КАКО ДА СЕ БИДЕ УСПЕШЕН НА ДОЛГИ ПАТЕКИ?

Важно е некогаш да си признаеме дека сме ја зае***е работата!

Интервјуто со Нил Блодкемп го овозможи Cineplexx

Нил Бломкамп, кој светот го запозна преку феноменалниот филмски хит District 9, за кој сите познати и ценети филмски критичари од целиот свет рекоа тој е еден од подобрите научно-фантастични филмови во последно време и дека без сомнение ќе биде идна филмска класика.

Интересно е тоа што Нил е познат во Холивуд како еден од ретките луѓе кои што учествува во создавањето на своите проекти, уште од самиот зачеток, што значи од првата скица, па сè до финалното досредување на филмот за премиерата на големото платно. Тој често знае да ни прикаже автентично изграден свет како една можна алтернатива на иднината која следи, па според тоа секој критички осврт даден за неговите дела, неразделно е и критика кон него и неговата работа. Нил Блодкемп чиј последен филм Chappie се прикажува насекаде низ светот, е назначен како новиот режисер на еден од најлегендарните филмски наслови, Allie, чие продолжение треба да започне да се снима наскоро.

Ние имавме можност да поразговараме со Нил и да го прашаме зошто снимањето на Chappie беше „добро и во исто време одвратно“ искуство и дали според него во иднина роботите ќе го уништат човештвото и дали со Alien планира да направи некои работи кои до сега не сме ги виделе.

На почетокот на разговорот ни откри дека не само што сте биле свесни и знаевте дека барате премногу од својот близок пријател, актерот Шарлто Копли, кога му ја понудивте главната улога, роботот Chappie во вашиот нов акционен истоимен трилер, Chappie. Дали тоа беше тешка одлука?  

Нормално дека долго време размислував и на крај се одлучив да седнам со мојот драг пријател Копли и да му соопштам дека токму тој сакам да биде мојот робот, за кој имав идеја уште од моите рани средношколски денови кога се роди љубовта кон манга стилот и научната фантастика. Всушност, Chappie е робот кој по една рација ќе биде оштетен и испратен на рециклирање. Потоа тој со помош на Дион Вилсон (Дев Пател) добива чип со софтвер кој ќе му даде поинаква вештачка интелегенција и секако карактер. Да се игра Chappie не e беше лесно, признавам. Тој не е обичен робот, тој има сопствени чувства и размислување. Неговиот живот, неговата приказна, ќе го промени начинот на кој светот гледа на роботите и луѓето засекогаш.



Ние уживавме додека го гледавме вашето ново дело, Chappie, дали вие уживавте додека го правевте?


Не, тоа беше едно добро и во исто време лошо искуство. Целиот процес излезе дека е доста тежок за да се направи тоа што го имав јас замислено во глава. Поради тоа и немаше некоја забава во сето снимање. Ние снимавме во Јоханезбург и морам да си признам дека таму повеќе не сакам да одам. Не дека градот не ми се допаѓа, туку ќе ме поврзува со Chappie, за кој и сам не знам зошто на крај излезе да биде толку тешко за да се сними. На половина му напишав на финансиерот на филмот „Друже, ова не е лесно“, на што тој ми врати „Држи се до идејата и ќе биде“! На крај и после сè јас го сакам моето дело. Дали го сакам повеќе од District 9, кој ми е омилен филм, не можам да кажам, тоа времето ќе го покаже, но дека Chappie не е добар филм, тоа никако не би можел да го кажам. Уживам кога го гледам, иако правењето беше напорно.

Дали имавте слично искуство кога ги правевте вашите претходни филмови, на пример District 9?

Да, District 9 беше исто така тежок за снимање, но јас имам едно правило. Доколку филмот не е тешко да го направиш, тогаш тој нема да биде толку добар. Ако помислам на филмовите кои ми се допаѓаат тогаш знам дека режисерите поминале низ пекол за да ги направат. Со Chappie пак работата е тоа што не можам со прст да покажам и да кажам ете токму поради ова мојот последен филм беше тежок за снимање.



Ајде малку да зборуваме за работите и виртуелната интелигенција, што мислите за тоа?


Па, имам неколку мислења и сите завршуваат кон тоа дека дури и научниците не знаат баш од каде доаѓа етиката и моралот кај луѓето. Зошто некој е добар, друг не, зошто некој се однесува како што мислиш дека треба, а другиот не. Дали сето тоа во иднина ќе биде преточено кон роботите, не би можел да кажам, но дека тоа што го гледаме во научно-фантастичните филмови може да се случи, може да биде реалност, мислам дека е така.

Неодамна имаш изјавено дека си имал фрустрации и проблеми со Холивуд околу сите договарања и останати работи кои се нормален дел од шоубизнисот. Како се носиш со тоа што твојот најдобар филм во кариерата според сите критичари е District 9, а тоа е твојот прв филм. Потоа дојде Elysium, а сега и Chappie. Дали е тешко да се биде успешен?

Не е, а тоа дека имав некоја фрустрација и нервоза со Elysium е моја работа и најверојатно не било тоа со филмот, туку со мене самиот. Мислам дека сум среќен, барем за фазата од мојата кариера бидејќи не чувствувам некој притисок како што имаат некои други режисери. Не мислам дека мора сите филмови да ми бидат успешни како District 9 и секој ќе мора да ги сака.



Дали мислите дека ја зае**вте работа со Elysium каде играат познати актери како Мет Дејмон и Џоди Фостер?


Да, мислам дека малку.

Што би направиле сега од оваа гледна точка поинаку?

Сега, вака кога помина година ипол мислам дека приказната не беше на вистинската патека. Мислам дека идејата е сатирична, да се има вселенски брод кој личи на прстен исполнет со богати луѓе кој лебди над Земјата.,  Тоа го сакам многу, но некои други работи би ги сменил, особено кај сценариото бидејќи и јас го пишував па нормално е да бидеш самокритичен понекогаш.

Како се чувствуваш сега, како следен режисер на популарната франшиза, Alien?

Навистина сум возбуден, сепак има многу работа пред Alien 5 да пристигне во кино и да можете вие да го погледнете.

Освен тоа што си возбуден, дали има момент од типот „Господе помогни ми“ откако сфати дека си дел од огромна и масивна франшиза со голема фан база?

Не, кај мене постои само возбудата и предизвикот. Во моментов во Холивуд има еден куп франшизи кои не ги сакам, но и такви со кои веднаш би сакал да работам. Alien е еден универзум, еден свет со кој отсекогаш сум сакал да работа. Потоа тука е Batman, го сакам Batman, но откако Нолан го направи она што го направи, не би пробал да правам нешто ново.

Поради тоа не чувствувам притисок со тоа што ќе го правам новиот Alien. Напротив гледам шанса да ги задоволам огромните фанови и се надевам тоа ќе биде така. Јас уживам да правам еден нов свет за секој филм, па поради тоа тој ќе биде различен од сè до сега што сте виделе.

Да се вратиме на пријателството со кое го започнавме интервјуто. Што за вас значи тоа особено во филмската индустрија?

Мислам дека главна улога играат години, особено во филмската индустрија, каде секој брка своја работа, па потребно е повеќе време за да се запознаеш со некого. Убава работа е да работиш со пријател, на кој можеш да му откриен некои свои тајни, да споделите моменти и да креирате нешто знаедно.

Доколку сакате да го погледнете интересниот филм District 9 и да видите зошто тој бил толку тежок за снимање тогаш погледнете го тука репертоарот на Cineplexx и одберете си ден кога ќе одите во кино.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...