ОЛИВЕР ДРАГОЕВИЌ И ТОШЕ ПРОЕСКИ СЕ ВОНСЕРИСКИ!

Турбо-фолкот, силиконите и вулгарноста се едно големо зло

Со Владо Георгиев разговараше Б.Б.

Владо Георгиев е еден од најинтересни и секако еден од најпопуларните музичари на Балканот, познат по искрените автобиографски песни, карактеристичниот музички вокал и раскошниот поп звук кој многумина се обидуваат да го ископираат во последните 10-на години. Неговите балади се подеднакво омилени на дамите и на мажите, а тој еднакво е одличен и со нешто побрзите ритами, па неговите хитови буквално станаа и летни химни без кои ниту една забава не е комплетна. Некои секако го оспоруваат, но неспоредливо повеќе се оние кои ја ценат неговата работа и го следат од песна во песна и желно го исчекуваат неговиот следен настап. Цврстите ставови и коментарите без влакна на јазикот истовремено го прават идол на фановите и трн во окото на неистомислениците што само допринесува за имиџот на бунтовник и шмекер од стар ков кој го следи од самиот почеток на кариерата. Едно е сигурно – се работи за врвен телентиран текстописец, композитор, аранжер и пејач кој без коментар спаѓа во омилениот машки изведувач на женскиот пол во регионот.

Тој овие денови на кратко престојуваше во Скопје по многу години пауза, а ние успеавме да му украдеме 20-на минути од неговото време со цел да поразговараме за неговиот претстоен концерт во Скопје на 14-ти февруари, кариерата, детството, турбо-фолк музиката, животот...

Какво изгледаше вашето детство во Херцег Нови и какви сеќавања ве врзуваат за вашето родно место?

Имав одлично детство. Тоа е мал град на море, таму сèубаво расте. Морето е нешто незаменливо, има многу поинаков амбиент, сè е некако побавно, луѓето се поинакви, поинаку се храниш, други спортови се во прашање, другарувањето едноставно е поинаку.

Дали од таму  црпите енергија и идеи за сè што правите во животот?

Идеи не, но амбиентот во кој израснав во некој облик ме формираше како човек. Ми фали секако Херцег Нови, таму живеат моите родители, имам секако таму и пријатели. Често знам да помислам на него иако веќе 20 години живеам во Белград. Едноставно сега не можам да го вклопам овој начин на живот и обврските кои ги имам. Со оглед на очајните патишта, таму не е лесно да се стигне. Па така она што ми останува се една или две авионски линии дневно, а не баш убави терминали. Не ми е баш едноставно често да одам во мојот роден крај . Сепак би рекол дека куќата ми е во Белград, а домот во Херцег Нови. Мислам дека луѓето го прават всушност животот и околината.

Вашиот албум Навика излезе во момент кога на Балканов владееше турбо-фолк музиката и луѓето беа во некој транс од тоа. Како тогаш успеавте да се протнете низ сето тоа и да станете популарен со нешто поинакво од тоа што во тој период беше актуелно. Што беше клучно?


Мислам дека клучно беше тоа што јас се решив да го направам тој чекор. Да направам вистинска поп музика без било какви примеси, додворувања и без било какви евтини компромиси. Покрај сето тоа зло, бидејќи тој турбо-фолкот е едно големо зло, мојата музика исплива и луѓето го препознаа доброто. Доброто всушност секогаш го победува злото, само потребно е време.

Вашиот последен албум „Daljina“ излезе во 2013-та. На негово излегување чекавме 10 години, а помеѓу имаше неколку синглови. Што правевте во меѓувреме, зошто беа потребни 10 години за нов албум?

Затоа што сакав јас да почувствувам дека од мене може да излезе токму таа „Daljina“, т.е. да излезе најдоброто од мене. Не е дека јас не работев, напротив бев целосно насочен кон музиката и правев песни. Добра песна никогаш не пропаѓа, па поради тоа имам и песни кои не се најдоа на последниот албум. Овојпат имав навистина голем избор и морав некаде да пресечам.

Што слуша Владо Георгиев по дома. Кои се вашите омилени музичари, ако може да ни ги наброите барем првите три?

