Беар Грилс водител на серијалот „На островот со Беар Грилс“

Во соочувањето со фобиите најбитно е да имате поддршка од некој друг

Дали би преживеале доколку се најдеме на пуст остров е прашање кое си го поставуваме отсекогаш. Но, едно е да се прашуваме, а друго е како да се снајдеме доколку тоа навистина ни се случи.



Авантуристот Беар Грилс месец дена ќе остави тринаесет Британци на далечниот и ненаселен пуст остров во Тихиот океан. Тие ќе бидат принудени сами да се снаоѓаат, сами да снимаат, имајќи со себе само облеката која ја носат и некои основни алатки. Навидум рајскиот остров се претвора во вистински пекол кога ќе се оддалечат од плажата. Дали овие тринаесет Британци ќе успеат да преживеат лишени од секаков луксуз и поволности кои ни ги нуди 21 век? Новата сезона на Дискавери каналот кој се емитува на MaxTV и е достапен под реден број започнува на 1-ви март со почеток во 22:00 часот.

Што е Вашата мисија во „На островот со Беар Грилс“ - брејкинг поинт?

Секој од нас има по неколку фобии, она што е различно е нивото на застапеност и интензитет кога ќе се соочиме со проблемот. Во новата сезона имаме учесници кои што имаат огромни фобии, независно дали е од пајаци, височина или пак случајот со една дама која што беше престрашена од дрва. Ова се неколку од екстремните случаи кои ќе ги видите во оваа сезона. Начинот на соочување со фобиите независно од типот е подеднакво ист. Преку постепено изложување во средината која ги плаши им овозможувам да се соочат со нивниот страв, да се навикнат и разберат. Во секој случај преголемиот страв придонел да се изгради голема фобија, но и најмалото објаснување и стекнато знаење ги менува перцепциите на подобро. Ако можам да сумирам, соочувањето со фобијата е микс од споделување на знаење, постепено изложување во средината која предизвикува страв како и совети кои помагаат на секој да согледа дека изложувањето мора да е постепено за да има долгорочна корист. Од моето искуство секој оној кој ќе се соочи со средина која го поттикнува стравот се соочува со емотивна реакција и напад на паника која го тера да побегне. Со тек на времето колку повеќе бега од стравот толку повеќе се храни фобијата и секој нареден напад на паника е со поголем интензитет. Решение на ова е признавањето дека се соочуваме со проблем кој прераснал во фобија, да го разбереме и соочиме со проблемот наредниот пат кога ќе се случи.

Како им помагаш на учесниците да надминат така сериозни фобии?

Едно од најтешките работи со кои се соочува секој е да го надмине она кое што го имаме доста долго. Поголем дел од луѓето имаат фобии кои се резултат на нешто што им се има случено за време на детството. Она што се случува како резултат на непријатните случки ние градиме одбранбени механизми и стекнуваме одбрана цврста како тврд орев кој е тешко да се скрши. Во оваа сезона имав искуство со Нео кој беше преплашен од стаорци. Стравот потекнува од неговата петта година кога ја загубил неговата мајка која боледувала од туберкулоза. Од тогаш Нео има одбивност од нечистотија и болести кои како мало дете ги има гледано и истите ги поврзува со смртта на неговата мајка иако тоа не се причините. Кај него сè се случува потсвесно. За да ги придобиете луѓето да го разберат проблемот, да се соочат и спротивстават е многу тешко. Моето мислење е дека првата работа која која треба да ја разберат луѓето е дека најчесто овие фобии и стравови тлеат кај луѓето долго време и е многу тешко да се ослободат од нив.

Друг случај е оној со Џо кој што беше преплашен од пајаци. Во таа епизода го соочивме со стравот кога го прекривме цел со тарантули чин кој го доживеа многу емоционално и со солзи, но му помогна да почне стравот полека да исчезнува.

За мажите соочувањето може да биде премногу тешко, бидејќи клучен дел преку кој мора да се помине е моментот на признавање дека не може да бидеме силни и храбри ако претходно не сме биле исплашени од нешто и сме поминале преку него. Втора работа е признавањето дека сите имаме недостатоци и целта е да ги отстраниме низ годините колку што е можно повеќе.

