Воскресението Христово не е некоја прекрасна легенда тое е самата суштина на христијанството, тоа е победа!

Секоја година радосната вест за Воскресението на Спасителот Господ Исус Христос победоносно се пренесува меѓу верниците, побудувајќи ги да Му воздадат слава и пофалба на Бога, Кој смртта со смрт ја победи, и нѐ направи заедничари на идниот вечен живот.

Подготвувајќи се за овој Празник над празниците и торжество над торжествата, братството на светиот Бигорски манастир, возглавено од нивниот игумен, високопреподобниот архимандрит Партениј, преку богослужбениот ред на православната Црква за оваа Страдална Недела, со посебно духовно чувство и велелепие си спомнува овие дена за искупителниот подвиг на Спасителот на светот, Неговите страдања на Крстот и Неговото погребение во Гробот.

За Бигорското монашко братство и многубројните духовни чеда, Воскресението Христово не е некоја прекрасна легенда, апстрактна теологија или некој празник востановен во далечното минато. Тоа е самата суштина на христијанството, тоа е победа, подарена од Бога.



Вечерта на Велика Сабота спроти Велигден, пред самото свечено прогласување на радосната вест за Воскресението, архимандритот Партениј излегува од олтарот низ светите двери, држејќи во рацете два снопа со по 33 свеќи, запалени со светиот Благодатен оган, кој веќе седма година по ред се очекува да пристигне од далечниот Ерусалим во Бигорски.

Тоа е Оган кој по Божјо чудо самиот се пали секоја година на Велика Сабота во Гробот Христов во Ерусалим. Во 2009 година со заложби на отец Партениј и неговото братство овој Свет Оган за прв пат пристигна и во нашата земја за Велигден, токму во Бигорскиот манастир.



Држејќи двата снопа, разгорени со Благодатниот оган, отец Партениј околу полноќ ги повикува верниците, кои и самите имаат во своите раце восочни свеќи – ламбади, да примат светлост од „невечерната светлина“ на овој голем Ден. После трикратното кружење околу црквата со запалените свеќи, што го симболизира тридневното воскресение на Господ Исус Христос, во продолжение следува радосната велигденска богослужба, која трае до самото утро.

После неа верниците си заминуваат во своите домови, и во светлите денови на пасхалното празнување ја споделуваат таа радост со своите роднини и блиски. Оваа света традиција сведочи за живата вера во Христа Спасителот, како и за тоа дека навистина воскресна Господ.



Христос воскресе!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...