Уфф, ова е комплицирано прашање. Секако, на прво место би го ставил Стиви Вондер. Како голем идол и како музичар кој најмногу го сакам од сите. Потоа можам да ви набројувам до утре. Чака Кан, Earth, Wind & Fire...

А која е вашата омилена песна?

И ова е тешко прашање. Ако збориме за онаа која јас сум ја напишал тогаш можеби во овој момент „Daljina“?

Кој е вашиот омилен балкански пејач, или пак група?

Во 80-ти години имаше многу добра музика баш на Балканот. Мене тој период ми беше омилен, имаше добри музички групи и одлични песни. Кога станува збор за пејач, за интерпретатор со вонсериски глас, а не група, тогаш тоа се двајца: Оливер Драгоевиќ и Тоше Проески. Оливер го слушам од мал и за него сум многу поврзан, а Тоше беше феномен.

Од тука доаѓа и прашањето за некоја неостварен дует со некого. Дали имате желба за такво нешто?

Не за сега, бидејќи ако кажам со кого сите останати ќе ми се налутат па потоа ќе треба да се објаснувам.

Што правите во вашето слободно време?

Се дружам, имам многу пријатели, патувам, играм Clash of Titans... Едноставно уживам и секако твитувам. Го обожавам Twitter.

Зошто баш Twitter во време кога имаме еден куп друштвени мрежи. Што ве привлече кај него за секојдневно да го користите?

Затоа што има брза комуникација и притоа е дозволено сè да си кажеш. На тој начин останувам во контакт со своите фанови, ги информирам што правам, како се чувствувам, пишувам за нешто што сум видел, сум направил, или пак само давам коментар или пак мој став за нешто.

Вие бевте жири на едно талент шоу. Дали мислите дека на Балканот има музички таленти?

Има да, како не. Има многу талентирани деца на Балканот Сепак, нормално сега е тешко да излезе на површина квалитетот кога има и голем квантитет кој се дава по телевизиите и по радијата. Сепак, сум оптимист и мислам дека ќе мора да се појави квалитетот на виделина, бидејќи во моментов се е преплавено со турбо-фолк, некоја грозна музика и вулгарна естетика, силикони, старлети... Едноставно ова не е добро.

Што можеме да очекуваме од вас на концертот во „Борис Трајковски“?

Кратко и јасно, од мене најдоброто што се може!

Што е најлудото кое што сте го направиле во животот, на пр. банџиџампинг или пак нешто слично?

Ауу, тоа не е најлудата работа која сум ја направил во животот, бар според мене. Јас сум направил многу луди работи во животот. Како млад бев многу, многу немирен, што би рекле Американците naughty boy. Ќе ни треба цел ден за сè да  ви кажам и сето тоа да го раскажам. Сешто сум правел, бегав како мал од родителите, ме бркаа по Херцег Нови, правев стално некои глупости како дете и како млад.

Кога последен пат бевте во Скопје?

Приватно бев пред неколку месеци. Мене ми се допаѓа Скопје, иако има некои работи кои ме нервираат. На пр. во моментов би издвоил тоа што сите локали, ресторани, кафеана ви затвораат многу рано, во 12 часот. Исто така се нервирам што никаде нема каде да се пуши во кафеана или локал. Сепак стварно ме нервира тоа што мора во 12 или пак во 1 да дојде келнерот и да ви каже дека треба да си заминете. Не гледам тука ништо лошо да може човек да се опушти со добро друштво во некоја добра кафеана. Мислам дека ова на некој начин е полициски час, не би рекол терор. Мислам дека тоа на никој не му оди во прилог.

Кои се вашите планови за во иднина, дали повторно ќе чекаме 10 години за нов албум?

Не, нема да се чекаат 10 години за албум. Дали ќе има сега некој сингл, па албум ќе видиме, но нема публиката да чека толку долго време. Сега во подготовка е ДВД-то од концертот во Белградска Арена кое треба да излезе кон крајот на пролетта, па потоа најверојатно ќе има некој сингл, во меѓувреме ќе снимам два нови спота... Во меѓувреме да се видиме сите во „Борис Трајковски“ на 14-ти февруари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...