На кој начин работиш со учесниците?

Тоа е повеќе од заедничко соочување со фобиите кои ги имаат учесниците. Имав едно искуство со девојка која што имаше страв од дрвја, а ние снимаме во џунгла. Ова е нешто што секогаш ќе биде тешко за соочување, но битно е дека се работи за напредок во мали чекори. Иницијално самото согледување на напредокот ја намалува нејзината вознемирености и и’ овозможува да се чувствува комфорно меѓу проблемот. Секако постојат различни луѓе и искуства како и различни техники за соочување но јас бидејќи не сум обучен тренер за фобии го правам она за кое сметам дека мене ќе ми помогне да ги надминам истите. Луѓето се изненадени кога ќе слушнат дека и јас сум исплашен од одредени работи, но и јас како и секој имам доста фобии со кои се уште се борам. Конкретно и ден денес летањето со падобран е многу тешко за мене уште од моментот кога имав несреќа и го повредив грбот. Искачувањето по планини е се уште проблем за мене иако секојдневно се качувам и скокам од авиони. Животот не бара од нас да бидеме совршени бидејќи никој од нас не е и понекогаш треба да си ги признаеме стравовите кои ги имаме и да се соочиме со нив. Едно нешто за кое сметам дека е многу важно во соочувањето е да имате подршка, односно заедно со некој да се соочувате со вашите стравови. Секогаш кога се подготвувам да скокнам од авион ја чувствувам раката на екипажот на моето рамо како знак на поддршка бидејќи знаат колку е тешко тоа за мене. Ова е всушност причината на Брејкинг поинт. Всушност сè е во поттикнувањето на луѓето кои долго време живеат со фобија да престанат да ја избегнуваат и да се соочиме заедно и поминеме преку тоа.

Снимавте и во Мексико. Какво е твоето искуство од таму?

Мексико е многу забавно место за снимање. Место каде што сум бил во многу наврати, но никогаш во овие густи џунгли и кањони. Едноставно уживавме. Џунглата е многу комплексна, мора целата екипа да работи посветено кога снимаме. Моето искуство можам да го споредам со двајцата учесници кои беа со мене, тие навистина требаше да го вложат сиот свој напор, срце и душа во процесот и им се исплатеше на крајот.



Интересно. Кои се твоите топ три искуства од снимањето во Мексико?

За мене најдобри искуства се оние од последните три епизоди. Прво е она во кое Мајк прекриен со молци насекаде му помогна да се трансформира целосно. Второто е она во тунелот полн со стаорци со Нео. Со овие искуства често се наоѓам во состојба кога треба да се штипнам себеси да се вратам во реалноста дека не ја имам најлудата работа во светот туку дека имам добра среќа за која треба да сум презадоволен. Не знам дали има луѓе кои би помислиле дека тоа е среќа, но во тоа да застанеш до некој како Нео во тој тунел полн со измет од глувци и кал навистина има нешто посебно. Мислам дека посебното се крие во тоа што му помагаш на некој да помине преку својот страв. Конечно за крај, мислам дека последното е можноста да го видиш Реј како излегува од длабочините на водата, нешто кое тој го направи во чест на својот син.

Спомена за искуството на Реј, како би ја сумирал епизодата со водата?

Конечно ја завршивме третата епизода тука во џунглите на Мексико и беше една од потешките кои бараат многу труд. Со луѓе кои имаат хронични трауматични искуства во вода секогаш е тешко да работиш. Но, финалното нешто што го направивме беше заеднички скок од огромна карпа. Поголем број на луѓето од продукцијата на стартот рекоа дека нема шанси да ги натераме луѓето да скокнат во вода, дека тие ќе се потсетат на непријатностите и дека ќе доживеат голема траума. Но, ништо од тоа, мислам дека е прекрасно да видиш како дивината всушност им помага на луѓето.

Снимањето на многу серијали ти овозможи да се стекнеш со огромно искуство за преживување. Дали можеш да споделиш со нас неколку митови во кои луѓето веруваат и како да се преживее?

