Во 30 години кариера ништо не стекнав преку ноќ

Балканска ѕвезда Ана Бекута веќе три декади ужива во својата најголема љубов, музиката, и важи за една од ретките изведувачи кои зад себе има армија од верни обожаватели кои безрезервно и ја даваат својата подршка.

Македонската публика несомнено ја памети по големиот хит „Стариот џумбушлија“ кој во 91-ва го испеа на Валандово. Песната низ годините прерасна во евергрин, па денес е невозможно да се замисли кафеанска дружба која нема да помине во ритамот на познатите стихови.

Бекута, која годинава го прославува својот 30-ти јубилеј,повторно ќе се најде пред македонската публика благодарение на концертот кој заедно со Шабан Шаулиќ и Саша Матиќ ќе го одржат во арената Борис Трајковски на 14-ти март.За време на својата посета на Скопје ни откри што мисли за квалитетот на денешната музика, како се снаоѓа во улогата на жири во „Zvezde Granda“, а воедно и кон кои од своите песни најмногу е приврзана.

Како се чувствувате непосредно пред големиот концерт во Скопје?

- Одлично, навистина убаво, добивме прекрасен прием. Цел ден сме во Скопје со Шабан Шаулиќ. Саша Матиќ не можеше да ни се придружи поради своите обврски, но ви пренесувам поздрави и од него. Одвај го чекаме и му се радуваме на концертот кој што треба да се случи на 14-ти март.

Оваа година го одбележувате својот 30-ти јубилеј. Три декади на музичката сцена навистина не се малку. Што беше пресудно за успех сите овие години?

- Мислам дека тоа беше моето определување да се занимавам со оваа работа. Така одлучив на 26 години кога го снимив својот прв албум и кога сфатив дека сакам да бидам во оваа професија. Тоа е првата причина, а втората е тоа што многу ја сакам музиката, дружењето со публиката, таа размена на емоции и енергија која не избледеа и исчезна во текот на овие 30 години.

Гледајќи наназад би промениле ли нешто во својот живот?

Ах, за жал тоа е невозможно. Некои нешта можеби би ги променила кога станува збор за приватниот живот. Што се однесува до професијата сè би оставила како што е.

Низ годините испеавте многу хитови кои останаа запаметени кај публиката. Која песна може најмногу ви лежи на срце?

-Секако тоа е онаа прва песна „Ja nisam rodjena da zivim sama“, како и песните „Kralj ponoci“, „Rano moja“. Во мојата кариера имаше многу убави песни. Поради тоа сум мошне среќна и задоволна. Горда сум на себе и на луѓето со кои што соработував. Да не беа тие немаше да бидам ни јас. Горда сум и на својата публика која ме прати. Да не ја имав нејзината поддршка мојата кариера немаше да опстои сите овие години.

Што мислите за квалитетот на денешната музика?

Морам да признам дека квалитетот е видно намален. Тоа е реалноста. Можеби затоа се враќаат многу стари хитови како на пример мојата песна „Imam jedan zivot“ која во последните неколку години се пее како никогаш досега. Не знам како е во Македонија, но во Србија многу се слуша и мојата стара песна „Zavoleh te“. Мислам дека токму поради недостатокот од добри песни, старите хитови повторно се враќаат во мода. Верувам дека ова затишје на музичката сцена ќе помине и дека повторно ќе имаме можност да снимаме убави и квалитетни песни.

Гледачите пред малите екрани имаат можност да ве гледаат како дел од жири комисијата на шоуто „Zvezde Granda“. Како се снаоѓате во оваа улога?

- Па, не знам вие треба да ми го кажете тоа. Јас мислам дека треба да бидам реална, непристрасна и чесна кон тие млади луѓе кои немам навика премногу да ги фалам. Ги држам на дистанца бидејќи сметам дека тоа е добро за нивниот ментален развој и ставот во ова натпреварување. Не треба многу фалење туку постојано треба да бидат под тензија за да го дадат својот максимум.

Со кој од колегите најдобро се согласувате, а со кого најмалку?

- Па видете, по некоја логика би требало горе долу сите добро да се согласуваме. Сепак, кога станува збор за Драган Стојковиќ –Босанац можам да забележам дека имаме многу слично мислење за кандидатите.

Важите за жена која одлично се носи со годините. Како Ана Бекута ја одржува својата убавина?

- Како? Па, немам посебен рецепт. Не е ни до мајката природа. Тоа едноставно е едно задоволство од својата работа, семејството, емотивниот живот, статусот кој го уживам кај публиката. Тоа ме прави задоволна и среќна, опуштена...Ништо од тоа не стекнав преку ноќ. За мене тоа беа 30 години работа во кои заслужив почит кај публиката, а воедно и им ја дадов. Луѓето знаат да го ценат тоа и да го почитуваат...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...