. Ова и тоа како е реално.

Но, тогаш по вработувањето на Џими Калахан, кој го игра Кевин Харт, ние можеме да видиме нов Даг. Што се случува тогаш?

A. Мислам дека смашната страна на Даг била цело време тука, но тој едноставно немаше шанси да се покаже себеси и често се преправа во нешто што не е. Кога ќе се запознае со ликот на Кевин тој се опушта и дури тогаш публиката сфаќа колку тој всушност е забавен.

Колку е интересен и забавен ликот на Кевин, кој се преправа дека некому е најдобар пријател и кум на свадбата. Дали тој е толку опуштен во своја кожа како што изгледа на филмот?

Интересен е контрастот кој можете да го видите помеѓу Џими и Даг. Токму поради тоа филмот е толку добар. И двајцата всушност се заробени во своите меурчиња кои ги опколуваат нивните тела и живеат во еден свој свет. Сепак, потоа тие се пронаоѓаат себеси. Хемијата која ја има меѓу нив е неверојатна.

И како беше да се работи покрај природно талентиран актер каков што е популарниот Кевин Харт?

Уфф, искрено толку беше освежувачки, само се опуштив и уживав со секој момент. Не можам да опишам како е кога глумиш покрај некого кој цело време те смее тебе, но и сите околу. Сепак, целата екипа на актери беше одлична и сите добро се забавувавме.

Дали беше тешко да ја задржите сериозната фаца додека снимавте?

Тоа беше една од најтешките работи. Неколкупати се случи да снимиме некоја сцена перфектно и јас на крај да ја уништам бидејќи ќе се насмеам...

Вашата идна жена ја игра Кајли Куко, која е позната по својата улога во екстра популарната серија The Big Bang Theory…

Taa e една од најталентираните жени комичари кои сум ги сретнал. Кајли ја сфаќа комедијата, таа едноставно е во нејзините коски. Таа е како млада Лусила Билл. Кајли е причината зошто нејзината ТВ серија е толку многу популарна на телевизија.

Кога ќе го видиме резултатот тешко е да се поверува дека „Куп по нарачка“ е дебитански филм на режисерот Џереми Гарелик

Да знам, тоа е неверојатно. Да можам би го работел секој проект со Џереми. Тој многу добро го проучува сценариото и потоа се оди многу мазно. Тој е перфектниот избор за режисер на ваков филм.

Кога станува збор за вашиот приватен живот, што најдобро знае да те насмее?

Сите типови на комедија знаат добро да ме насмеат, од Чарли Чаплин па до Монти Пајтон. Секако, и луѓето како Кевин Харт. 

Колку се смени вашиот живот после оскаровскиот хит „Frozen“ од минатата година.

Неверојатно многу. Таму го играм снешкото Олаф кој потоа стана огромен хит. Олаф навидум е наивен карактер кој е претерано многу смешен. Тој сака да се гушка со луѓето и некако не го разбира концептот на жештината, сонцето на летото. Тој сонува за лето и сака тоа да го почуватвува. После „Frozen“ се сменија работите на подобро. Јас сум среќен човек што имав можност да бидат токму Олаф во прекрасниот анимиран филм Frozen.



Што е последно добро и интересно што ви се случило?

Хаха, ќе ви раскажам една случка што ми се случи неодамна, а ја раскажав и на ТВ шоуто на Џими Фелон, The Tonight Show. Значи одев по улица во Њујорк и одеднаш ми пријде човек облечен како Олаф. Се фотографиравме и потоа му кажав кој сум, дека всушност гласот на Олаф во Frozen сум токму јас. Човекот чудно ме погледна. Бидејќи видов дека тој ниту знае кој е Олаф, ниту пак го има гледано Frozen, решив да си продолжам по патот. Одеднаш тој ме потчукна по грбот. Застанав мислејќи дека му текна за што зборував, но тој само ми побара 5 долари за фотографијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...