Секако, најчесто ги споделувам следните три митови кога некој ќе ме праша за моето искуство за преживување во непознатото.

МИТ 1: Ако ви се расипе возилото во пустина, сите мислат дека треба да тргнат во потрага по помош. Тоа не е добра идеја, луѓе умираат поради такви одлуки! Мислејќи дека имаат само неколку километри пешачење до најблиската цивилизација, многу од нив се пронајдени мртви на патот затоа што ги потцениле опасностите кои ги демнат во пустината. Останете таму каде што сте, осигурете се и трпеливо чекајте некој да дојде да ве спаси!

МИТ 2: Луѓето мислат дека водата која тече по планинските потоци е сигурно чиста и безбедна за пиење. Но, во стварност тоа не мора да биде така, иако таа изгледа бистро и чисто може да е загадена од труповите на пцовисани животни кои пловат во неа. Затоа секогаш треба водата да се проврие пред пиење, за да не добиете пролив, мачнина или повраќање.

МИТ 3: Кога некој ќе се изгуби, прво што помислува е дека мора да најде храна за да преживее. Тоа е погрешно! Без храна човек може да издржи со недели, поважно во тој момент е да се најде засолниште и вода, без која не може да се преживее подолго од 3 дена. Храната дури може да го забрза дехидрирањето па затоа приоритет е да се најде сигурен извор на чиста вода за пиење.

Но, сигурно имаш и некоја грешка направена низ годините?

Првата своја почетничка грешка ја направив како осумгодишно момче кога со татко ми останавме заробени во планинска бура. Мислевме дека едноставно и лесно ќе се вратиме тргнувајќи надолу. Но, тоа се покажа како погрешна одлука затоа што беше темно и ништо не можевме да видиме, се движевме во погрешна насока цела ноќ сосема исцрпени и премрзнати. За среќа случајно наидовме на една патека која не доведе до цивилизацијата. Поуката гласи – ако се најдете во бура, никако немојте да се обидувате да се пробивате низ неа, туку пронајдете засолниште додека не се смири времето. Истото важи и за песочна бура. Обично луѓето поради страв и нетрпение со сила сакаат да се пробијат низ бура, што може да заврши фатално.



Дали можеш да се сетиш на грешки кои ги прават учесниците?

Една oд најголемите грешки кои ги прават луѓето е тоа што ги преценуваат силата и способностите. Класичен пример е т.н. summit fever- нетрпение и преголема желба по секоја цена да се искачат на врвот на планината, занемарувајќи ги опасностите и објективните околности кои укажуваат дека тоа не е препорачливо. Иако тие губат премногу време и енергија со сила одат понатаму што може да ги доведе во животна опасност заробени во темната планина. Друга е кога честопати луѓето тргнуваат сами во непознато, без да известат никого за своето заминување и планираното враќање. Дури и при кратки наивни прошетки може да дојде до проблеми, на пример ако некој залута или ја повреди ногата, а притоа никој да не знае за тоа и да не може да го побара. Секогаш, без никаков исклучок, ако одите сами во природа некој мора да знае што планирате затоа што само на тој начин имате шанса за спасување. Уште една кобна грешка која луѓето ја потценуваат е висинската болест која може да биде многу опасна. Колку на поголема надморска височина толку е потешка борбата против дехидрација, висинска болест, студот и ветрот. Било кое дејство што без никаков напор би го направиле во подножјето на планината, станува невозможно на голема надморска височина. Имам видено и доживеано на своја кожа како луѓето ползат и одат на колена во ситуации во кои со леснотија би трчале доколку се наоѓаат на подножјето. Преживувањето ставува многу тешко на големи надморски височини. Меѓутоа, понекогаш ќе морате да ги прекршите сопствените правила и да му верувате на својот инстинкт. Добриот авантурист ќе знае кога тоа смее да го направи, а кога не.

Најдобриот начин да научите како да се преживеете е преку сопственото искуство. Доколку не сте подготвени да го почувствувате на своја кожа, следете го Беар Грилс во серијалот “На островот со Беар Грилс“ на Дискавери Каналот. Новата сезона започнува на 1-ви март со почеток во 22:00 часот.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...